Добро е што конечно имаме конкретни лица кои се обвинуваат за убиството и посакувам што поскоро да се утврди нивната вина а на истите би сакал да им се суди според оној закон на кој што тие им судат на нивните жртви а не според нашите домашни закони.
Сепак ќе мора да се помириме дека казната ќе биде преблага затоа што ние живееме во демократско општество во кое што владеат поинакви правила и закони а тоа не прави различни од сите оние кои денес го трујат човештвото со луди идеи за вопоставување на нови светски поредоци според само за нив прифатлив терк.
За жал на сите а најмногу на оние кои исламот го практикуваат на многу поцивилизиран начин, ова ни се случува секојдневно и насекаде и јас не му го гледам крајот. Имам многу свои видувања за тоа кој е причинител за сево ова и кој се ги финансира овие радикални будали, но знам дека темава е посветена на младите луѓе кои беа убиени само поради тоа што некој се осудил да изигрува бог и да одземе животот.
Целосно ќе бидам задоволен тогаш кога нема да бидат уапсени само извршителите, туку и нарачателите на ова злодело, и се надевам дека нема да не сметаат за глупи и морони, наметнувајќи ни теза дека ова се само исламски радикалисти кои војувале таму и таму и кои биле наоружани.
Она што народот треба да го дознае е за која радикална група работеле,дали се од Алкаеда, ако не се, тогаш кој ги финансирал, зошто не се појавиле во јавност со соопштение дека ја превземаат одговорноста ( тоа е начинот на кој функционираат терористите, а нив никогаш нема да им е “интересно„ да убијат некого и да не кажат која е целта за тоа убиство), како тоа убиството се случи на Велики четврток а убијците беа фатени на 1ви Мај т.е дали празниците се најдобар термин за спроведување на терористички и полициски акции?
Како и да е, без оглед на тоа дека има многу нејасни работи, мора да нагласам дека ако ништо повеќе, ова треба да послужи како “добар сигнал„ за НАТО, кое мора да свати дека ние сме во ваква позиција да се плашиме за иднината на земјава, најмногу поради нивното кокетирање со Грција. Тие мора да знаат дека ако не викаат со нив во друштво( да се бориме во Авганистан, Ирак, Либијаи сл.), тогаш ќе мора да ни дадат да сркнеме и од нивното тајнирче. Која будала би помислила дека ние ќе може да испраќаме наши војници со знаме на нато, во сите земји кај шо има конфликти, а тие, тамошните ектремисти нема да ни испраќат нивни војници тука. Па тие успеваат да направат акции во најголемите светски центри а не кај нас и јас се надевам дека ова ќе заврши тука.
Ова е момент да се дигне малку гласот и да им се тропне на маса на оние кои стојат позади Грција. Доколку сега не се направи ништо, тогаш прво што треба да се направи е да се повлечат нашите војници од сите мисии се додека НАТО не ја промени својата политика кон Македонија, т.е или ќе не заштити затоа што ние застануваме на негова страна, или ќе си седиме раат настрана.