Дали Грчката криза ќе влијае на грчките фирми во Македонија?

Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
А правењето паметен дали е тролање?

Вистината е дека гејциве ја држат европа за муда, ако ја вратат драхмата ќе им пропаднат кредитите што досега им ги дале. Ако останат со еврото треба да им дадат уште пари за кои јунинистан нема гаранции а ни економија која ќе гарантира враќање на истите!
Европа на било кој начин ќе изгуби пари и тоа многу. Плус им ја тресат вредноста на еврото од 2008 па наваму. Еве денес едно евро е 1,2745$! пред два месеци беше 1,36. Паѓа цената на нафтата. Се ова е под директни импликации од грчката парламентарна криза.

Инаку твојата порака штотуку е окарактеризирана за во ЧДА!
Best regards.
Ацететово
Aj objasni kako i zasto, nerazbiram?
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
САД се 200% па што? Со правилна работа лесно се испливува на површина.

:confused:

не подигнале пари, само им увалија безвредни обврзници со помала камата во замена за долгот, ако мислиш на тоа.

А оригиналното прашање на форумов, рано е да се каже, се ќе зависи од политиката на новата влада, можно е да има позитивно влијание и за македонските фирми. Интересен и неизвесен период мора да се каже.
Сигурен си?
Грчките граѓани почна да ги фаќа паника поради нестабилната економска и политичка ситуација во земјата. Само завчера од деловните банки штедачите повлекле над 700 милиони евра.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=49949
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Слушнав вечерва дека грчката влада подигнала 700милиони од грчките банки, има некој информација околу ова?
Колку за избориве иначе шо ќе праат со 700милиони еура
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Сигурен си?
Грчките граѓани почна да ги фаќа паника поради нестабилната економска и политичка ситуација во земјата. Само завчера од деловните банки штедачите повлекле над 700 милиони евра.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=49949
Da siguren sum.
Grckata vlada ne podignala 700 mill eura od bankite.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Da siguren sum.
Grckata vlada ne podignala 700 mill eura od bankite.
Друже, контрадикторен си самиот на себеси. o_O Горе пишуваш едно, долу пишуваш друго, curb the enthusiasm.
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Aj objasni kako i zasto, nerazbiram?
Па нели ти беше "експертот" со соодветни мислења, како тоа не разбираш?

Затоа што ако ја вратат драхмата долговите ќе им останат во евра, а кога ќе ја вратат старата националната валута уште првиот ден парите ќе им станат безвредна хартија со хипер инфлација. Нешто слично како е во Зимбабве или како што беше во Југославија.
Автоматски грција нема да биде во можност да ги враќа долговите. А борчлија им е на Германски, Фаранцуски и останати европски банки. Овие ако не си ги вратат парите, верижно ќе предизвикаат криза низ цела Европа од кои Португалија и Шпанија ќе го добијат подебелиот крај!
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Што ќе се случи со Стопанска банка која е во грчка сопственост? Ќе пропаднат заштедите на македонските граѓани, па после од буџетот ќе ги враќа државата? Тоа значи пропаѓање и на МК.
Фактички депозитите се пласирани во државни записи и благајнички записи на НБРМ.Најмногу до 10% од капиталот се изложени нашите банки кон нивните матични банки што е премал ризик според мене.Биди сигурен ништо нема да се случи со Стопанска (y)
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Па нели ти беше "експертот" со соодветни мислења, како тоа не разбираш?

Затоа што ако ја вратат драхмата долговите ќе им останат во евра, а кога ќе ја вратат старата националната валута уште првиот ден парите ќе им станат безвредна хартија со хипер инфлација. Нешто слично како е во Зимбабве или како што беше во Југославија.
Автоматски грција нема да биде во можност да ги враќа долговите. А борчлија им е на Германски, Фаранцуски и останати европски банки. Овие ако не си ги вратат парите, верижно ќе предизвикаат криза низ цела Европа од кои Португалија и Шпанија ќе го добијат подебелиот крај!
токму така, е сеа, или нема да се дозволи пропаст на гејциве и повторно на некој начин ќе им се помогне за да можат да исплаќаат полека(и пак нема драхма), или погоре напишаното сценарио ќе се дозволи ако на европа не и е битен кешот туку сосем, сосем нешто друго(ќе има драхма).
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
токму така, е сеа, или нема да се дозволи пропаст на гејциве и повторно на некој начин ќе им се помогне за да можат да исплаќаат полека(и пак нема драхма), или погоре напишаното сценарио ќе се дозволи ако на европа не и е битен кешот туку сосем, сосем нешто друго(ќе има драхма).
Не. Грчкото стопанство е 3% од европскиот БДП. ЕУ да е 100% во загуба од Грција тоа ќе биде околу 4-4,5% од тоа што произведува. Македонија се справува со поголеми загуби.
Европа не зависи од Грција, Грција зависи од Европа.
Проблемот е правната рамка на лисабонскиот договор. Има пропусти. На многу други економии не им одговара заедничка монетарна политика. Ништо не ги спречува да излезат од еврозоната доколку не се најде решение.
Уште една хипотетичка споредба, доколку Грција банкротира и ја врати драхмата, германската државна обврзница ќе се продава со 6 до 7% камата. Ништо страшно за Германија.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Европа не зависи од Грција, Грција зависи од Европа...
тоа е точно, но точно е и тоа дека европа веќе го дијагностицира и локализира канцерот а тоа е грција, сега се бара начин како да се извлече што повеќе од неа, нема сентименталност ниту милост во оваа работа, на никому не му е гајле веќе за грција, само се бара начин сите да си го добијат вложеното таму, ако се врати драхмата, тешко дека некој ќе успее да го стори тоа, ако пак малку стимулираат со помош и ако остане еврото, тоа ќе е можно.освен ако не целат на сосем нешто друго, пример евн или телеком или некои други државни фирми кои тежат милијарди евра(а такви во грција ги има повеќе), тогаш во тој случај ќе дојде пак драхмата и грците ќе бидат принудени да продаваат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Охрид позитивно ја чувствува грчката криза?
Туристите и викенд гостите од Грција последните неколку месеци се почесто ја посетуваат Охридската ривиера. Охриѓани велат дека почнувајќи од новогодишните празници, низ охридската чаршија често се слуша грчкиот јазик, а грците секојдневно можат да се видат низ бутиците, продавниците и рестораните.

- Годинава е забележеително присуството на грците и нив претежно ги има преку викенди. Охрид е интересен за нив зошто нуди се на едно место, значи имаме снабдени продавници, маркети, бутици, така што тука можат да пазарат, а воедно да направат еден убав викенд и да прошетаат, велат трговците од охридската чаршија.


Дека расте бројот на грчки туристи во Охрид, потврдуваат и угостителските работници, кои забележале дека грците, освен во викендите доаѓаат и во работни денови.

- Буквално секој ден во нашата кафетерија имаме гости кои зборуваат на грчки јазик. Претежно доаѓаат во утринските часови, а ги има индивидуално или во групи. Често се натоварени со кеси за пазарување, но дел од нив даоѓаат само туристички,
вели Живко Танески, вработен во кафетерија на охридскиот плоштад.

Охридските туристички работници велат дека не е мал бројот и на грчки туристи кои во Охрид доаѓаат во организирани групи.

- Во текот на предсезоната, односно за време на Велигденските празници имаше голем број туристички групи од Грција, но бројки не можат да се прецизираат, затоа што овие групи доаѓаат преку агенции, кои резервираат во хотелите директно и не соработуваат со туристичките агенции од Охрид
, велат туристичките работници.

Тие очекуваат дека грчките туристи, кои живеат во пограничните региони на Грција, ќе бидат чести гости и во текот на престојната туристичка сезона.

- Основен проблем за привлекување на грчките туристи е лошата патна инфрструктура кон Охрид. Доколку патот од граничниот премин Меџитлија до Охрид е во добра состојба, сметаме дека Грците освен на туристички посети ќе доаѓаат и по други потреби,
велат туристичките работници.

Тие нагласуваат дека грчките гости знаат да ја ценат гостопримливоста и добрата услуга и се добри потрошувачи, така што Охрид треба на најдобар начин да го искористи тоа.

Инаку според информациите кои деновиве ги има во останатите медиуми, поради финансиската криза во Грција, значително опаднал бројот на грчки државјани кои по традиција беа редовни потрошувачи во Битола и Гевгелија.

OhridNews​




18.05.2012 07:00​

Прочитана е : 893 пати​


© 2012 Ohridnews.com​
Не сфаќам како едни медиуми велат дека во Битола, Гевгелија, Дојран, Струмица се намалиле посетите од југ, а во други дека се во пораст (Охрид / Струга).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Više od 120 milijardi evra povučeno je iz dve banke u Belgiji, a među njima je i posrnula Deksia. Oko 90 milijardi povučeno je iz francuskih banaka, koje su bile izuzetno pogođene jer su jako izložene grčkom dugu.

U strahu od širenja krize evrozone iz italijanskih banaka povučeno je oko 30 milijardi evra, a iz španske banke Bankia od prošle nedelje štediše su povukle više od milijardu evra.

Zahvaljujući svojoj poziciji članice Europske unije koja je izvan evrozone, Britanija je postala "Meka" - više od 140 milijarde euvra slilo se samo u četiri velike banke.

http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2012&mm=05&dd=18&nav_id=610538


Требаше во нашиве банки да им се понудеше да си ги чуваат девизите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
"Не влијае", спијте си. "само" 1% :confused: грците ни се пријатели

Дневник: Веро, Окта и Скопска пивара ги префрлаат парите од Македонија во Грција

Грчки компании во Македонија земаат кредит, а парите ги префрлаат во Грција, пишува Дневник. Веро, Окта и Скопска пивара се дел од фирмите кои ги префрлаат парите од Македонија во Грција.
Димитар Богов, гувернерот на НБМ неодамна изјави дека во првите осум месеци од годинава е регистриран неовообичаен одлив на девизи од Македонија и тоа само на една адреса – Грција. Богов рече дека таа сума изнесува 70 милиони евра, или само 1% од БДП на Македонија.
Основата за ова префрлање била кредити од македонски банки, исплата на профит или на дивиденда. Според информациите што ги објавува Дневник, пари од кредити префрлиле Веро (10 милиони евра кредит од Стопанска банка) и Окта (5 милиони евра), а Скопска пивара префрлила средства од сопствената сметка. НБМ не ги потврдува овие информации.
„Регистриран е одлив на капитал во вредност од околу 1% од БДП само кон една земја, што е доказ дека компаниите што работат во земјава ги помагаат своите матични фирми што се соочуваат со криза“, изјави Богов и додаде дека не станува збор за грчките банки што работат во Македонија. Банкарите не се загрижени од овој негативен тренд кај депозитите. Според нив, не се работи за масовно повлекување пари од банките, кое може да се одрази врз вкупната депозитна база. НБМ вели дека вкупните депозити и се зголемуваат како резултат на зголеменото штедење од граѓаните.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Македонија, Албанија и Србија најранливи на грчката криза
До 2009 година вкупните инвестиции на Грција во регионот на Западен Балкан достигнале 12 милијарди евра и оттогаш нема нови инвестиции
Само во 2010 година грчките фирми повлекле 1,3 милијарди евра од земјите од Западен Балкан. Од половината на 2009 година до крајот на 2011, околу 2.000 грчки претпријатија ги преселиле фирмите од регионот во Бугарија. Овие податоци, како што известуваат медиумите од регионот, беа нагласени на меѓународната конференција „Напуштајќи ја чекалницата на Европа – надминување на кризата на проширување на ЕУ со Западен Балкан“, која се одржа викендов во Австрија, во организација на Центарот за студии на Југоисточна Европа при Универзитетот „Карл-Франценс“ во Грац. Притоа, како што оценија учесниците на собирот, Македонија, Албанија, Србија и во помала мера Црна Гора се особено ранливи на грчката криза.

„Грција е меѓу водечките инвеститори и трговски партнери во регионот, а има и значајно учество во банкарскиот сектор на овие земји“, оцени Рица Панајоту од Центарот за планирање и економско истражување од Атина. Една од клучните оцени на конференцијата е дека кризата во Грција влијаеше на економијата и на европската перспектива на државите од Западен Балкан.

„Грчката криза ја намали вербата во проширувањето и го дискредитира целиот регион“, оцени Панајоту, која нагласи дека случувањата во Грција се храна за евроскептиците. Според неа, околу 4.000 грчки компании досега имаат вложено во земјите од регионот, при што помогнале да се отворат околу 200.000 работни места.

Визитинг-професорот на државниот универзитет во Букурешт, Франц-Лотар Алтман, оцени дека до 2009 година вкупните инвестиции на Грција во регионот на Западен Балкан достигнале 12 милијарди евра и оттогаш нема нови инвестиции.

Само во Србија грчките инвестиции се намалиле речиси десет пати, од 336 милиони евра во 2007 година, на 46 милиони во 2008 и 2009 година. Кризата во Грција исто така се одразила на намалување на дознаките, што особено ја погодило Албанија, со оглед на тоа што речиси 600.000 Албанци работат или живеат во Грција, оцениле учесниците на собирот.

Според Панајоту, албанската дијаспора во Грција, во 2009 година испратила 900 милиони евра кон својата матична земја, што било околу 9 отсто од домашниот бруто-производ на Албанија во таа година.

Соработникот на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, Владимир Глигоров, предупреди дека земјите од Западен Балкан ги очекува неколкугодишна стагнација доколку не извршат промени во политиката и моделот на развој. Според него, главни пречки за стопанскиот раст во регионот се високиот јавен долг и буџетскиот дефицит. Голем проблем претставува и високата стапка на невработеност на која според Глигоров повеќето од владите на Балканот се нечувствителни.

„Ако повеќе не можете да се потпрете на странски извори, мора да вложувате самите, што значи дека е неопходно домашното штедење“, истакнал Глигоров, но податоците покажуваат дека штедењето на Балканот е релативно ниско. Тој уште укажал дека во наредните неколку години на Балканот не треба да се очекува нов бран на странски инвестиции од ЕУ, бидејќи земјите од Унијата ќе бидат преокупирани со структурни промени на внатрешен план.

Во почетокот на собирот, во петокот, на конференцијата се обрати и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој истакна дека интеграцијата има силна мобилизирачка моќ и проблемите во ЕУ не треба да се изговор.

Во трите дена на конференцијата учествуваа повеќе од 70 учесници, меѓу кои и лидери од регионот, правници, политиколози, социолози и научници од други области. (М.Ј.)
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=863E1FA65DA71D4B946C526ACC319B49
 

Kajgana Shop

На врв Bottom