Па јас ти пишав погоре, тој што се криел за мене е дебил.
Друга работа, имам другар Интераш кој кога јас му стегав сеир 2005 и 2006 дека освојуваат само купови ми викаше дека на него купот му е битен а првенство не го интересирало

.
Исто така имам другар кој е за Милан и лани душата ми ја зема кога Милан освои а Јуве заврши седми. Сезонава дојде на мене редот а неговиот одговор беше, цитирам од збор до збор: Абе брат, уште се замараш со фудбал? Јас жена и дете имам за гледање, плата немам земено гледам како ќе истераме до први. Ме боли к*р за фудбал!

Мојот одговор беше: Демек лани редовна плата земаше кога освои Милан

.
Муабетот ми е дека има секакви навивачи на било кој тим. Не можеш така да ги генерализираш навивачите на Јуве а демек другиве се цвеќиња за мирисање.