Тоа се бара. И кога тоа ќе се случи, јас ќе си ги повлечам зборовите и јавно ќе се извинам.
Вашето повлекување и извинување пример мене не ми треба ако се случи обратното невини луѓе лежат затвор/притвор. Нема ни да ве наречам вас, форумџиите, конретно тебе Max Legend "апсител на некој само бидејќи е Албанец".
Не сакате да разберете дека во оваа фаза ние, обичните граѓани, носиме мислење според информациите кои МВР ги пласира во јавност. Тоа што досега МВР го пласираше во јавност, мене не ме убеди дека уапсените се вистинските сторители. Кај вас 60% од убедувањето доаѓа од самата националност на уапсените. Замислете вистински за момент дека уапсениве се тројца Македонци. Според она што го прикажа МВР, дали и колку сте убедени дека тие се тие?
Проблемот е што вие цело време сакавте да бидат Албанци, кога најпосле осомничија Албанци, не сакате ни малку сомнеж да прикажете. Божем Македонците не знаат да бидат монструми, иако нај монструозните дела во последните 5 години ги беа извршиле Македонци.
Мал офтопик, мило ми е што протестот беше мирен, иако бевте убедени дека ќе има кршења на дуќани и тепање на невини Македонци. Освен еден член што рече дека скандирале УЧК, за кое ич не ми чуе стапов, кога ќе ми текне што скандираа вашите пред 3 недели.