Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Пишува одпозади, сметај дека 1 лажичка е 5 грама, така да ако пишува 400 калории на 100грама тогаш 5 грама ќе е 20 калории.
а за второто не ми одговори...добро е да го пијам,или ?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
а за второто не ми одговори...добро е да го пијам,или ?
Па да, кофеинот може добро да се искористи за поодбар фокус и енергија при вежбање ама мислам дека турско кафе појако удира :D
 
Член од
3 јули 2011
Мислења
16
Поени од реакции
6
Може ли да ми кажете дали исхранава е во ред , целта е намалување на килограми т.е околу 5-7кг
1оброк Овесни снегулки со 500мл млеко + 1 банана
2оброк 6белки 1 жолчка
3 оброк бело месо, риба,јунеско и слично во комбинација со ориз,компир, салата + 2 кришки леб.... ова или варено или печено никако пржено
4 оброк бело месо или туна со малку салата
5 оброк вејпротеинпомешан со вода

ова ми е тренингот. 4 пати кардио после тежински тренинг по 30-40мин
бицепс - гради
трицепс - грб
нозе- стомак
рамо

Ве молам да ми кажете дали исхранава е во ред, јас ја практикувам и гледам дека има резултатиполека полека, само ми е страв да не ми се јават некои здраствени проблемикако омалаксаност , вретње и сл.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Користи ли некој пчелин полен ? Има висок процент на протеин и аминомиселини , плус другите додатоци. Јас пред 5-6 години го користев , ама го заборавив .. Денес ми текна на него :)

Поленот е составен од 55% јаглехидрати, 35% протеини, 3% витамини и минерали, 2% масни киселини и 5% други материи. Тој содржи многу мали количини на многу супстанци кои се сметаат за антиоксиданси, вклучувајќи бета каротен, витамин Ц и Е, ликопен, селен и флавоноиди. Во поглед на хранливите и лековитите својства, поленот врши зајакнување на имунолошкиот систем, контрола на телесната тежина, ослободување од алергиските симптоми, зголемување на силата, подобрување на сексуалната функција, подобрување на виталноста и издржливоста, забавување на процесот на стареење и продолжување на животот.

Поленот е оплодувачкиот прав на цветот. Пчелите го собираат и пренесуваат во кошниците како храна. Без поленот растенијата, дрвјата и цветовите не би постоеле. Дури и нашиот живот звиси од него.
Пчелниот Полен, Forever Bee Pollen се собира од цветови кои растат скриени во високи пустински области и се става во патентирани колектори од челик кои што не рѓосуваат. Тоа е гаранција дека добивате најсвежа и мошне моќна природна храна. Пчелниот полен, Forever Bee Pollen, е целосно природен и не содржи конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.
Пчелниот Полен обезбедува широк спектар од основни хранливи материи: сите витамини Б комплекс и витамин Ц. Тие се растворливи во вода и затоа е потребно да се внесуваат секојдневно. Пчелниот Полен исто така ги содржи витамните Д, Е, К и бета каротин (витамин А). Тој претставува богат извор на мноштво минерали (како калциум и фосфор кои се скоро во перфектен сооднос 1:1), ензими и коензими, масни киселини од растително потекло, јаглехидрати, протеини и 22 аминокиселини, вклучувајќи ги сите 8 есенцијални аминокиселини, кои што организмот не може сам да ги произведува. Пчелниот полен содржи повеќе хранливи материи во калории, отколку кој и да е друг додаток во исхраната, затоа не е чудно дека се прифаќа како една од најбогатите храни воопшто. Всушност, човечкиот организам би можел да живее само од пчелен полен со додавање единствено на растителни влакна и вода.
Хранливите материи во пчелниот полен се лесно сварливи и лесно се апсорбираат од организмот. Многу луѓе ги користат неговите благодети, погоден е за спортисти кои го конзумираат за сила, енергија и одржување на здравјето.
Пчелниот полен има мноштво други благотворни дејства:
  • Богатиот коктел од хранливи материи во поленот помага за подобрување на телесниот хемиски состав и на тој начин го неутрализира ефектот на конзервансите и адитивите во храната.
  • Тој е природен извор на цинк и витамин Б6 и поради тоа е особено соодветен да се користи кај депресии и предменструална напнатост.
  • Може да ја намали чувствителноста на организмот и како таков е добро дополнување за подобро да се поднесат алергиите.
  • Ја поттиснува активноста на бактериите и го зголемува ефективното отстранување на отпадни материи и отрови од организмот.
Пчелниот полен исто така содржи лецитин кој природно се среќава во сите клетки. На тој начин помага во варењето и размената на маснотиите. Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем.

Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Тешко дека ќе изедеш 100грама полен за да добиеш 35грама протеини така да составот автоматски му оди аут, но секако е добар за имунитетот и балансирано функционирање на организмотзаедно со антиоксидансите. Јас често користам прополис.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Може ли да ми кажете дали исхранава е во ред , целта е намалување на килограми т.е околу 5-7кг
1оброк Овесни снегулки со 500мл млеко + 1 банана
2оброк 6белки 1 жолчка
3 оброк бело месо, риба,јунеско и слично во комбинација со ориз,компир, салата + 2 кришки леб.... ова или варено или печено никако пржено
4 оброк бело месо или туна со малку салата
5 оброк вејпротеинпомешан со вода

ова ми е тренингот. 4 пати кардио после тежински тренинг по 30-40мин
бицепс - гради
трицепс - грб
нозе- стомак
рамо

Ве молам да ми кажете дали исхранава е во ред, јас ја практикувам и гледам дека има резултатиполека полека, само ми е страв да не ми се јават некои здраствени проблемикако омалаксаност , вретње и сл.
Ова изборот на храна е ок.. ама мораш да следиш која грамажа ја јадеш.. џабе кардио и све ако калориите не ти се сведени на дефицит.. ако јадеш на пример 200 грама овесни со 500 мл млеко тоа се минимум 1.000 калории што е премногу..
 
П

Пепси_

Гостин
Со што може да ја комбинирам брокулата да не ја гнетам само така :D
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Со што може да ја комбинирам брокулата да не ја гнетам само така :D
Добро е да се комбинира со било кој оброк како салата, таа нема калории само антиоксиданси витамини и минерали една од најздравите салати.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ај кажете ми дали е ок исхранава..

насабајле во школо јадам 50 грамско мусли чоколадо
вакво и 500мл чоколадно млеко.

после тоа,јадам мусли 60-70 грама со 200 мл млеко ниско калорично

после тоа јадев телешки шницли,330 грама,со околу 400-500 грама компир,и марула и краставица(салата)

за вечера иам уште една шницла,и ќе видам или со салата ќе ја јадам и сирење,или со јајца и сирење,а сега ќе јадам нешто овошје и здрави масти(бадеми,фстаци и слично)

добро е ?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.434
Поени од реакции
11.352

мислам подобро е овесни снегулки без чоколадо да јадеш, ги има по маркетиве во проѕирни кесички се.
иначе што сакаш да постигнеш со режимов на исхранава дај пиши :)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
мислам подобро е овесни снегулки без чоколадо да јадеш, ги има по маркетиве во проѕирни кесички се.
иначе што сакаш да постигнеш со режимов на исхранава дај пиши :)

Мускулна маса.

на почеток ми беше фора да ослабам,ослабнав 3-4 кила,ми остана уште мал дел околу стомакот,односно спољерите,но и тоа би требало да се спушти со тек на време,башка тие 3-4 кила ми се само од ПХ90,ни трчав тоа време(2 месеци) ни ништо,само пазев на исхрана и ПХ90...

сепак,идам на чист мускул,а не да се здебелам...поради тоа,јадам само вакви здрави работи,не ставам ништо,буквално ништо штетно...освен 2 лажички шеќер(знам многу е,ама што да правам,ретко кој на моја возраст пие горко) у кафе...

инаку,у школо нема такви,само овакви има,јас ги јадам едни со чоколадо и кикирики од истава фирма...ептен се вкусни.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116

Тоа што јадеш храна што не е штетна во никој случај не значи дека ќе бидеш слаб, можеби претеруваш и со "здравата" храна.

И не се лажи со муабетот за "маса", демек ако не натфрлаш калории нема да растеш, ова важи за поискусни вежбачи кои веќе се на граница на потенцијалот на телото.
 
За првото-не сакам да сум слаб,сакам да имам маса,но мускулна маса-и го имам тоа,но сакам уште,во никој случај не сум дебел,само мал дел,спољерите поточно,стомачните се излезени,првите 2-3 реда ептен,останатото онака,има уште време за вежбање,но со оглед на тоа што немам трчано повеќе месеци,треба да сум задоволен и со ова.Нели,кардиото пола работа врши во покажувањето на стомачните(другите делови не ги спомињам,пошто кажав веќе,само во делот на стомакот имам малце сало)

за второво,не те сфатив што сакаш да кажеш...
 
Под слаб мислев на низок процент мрсно ткиво, погрешо се изразив. Муабетот ми беше дека не можеш да пишеш еј дечки океј ли ми е исхранава јадев тоа и тоа, секое тело има различна потреба од калории и хранливи вредности, сам ќе си одредиш што е за тебе доволно. Составив еден огромен пост, кој е поставен како важен, ама малце е голем за читање - тешко дека некој го прочита иако е полн со информации.

А за вториот дел, само мислев на тоа дека не треба под изговор дека си на маса да претеруваш со храна, затоа што вишокот калории на крајот од денот ќе заврши во резервите, односно масно ткиво.
 
Го прочитав јас тој,ако мислиме на истиот,имаше тема отворено за тоа,така ?иначе,тоа е веќе друго,и јас одам на тоа,низок процент на масно ткиво,но сепак да имам маса..

секако тоа,не се лажам така...денес можда претерав со телешкото и компирите,па поради тоа пишав тука,да видам дали ќе ми кажат дека е многу или таман...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom