Спиењето во Скопје поскапо отколку на море

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Најевтиното ноќевање во хостелите во градот е 13 евра, додека на море во Будва чини 8 евра, а во Софија и во Тирана околу 10 евра




Туристички агенции ги одбегнуваат хотелите поради високите цени


Најевтино ноќевање во Скопје е поскапо отколку на брегот на некоја туристичка дестинација во Грција или на познатите зимски терени во Банско, Бугарија. Како град поскапи сме и од Софија, Тирана и Будва, но поевтини од Белград и Солун. Цената за најевтино ноќевање во главниот град се движи од 13 евра во хостелите, додека најскапото ноќевање во хотелите како „Холидеј ин“ и „Александар палас“ изнесува од 140 евра нагоре.

Статистичките податоци за февруари покажуваат дека главниот град го посетиле 7.500 туристи, од кои 80 отсто се странски државјани што можат да преноќат во повеќе од 50 сместувачки капацитети.

Добар ноќен живот

- Ноќевањето во хотелите е доста скапо во споредба со други земји, а не се добиваат таа услуга и ексклузивност за цената што се плаќа. Потребно е пониска цена, бидејќи сепак градот не е ниту зимски ниту летен туристички центар – вели гостин од Германија што деловно престојува во градот.

Нашите странски соговорници велат дека градот има одличен ноќен живот и цените не се високи, но сепак треба да се намали цената на ноќевањето.

- Ние претежно имаме деловни клиенти. Најмногу ноќевања има напролет и наесен, а помалку ноќевања се забележуваат во зима и налето, бидејќи немаме море – велат од „Холидеј ин“.

Цената во хостелите, кои се претежно за сместување млади туристи, се движи од 13 евра нагоре.
- Има и странски и домашни туристи, но претежно се млади странски туристи што преноќуваат 2-3 дена.
Поради категоризацијата на хостелите, тие се поевтини, но туристите се презадоволни. Најмногу им се допаѓаат ноќниот живот, Матка и Водно. Голем дел од нив веќе се стандардни туристи од околните земји на кои им се допаѓа градот и повторно го посетуваат – велат од „Урбан хостел“.

Во Белград ноќевање во хостел се движи до 15 евра со појадок и такса, во Софија ноќевање може да се најде и за помалку од 10 евра, додека во Солун цената се движи од 15 евра нагоре. Во Тирана најевтино ноќевање е 10 евра, додека во Будва има и за 8 евра.

Малку легла - повисока цена

- Со понудите на туристичките агенции поевтино е да спиеш негде на море како во Грција или на зимување во Банско, отколку да спиеш во главниот град – вели Дејан Ивановски од Скопје.

Од Стопанската комора за туризам велат дека цената на сместувачките капацитети во градот е слична со другите градови во регионот, но сметаат дека недоволниот број на легла ја прави цената повисока.

- Туристички агенции што организираат кружни тури низ Балканот ги одбегнуваат хотелите во градот поради високата цена за сместување - вели Татјана Петровиќ-Митрова од Стопанската комора на туризам.
Во однос на квалитетот на сместувачките капацитети, без разлика дали се хостели, мотели или хотели, од комората велат дека во фаза на разгледување е нова категоризација на објектите, која ќе има поригорозни услови за приспособување на објектите.

Нова Македонија
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Најевтиното ноќевање во хостелите во градот е 13 евра, додека на море во Будва чини 8 евра, а во Софија и во Тирана околу 10 евра
Нова Македонија
За Тирана незнам ама ова дека во будва е 8 евра друг пат. Да, беше 8 евра ама пред 3 години. 7 години со ред одам во Будва на одмор и знам како се цените. За 8 евра можи да најдиш некоја соба на 1.5 км од плажата и со рестрикција на вода.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
А што е ефтино во скопје? Како може да биде ефтино спиењето кога едно мало макијато на кеј е 90 денари.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
За Тирана незнам ама ова дека во будва е 8 евра друг пат. Да, беше 8 евра ама пред 3 години. 7 години со ред одам во Будва на одмор и знам како се цените. За 8 евра можи да најдиш некоја соба на 1.5 км од плажата и со рестрикција на вода.
хостелите , не хотел или приватно сместување, има разлика.


Во Белград пред некој месец, во хостелче близу железничката преноќив за 10 евра....

http://www.hostelworld.com/findabed.php/ChosenCity.Budva/ChosenCountry.Montenegro

еве ти хостели во Будва...
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Кога ќе засадат врби сред море тогаш ќе им одам, до тогаш ќе си останам во Скопје со многубројните туристи! А овие не и се ни до колена на нашата метропола, нека сањаат само.
 
I

Iblis

Гостин
Абе само кењате без везе. Скопје има плажа? Има. Палми има? Има. Туристи има? Има. Светски цени има? Има. Иди шлапкај се во Вардар, каква Будва, каква Софија, каков ти Солун( е наааашш!!). Светско, а наше(y)
 
I

Iblis

Гостин
Еве и вакво нешто може да се изорганизира за анимација. ;)

И на крајот шлап во Вардар. И како да не наплатиш денар повеќе за ваква милина?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
За стандардот што го имаме односно немаме, животот во Скопје е преценет. Реалните цени се 40-50% пониски но тоа е..
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
За стандардот што го имаме односно немаме, животот во Скопје е преценет. Реалните цени се 40-50% пониски но тоа е..
не да е преценет... цениве се како да имаме море некое... сва среќа што го немаме инаку цениве ке ги помножевме со 3 па тогаш ке видевме како ке живееме...
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Да знам од сега кога ќе идам Скопје да си носам ќебе и перница со мене ! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom