T
Tetro
Гостин
Најевтиното ноќевање во хостелите во градот е 13 евра, додека на море во Будва чини 8 евра, а во Софија и во Тирана околу 10 евра
Туристички агенции ги одбегнуваат хотелите поради високите цени
Најевтино ноќевање во Скопје е поскапо отколку на брегот на некоја туристичка дестинација во Грција или на познатите зимски терени во Банско, Бугарија. Како град поскапи сме и од Софија, Тирана и Будва, но поевтини од Белград и Солун. Цената за најевтино ноќевање во главниот град се движи од 13 евра во хостелите, додека најскапото ноќевање во хотелите како „Холидеј ин“ и „Александар палас“ изнесува од 140 евра нагоре.
Статистичките податоци за февруари покажуваат дека главниот град го посетиле 7.500 туристи, од кои 80 отсто се странски државјани што можат да преноќат во повеќе од 50 сместувачки капацитети.
Добар ноќен живот
- Ноќевањето во хотелите е доста скапо во споредба со други земји, а не се добиваат таа услуга и ексклузивност за цената што се плаќа. Потребно е пониска цена, бидејќи сепак градот не е ниту зимски ниту летен туристички центар – вели гостин од Германија што деловно престојува во градот.
Нашите странски соговорници велат дека градот има одличен ноќен живот и цените не се високи, но сепак треба да се намали цената на ноќевањето.
- Ние претежно имаме деловни клиенти. Најмногу ноќевања има напролет и наесен, а помалку ноќевања се забележуваат во зима и налето, бидејќи немаме море – велат од „Холидеј ин“.
Цената во хостелите, кои се претежно за сместување млади туристи, се движи од 13 евра нагоре.
- Има и странски и домашни туристи, но претежно се млади странски туристи што преноќуваат 2-3 дена.
Поради категоризацијата на хостелите, тие се поевтини, но туристите се презадоволни. Најмногу им се допаѓаат ноќниот живот, Матка и Водно. Голем дел од нив веќе се стандардни туристи од околните земји на кои им се допаѓа градот и повторно го посетуваат – велат од „Урбан хостел“.
Во Белград ноќевање во хостел се движи до 15 евра со појадок и такса, во Софија ноќевање може да се најде и за помалку од 10 евра, додека во Солун цената се движи од 15 евра нагоре. Во Тирана најевтино ноќевање е 10 евра, додека во Будва има и за 8 евра.
Малку легла - повисока цена
- Со понудите на туристичките агенции поевтино е да спиеш негде на море како во Грција или на зимување во Банско, отколку да спиеш во главниот град – вели Дејан Ивановски од Скопје.
Од Стопанската комора за туризам велат дека цената на сместувачките капацитети во градот е слична со другите градови во регионот, но сметаат дека недоволниот број на легла ја прави цената повисока.
- Туристички агенции што организираат кружни тури низ Балканот ги одбегнуваат хотелите во градот поради високата цена за сместување - вели Татјана Петровиќ-Митрова од Стопанската комора на туризам.
Во однос на квалитетот на сместувачките капацитети, без разлика дали се хостели, мотели или хотели, од комората велат дека во фаза на разгледување е нова категоризација на објектите, која ќе има поригорозни услови за приспособување на објектите.
Нова Македонија