Football Manager 2012 - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
За 12та само ако имаш оригинал можеш да направиш иначе јок :)
А некој што има оригинал да направи и после да го ставам јас фајлот како со македонска лига може така ?
 
А некој што има оригинал да направи и после да го ставам јас фајлот како со македонска лига може така ?
Да така може ама мислам дека има више Југословенска лига за превземање пребарај низ нет ќе ја најдеш гарант
 
А некој што има оригинал да направи и после да го ставам јас фајлот како со македонска лига може така ?
ништо така ке треба одново да почнам фала иначе .. ти оригинал имаш или .. гледав некои видеа сега преку хамачи демек можело да се игра во мрежа .
 
Абе да имаше два неврона во главата, барем колку Балотели, уште сеа ќе беше прв тим на Манчестер ама кога е глупо идиотче само на менаџер ќе го гледаме како разара :)

Тука си во право,се повеќе и повеќе има котлиња како Балотели,а можат да станат богови на фудбалот,но што е тука е.

П.С Втора сезона ми е со Интер,10 коло,а веќе им бегам на Јувентус и Милан по 8 бода,не е интересно :(
Инаку Милан го избркаа Алегри,го назначија Тасоти за тренер,кој моментално е катастрофа.
Јуве се опраија малку,ама ги дупат повредите,додека Наполи се засили добро,но тапа тактиката си го прави своето,на сред Неапол ги утепав ладно со 4-1 :D
Морати после првата одлична сезона со освоени првенство и куп ми даде верувале или не 70 милиони евра за засилувања :pipi:
Ги земав Вијналдум од ПСВ,Бокети од Рубин,голманот на Менхенбалбах Ван Стеген,Гуарин и Поли ги откупив,а го земав и Велосо од Џенова,која падна во втора лига :pos:
Земав и неколку младинци,hot prospect играчи и ги прекомандував во младинскиот тим одма каде се развиваат како будали.

Toa e тоа горе долу на почеток на вторава сезона,мрза ми е скриншотови да правам искрено.

П.П.С првата сезона,во зимскиот преоден рок ги земав Дани од Зенит и Ајев од Марсеј,а пред тоа кога го преземав Интер ги земав Рафаел Толои и Габриел Араујо.
За овој првиов нема да погрешите ако го земете.

И губрето од Интер го продадов,Станковиќ на ПСЖ за 12 милиони,Ранокија на Севиља за 16 милиони и Пацини во Зенит за 15 милиони...а и да Нагамото на Шалке за 7 милиони :pos:
 
292652_424547637564271_355700751115627_1632311_1732692393_n.jpg
 
Serie A (Overview_ Stages).png

Вадење газ во последно коло . Милан дома вади нерешено со Катанија 1-1 ( НОСОЊАТА грд у 89 пенал реализира , незнам само зашто не ме чуди тоа ) а ја ги тепав во гости Џенова 0-2 . Премногу некако ми дое како у реалноста :cool::cool:
 
Трансфери до сега
за напад: quinteiro (2-3 милиончиња), sanogo(втора сезона е слободен ама досега 100% ти го зеле :)), fiero(максимум 5 мислам дека е овој ама можеш и на рати да го земеш), paloschi (не е јак колку на претходните ама сепак е солиден и за 4 милиони е твој). Средина: verratti (пак е ѕвер на играва), cairney (евтино решение), Gibson (од манчестер слушам дека добар бил), или пак види некој да не се има скарано со клубот па земиму го за евтини пари :) за лев бек барај некој реген во данска, норвешка, или барај некој во поголемиве екипи што не игра често и земи го
 
Ауу, веќе вакви грешки не, никако :)) Сеа ќе ти каже Pravnice чија школа е багабонтов :D

Чива школа е , стар лисец школа. и не ми е и не ми е јасно како Морисон и Погба не ги задржавте...
 
Чива школа е , стар лисец школа. и не ми е и не ми е јасно како Морисон и Погба не ги задржавте...

Избркан е Морисон, има проблеми со карактерот, се дружи со локални криминалци :) Ни во Вест Хем не игра, не дошол 3 пати на тренинг, го нашле во некој паб со дрога, нема спас за него, затоа реков барем колку Балотели да имаше два неврона, толку. А за Погба не се знае, зависи што ќе одбере, дали пари или да биде Сколс no. 2 :D
--- надополнето: 9 мај 2012 во 01:00 ---
за напад: quinteiro (2-3 милиончиња), sanogo(втора сезона е слободен ама досега 100% ти го зеле :)), fiero(максимум 5 мислам дека е овој ама можеш и на рати да го земеш), paloschi (не е јак колку на претходните ама сепак е солиден и за 4 милиони е твој). Средина: verratti (пак е ѕвер на играва), cairney (евтино решение), Gibson (од манчестер слушам дека добар бил), или пак види некој да не се има скарано со клубот па земиму го за евтини пари :) за лев бек барај некој реген во данска, норвешка, или барај некој во поголемиве екипи што не игра често и земи го

Нема шанси со Лидс да земеш играч од Манчестер. Преголемо ривалство имаат овие два клуба. Најдобро да почека да го продадат негде Гибсон (затоа што играме без јануарски трансфери) па да проба да го земе од другата екипа.
 
Втора сезона со Јувентус . купот на почеток го земав против Палермо ги тепав 2-0 Вучко и Елиа . Некои од трансфертите што мислам дека се добри за 2 сезона .
Juventus (Transfers_ History).png

и групата од Лига Шампиони не верувам дека ќе поминам али ае со господ напред.

European Champions Cup (Overview_ Stages).png

П.с. за крај едно изненадување на кој зема Европоско Првенство во Полска и Украина . Балканско Дерби :cool::cool:

European Football Championship (Overview_ Stages).png
 
Ај ви дужев доказ за титулата во Шпанија.

Nre1B.png

Ја освоив Примера, 3 кола пред крај али во следните утакмици имав порази и ете ми стигнаа на 1 бод Р. Мадрид и Барселона. Интересна сезона и стварно не очекував ова да се деси. Барса и Реал имаа ептен подобар напад и подобра одбрана а јас со тесни победи, сепак стигнав до крајот како шампион.

28xjf.png

Во финалето на Купот, бев прегазен. Буквално прегазен. Заслужено Реал си ја освоија титулата, зашто мојот пат кон финалето беше прелесен а Реал ги победи сите други силни екипи.

0FV64.png

И во ЛШ се изненадив дека стигнав до полуфинале! Во група со Ливерпул, Баерн М. и Твенте - завршив прв пред Ливерпул и во осминафинале ги поминав Милан (имав принтскрин и од тоа како ги победувам 3-0 дома) Потоа во четвртфинале се сретнав со Тотенхем, кои едвај ги поминав, со вкупен резултат 3-3, но сите голови паднаа на гостувањето во Лондон па така да продолжив во полуфинале каде што Олимпик Марсеј (кои иначе освоија ЛШ 2 сезони пред тоа) тесно ме порази и играше финале со Барса.

Следнава сезона почнувам со мешан тим од искуство и млади играчи. Ги земав Чави и Хурадо како слободни играчи а другите...па не ги знаете баш. :D

1eBdS.png

(ова ми е сред лето и малце ми се измешани со младинците, за да ми покријат позиции но ок, горе-доле тој ми е тимот)

Сеа коа освоив Примера, следен чекор ми е ЛШ и Куп на Шпанија. :D
 
Ви кажав дека играм со Евертон и дека има финансиски проблеми, почнав да работам со добивки и да остварувам профит, ок тоа, но моментално сум во фаза на board takeover и ова трае веќе едно добри два месеца. Колку обично трае? Ми лупнаа ембарго а иде веќе зимски трансфер период ми треба лев бек подитно. Цело време ми викаат please have patience...
 
Додека не те преземе новиот газда. Може за месец дена, може 3-4 месеца, зависи.

Почнав нова игра со Марибор, само сега во Југословенска лига.

G7Udl.jpg

Рутински изборен пласман во ЛШ, иако има реванш.

m7U8C.jpg

Haters gonna hate. Величе:icon_lol:
 
ај некој по ПП да ми прати добри тренинзи.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom