- Член од
- 1 јуни 2011
- Мислења
- 25.932
- Поени од реакции
- 41.915
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Може не викам дека не. И ќе го однесеш во станица. Тој ќе негира, ти ќе немаш доказ, и ќе мора да го пуштиш. Нема кривична, нема процес.Кај ми беше мене паметот, јас бев убеден дека може.
Највеќе е верска, а потоа национална.Омраза меѓу Македонци и Албанци е заради религијата , а не националноста.УЧК не е ниту терористичка, ниту левичарска организација, туку чисто исламистичка организација потпомогната со арапски пари и борци, а САД само ги користат како пиуни да го контролираат Балканот и влијанието на Русија да го угаснат.И добро, само едно прашање, пред да ви ја оставам темава во владеење, зошто МВР чекаше до сега за да ги уапси кога ги имаше сите информации дека постојат вакви луѓе?
Религијата е само една димензија која треба да се има во предвид нивниот бекграунд.
Но, зошто овие радикаливе не ги колат Албанците католици?
Исламот е религија на мирот, кој не верува во ова ќе биде каменуван до смрт.
И, да е политичко и исценирано мене не ми го менува фактот дека мнозинството муслимани во Македонија ги подржуваат ваквите структури, а највеќе Албанците, затоа што знам и се движам секојдневно меѓу нив.Bratot ви го кажува очигледното, само сарказам и иронија тешко се пробиваат на форумов. Затоа еве малку попросто:
Дечкиве, посебно оние двајцата со брадите, веројатно се следбеници на радикален ислам. Можеби се имаат борено и во Авганистан. Можеби и јадат живи пилиња за вечера.
Но, тоа не го менува фактот дека: кога радикалните исламисти убиваат во име на нивната возвишена цел, тие преземаат одговорност, ги кажуваат мотивите и испраќаат јасна порака до светот.
Тоа не се случи овде. Овде се случи ладнокрвно убиство на петмина, без преземање одговорност, без испраќање на јасна порака.
Обвинетите се локалци. Албанци се. Припадници се на УЧК. Убиството не е извршено за „да сее страв“. Убиството е нарачано од центри кои сакаат дестабилизација на државава, што значи дека има политички мотиви, а не религиски. Религијата по којзнае кој пат, е само инструмент за разгорување омраза.
Гордана Јанкуловска кажа дека цел им било да сеат страв, не да пробудат бес кај населението.
Можеби ќе поверував во оваа бајка, ама да живеев во Кина или Исланд можеби.Не е точно тоа што го тврдиш, и сепак тоа е твое мислење. Најголемиот дел од Муслиманите во Македонија не ги поддржуваат терористите и истите како и ти, ги нарекуваат терористи. не заборавај дека вакви терористички акции секојдневно се случуваат и во Турција, па неможеш да кажеш дека овие лудаци прават масакри само во христијански- европски земји и врз немуслиманско население. Не ти држи тезата затоа што најмногу терористички акции се извршуваат токму таму каде што живеат муслиманите и овој проблем најмногу ги засега токму нив. Денес кога некој ќе каже дека е муслиман( ова посебно важи за европските земји) луѓето веднаш се повлекуваат и имаат предрасуди. Сепак постојат муслимани кои се подобри луѓе од било кои други и затоа не смееш да генерализираш. Тоа што ти живееш во средина полна со албанци, босанци, турци и муслимани и сметаш дека поголемиот дел од нив се радикални, тоа е само стереотип. Сигурен сум дека и тие од другата страна, на тебе гледаат како на човек кој не им мисли добро затоа што така оди тоа во животот - како ќе се однесуваш кон другите така и ќе се однесуваат и кон тебе. За разлика од тебе јас сметам дека во Македонија има многу голема толеранција и почитување од сите страни.
Ако кажеш дека се Албанци јавно овие ќе напраат политичка партија и ќе станат херои за едно 2-3 месеци. Тоа е трагичната вистина за Македонија , така да мора да се камуфлира сето тоа.http://www.facebook.com/agim.ismaili.3
Кај гледате исмаиловИЌ гол да ви шетам низ куќа. Нека не ги прават тоа што не се, тие СЕ Албанци, припадници на УЧК !!!!