Kindle

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Добро како барате книги? Се утепав вчера барајќи ја од Џ К Роулинг Fantastic beasts во моби и никако да ја најдам. И не само таа. Не знам што е работава :S
Таа книга ја нема на Amazon во Kindle верзија, така да само ако некој ја конвертирал. И јас во последно време потешко наоѓам книги, ама можеби ги нема сите на нет :) Сепак оваа твојава ја најдов во epub верзија, пиши ми mail во приватна порака (или FB) па ќе ти ја пратам. Ти само ќе си ја конвертираш со Calibre. :)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Моја препорака е да инсталираш Duokan оперативен систем, тој има подршка за epub.
А и мене лично повеќе ми се свиѓа како е изведен целиот систем за читање на Duokan.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.009
Поени од реакции
5.664
Моја препорака е да инсталираш Duokan оперативен систем, тој има подршка за epub.
А и мене лично повеќе ми се свиѓа како е изведен целиот систем за читање на Duokan.
Ти инсталираше Duokan? Кои се предностите и дали можеш да се вратиш на првобитната состојба после тоа. Мене на пример не ми е ништо страшно да ја конвертирам книгата од epub во mobi, квалитетот мислам дека е идентичен.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Да, го инсталирав. Највеќе мерак ми прави што кога читам манга страните се fullscreen и прогрес барот може да се направи минимален на само црта.
И можеш со фолдер да си ги организираш книгите, можеш да подесиш на колку страни да прави full refresh.

Duokan се инсталира заедно со киндл ОС, не брише или менува ништо, можеш во секој момент да се вратиш на оригиналниот ОС, или да го избришеш ако сакаш.
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Па конвертирај ја и готово...
Не можеш од pdf во mobi да конвертираш, никад не излегува како треба. Pdf е форматиран за печатење со маргини за сечење и сл, така да текстот не е погоден за конвертирање во mobi или ebup. mobi и epub се форматирани за киндл и сл уреди со тоа што текстот не ригидно форматиран по страни, така да може лесно да се направи reflow на текстот ако менуваш големина на фонт и сл.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617

Моеш пдф во моби, и тоа лесно. Го зима само текстот и ги брише форматирањата. Мобито нема форматирање, има flow само.
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Моеш пдф во моби, и тоа лесно. Го зима само текстот и ги брише форматирањата. Мобито нема форматирање, има flow само.
Може, ама не излегува добро. Не запазува ни хединзи, ни никакви други ситници. Излегува на крај само како wall of text, воопшто не е удобно за читање.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Може, ама не излегува добро. Не запазува ни хединзи, ни никакви други ситници. Излегува на крај само како wall of text, воопшто не е удобно за читање.
Ќе ќутиш и читаш, јебига :D
 
Член од
3 април 2012
Мислења
161
Поени од реакции
156
Време е да се решам дечки, тетка ми ќе иде од Америка уште малку па ќе и нарачам еден.
Главен кандидат ми е Nook Simple Touch воглавно зашто е бадијала (3000 денари). Колку за споредба, следниот кандидат, Amazon Kindle Touch, е 1000 денари поскап.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.654
Поени од реакции
34.083
Старите верзии немаат тач нели, 3г, бои, апликации, курци палци.. по колку идат стариве, ако се продаваат уште, that is? Стриктно за читање сакам, без курчење. Која е друго разликата?
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Старите верзии немаат тач нели, 3г, бои, апликации, курци палци.. по колку идат стариве, ако се продаваат уште, that is? Стриктно за читање сакам, без курчење. Која е друго разликата?
Разликата е тач-от али и екранот. (споредбено со новите црно-бели екрани, старите имаат поспор рефреш рејт и трепкаат при секое рефреширање додека новите на секои 5-6 рефреша) Не се продаваат официјално, по пазар некој моеш да најдеш.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.654
Поени од реакции
34.083
Разликата е тач-от али и екранот. (споредбено со новите црно-бели екрани, старите имаат поспор рефреш рејт и трепкаат при секое рефреширање додека новите на секои 5-6 рефреша) Не се продаваат официјално, по пазар некој моеш да најдеш.
Ah, тапа. Премалку се застапени овие кај нас или така ми се чини, пред стотици години видов на плажа некој од постарите верзии, и читливоста беше неверојатна. Затоа си велам, шо друго е битно.. Овој новиот колку фаќа, 100 евра и нагоре? Скупо ми е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom