Или пак може да биде проектиран во стопер од типот на Малдини, Блан, Елгиера... за што поседува потенцијал и нема да му дојде лошо на тимот еден таков врвен профил на играч во задната линија....Џонс не смее да биде трошен како стопер или како бек. Детето е родено за во средина, ептен се ограничени тие позиции за неговите квалитети.
Единствено што ме плаши е ако биде форсиран на бек и се уништи (ајде нека биде со еуфемизам: не го достигне целиот свој потенцијал) како Рамос (РМ). ОК, точно дека Џонс е многу поголем талент од тоа што некогаш беше Рамос, ама сепак мора конечно да се дефинира каде во иднина ќе игра Џонс. Јас мислам дека дечкото може да биде идниот командант на одбраната во Јунајтед за цела наредна декада. Малку е комплицирано да се игра како стопер во комбинација со уште еден дечак помеѓу стативите, но веќе и двајцата се доволно искусни да преземат контрола.