Не сум сигурен, но...сезоната има 38 кола. Ако нема, да му честитам титула на Арсенал, и со среќа нека му е на Стоук во Лига на Шампиони. Ако има, немојте да го отпишувате Ливерпул од трката за титулата.
Изгубивме во прво коло? Изгубивме, па што! Тоа нека биде грешка од која мора да учиме. А кога Ливерпул ќе биде во позадина не прави киксови како порано. Баш лани стартувавме со победи, педериве Манчестер се влечкаа во првите кола, па на крај испадна обратно. Немајте гајле, згора на се Тотенхем за нас е малерозен и незгоден..Често ни го фаќа скалпот. Но, уште утре Стоук ќе плати за се'. И за лани, и за Тотенхем...
И за крај. Продорот на Глен Џонсон со кој го изнуди пеналот е токму тоа што се очекува од него и тоа е разликата меѓу Глен и Алваро. Бидите сигурни дека имаме гоооолем играч во името на Џонсон!