LaChupacabraLoca
jedi master
- Член од
- 13 октомври 2011
- Мислења
- 3.531
- Поени од реакции
- 5.063
Правам некои од овие вежби ... ко дел од тежинскиот тренинг и од кардио тренингот. И можам да кажам дека се ептен добри.
Зависи од каде си. Центар,Аеродром,немаш теретана под 1300. Освен во К.вода,ама од Аеродром до К.вода да идам,тешко,во период на школска...А уствари и нема некоја посебна програма само еден куп вежби кои активираат голем дел од скелетните мускули наеднаш, можеш да правиш отприлика за 15 минути ротации од 4 вежби. Ќе си дадеш дека еден круг ќе трае 1 минута, доколку изработиш за 45 секунди, имаш 15 секунди одмор, ако не продолжуваш, а можеби и ќе касниш па ќе мора да надокнадиш во следниот. Ќе правиш 10 круга, на крајот од тие 15 минути си уништен. Уште подобро, да го работиш во пар - така ќе се створи малце позитивна конкуренција = бонус мотивација и подобри резултати.
Секако мора да пазиш со нормирањето на времето, да не биде лесно, туку да можеш да го изработиш со максимален напор (не полесно!).
Неколку пример вежби (гугл): renegade row, push press и слични на нив, ги има милион.
Гуглајте малце и функционален фитнес (functional fitness), многу популарно надвор - не и кај нас.
--- надополнето: 14 мај 2012 во 13:30 ---
Во теретаните во Цените се од 500 па нагоре, не од 1300.
Друже јас сум од Карпош 1, идам у теретана кај Горење во Тафталиџе, така да муабетот пак не ти држи вода.Зависи од каде си. Центар,Аеродром,немаш теретана под 1300. Освен во К.вода,ама од Аеродром до К.вода да идам,тешко,во период на школска...
Што години си ? муабетот ми беше,дека за мене,а и повеќето,во близина ако сакаш да ти е теретаната,за мене ми одговара единствено Аеродром,а таму имаш 1 теретана од 1300 денари,1 од 1500,и Атлета од 2000Друже јас сум од Карпош 1, идам у теретана кај Горење во Тафталиџе, така да муабетот пак не ти држи вода.
Правам некои од овие вежби ... ко дел од тежинскиот тренинг и од кардио тренингот. И можам да кажам дека се ептен добри.
Можно е другар мој да отвори во скоро време, зависи како ќе се снајде со локацијата и да види дали ќе има доволно кеш да ги обезбеди реквизитите,тој беше во Загреб извесен период кај Marino Basiс кој има свој клуб таму и стрикно се бави со ова. Инаку е доста напорно и според мене не е баш за луѓе кои никогаш не мрднале со прст (иако и за такви има опции и полека полека да стекнат кондиција сила и тн тн). Сепак едно мислење од моја гледна точка, во Скопје овие клубови се прескапи сите се преку 2000денари колку што разбрав (како и голем дел од теретаните), за нашиов стандард (иако одреден процент од клиентелата си е со дебел џеб во главниов град). Лично немам одено али според некои програми извесен период дома во домашни услови вежбав нешто слично изгубив доста мускул али добив на издржливост и сила.Ај да ја живнам темава малце. Со оглед на тоа дека се отворија повеќе кросфит клубови, искуства, импресии? Бил некој? Другар? Во последно време повеќе почнав да се интересирам за ова кај нас, па нека почне дискусија.
И дај олабавете од коментари као "ова ќе напраам, она ќе напраам, не сте нормални" итн. Ако имате содржајна критика пишете, ако не, баталете ја темава.
И мене тоа ме спречува 2000 денари ох.
К
Дека ќе има резултати секако дека ќе има но дека имате голема шанса за повреда е нешто што треба да имате предвид кога се работи со високо интензивни тренинзи како кросфит.