Евро 2012 - група Ц (Шпанија и Италија во 1/4 финале)

Кои две репрезентации ќе продолжат во втора фаза?


  • Вкупно гласачи
    230

Vuki-Viola-Fan

Solo Fiorentina
Член од
18 мај 2008
Мислења
3.502
Поени од реакции
680
Prandelli Prandelli i sve e mozno.Jas mislam deka Italija ke iznenadi i deka ke bide prva vo grupa.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.738
Поени од реакции
43.863
Оваа за мене ќе биде многу интересна група.. Шпанците се издвојуваат како фаворити.. На другите 3 екипи би им дал подеднакви шанси за второто место.. Италија/Хрватска/Ирска, по квалитет мислам дека се тука некаде.. Италијаните ќе се обидат да се извадат за слабите игри на изминатото СП, само не знам дали имаат склопено силна екипа за да може да конкурира за титулата.. Ирска и Хрватска можеби се на хартија аутсајдери, но според мене далеку се од аутсајдери.. Јас би сакал Хрватска да ја видам во 1/4 финале, заедно со Шпанија...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.253
Поени од реакции
14.557
На европски и светски првенства навивам за Хватска и Италија. Сега се потрефија во иста група, и за жал, најверојатно едната ќе мора да испадне уште во првиот дел од натпреварувањето.

Мое мислење е дека Хрватска ќе биде таа што ќе се враќа дома. Иако тоа не треба многу да значи, но во последниве години играат доста слабо. Од просечно со повремени блесоци, кон бледо и очајно. Кога ќе ми текне само што им направи Шведска на последната пријателска на сред Максимир.

И на индивидуален план Италијаните се во предност. Хрватска има еден класа играч, еден до еден ипол солидни и друго е во години или недоволно квалитетно за големи резултати. Во Итаилја од друга страна ги имаш Буфон, Де Роси, Пирло, Балотели, Касано и уште некои кои се со квалитет над скоро сите играчи во Хрватска. А и колку да ми беше симпатичен Билиќ на времето, сега се повеќе се сомневам во неговите можности, мислам дека и со селекторот Италија е во предност.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Со Виља што стана има информација дали ќе се спрема за подготовки како оди времево уште помалку од месец има...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Со Виља што стана има информација дали ќе се спрема за подготовки како оди времево уште помалку од месец има...
Пред некое време почнал да трчка послободно, и да се приклучи скоро нема да може да тренира со полн интензитет, па камоли да ја врати формата, не пак сега во недостаток на натпревари. Покрај Солдадо, Љоренте( кој има да се докаже на два најбитни натпревара за него, купот со Барса и финалето на ЛЕ) и одличниот Торес во последно време, мое мислење е дека Виља ниту треба ниту ќе биде повикан.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Мое мислење е дека Хрватска ќе биде таа што ќе се враќа дома. Иако тоа не треба многу да значи, но во последниве години играат доста слабо. Од просечно со повремени блесоци, кон бледо и очајно. Кога ќе ми текне само што им направи Шведска на последната пријателска на сред Максимир.

.
Се согласувам со тебе дека најверојатно ќе се вратат одма дома.
Хрватска можеби по квалитетот е дури и нешто подобра него 2008,но ја нема веќе таа еуфорија,тој фанатизам на играчите,вербата во тимот и Билиќ и тој победнички менталитет.Се е некако како преку к** таму веќе.
Тоа што едвај отидоа на ова ЕП и што не се пласираа на СП (каде беа понижени од Англија) и тоа што Мамиќ на сите им го згади фудбалот доведе до тоа веќе никој во Хрватска да не му е гајле за фудбалот.
Не се без шанси,но сега за сега овие Шпанија и Италија делуваат страшно,а Ирска е баш противник кој најмалку и одговара на Хрватска.
Реално и по квалитетот на тимот би требало да се 3ти во групата.Ловрен,Модриќ и Срна се единствените играчи кои се некоја класа + уште неколку солидни играчи за на врвно ниво,но ништо посебно (Манџукиќ , Ракитиќ, Чорлука,Крањчар,Јелавиќ).Се другото е некој просек или под просек (или е повеќе време на рехаилитација него на терен....Олиќ и Едуардо).Да биде полошо веќе им се губи тој фанатизам и борбеност и победнички менталитет што ги вадеше сите овие години и кога имаа и послаби екипи од оваа.
Единствено што ми дава оптимизам е што никој ништо посебно не очекува од нив,дури и многу луѓе и во Хрватска ги отпишуваат.А тогаш они се најјаки.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Кој ќе е замена сеа, Албиол, Рамос?

За напад не е страшно, сите се кој од кој.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Супер......али толку се јаки што и без него и без Виља пак се со Германците убедливо први фаворити.
Остај напад за одбрана се работи. Тука сега имаат дупка голема ќе зависи кој ќе биде замена. Сигурно Дел Боске ќе смисли нешто.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.929
Рамос ваљда, а Арбелоа десно или Рамос десно, Хави Мартинез одбрана.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Штета за Пујол, убаво ќе беше да го одигра своето последно Европско. :(
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Него читав пред некој ден на шпанскиве портали дека неизвесесен е повикот на Валдес и Реина, и онака не би добиле можност покрај Касиљас, па Дел Боске се води по филозофијата дека предност ќе им даде на младите да осетат што значи ЕП. Така да Guaita од Валенсија и од Менхелгладбах голманот можно е да ги повика.
 
S

Stivie G

Гостин
Ако оде по таа логика Де Геа секак ќе биде повикан
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.147
Поени од реакции
458
иако се сите против италијанците, јас мислам дека ќе изненадат оваа европско првентство и дека ќе стигнат далеку. forzza Italia!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom