Што би рекол Катанец: ЈЕБИГА.
Ништо ајде, ги изедов прееска нервозите, кои последен пат ги јадев пред 2 години против Интер.
Значи Пеп ја зезна работата најмногу со Тељо и Куенка.....колку сака нека е слаб Педро сезонава, подобро он да играше, ако не друго барем искуство има дечкото, а не ко овие шо имаат уште милион муви за лапање за да играат на овакви утакмици.
Фактор два е среќата која во двомечов ја имавме во негатива. Значи толку баксуз да биде еден тим јас не памтам некогаш да се случило. Едноставно топката нејќеше да влезе во гол, зицери и триста глупости се промашуваа.
Трет фактор е Меси.......значи не го плукам, фала за се што направи за Барса на само 24 години, ама пеналот мораше да се погоди.....и колку сакат нека крекаат будалетинки како Води и слични на енго, и УЕФАЛОНА, и слични срања, денеска судијата си беше најреален (дури и на Лампард му прости чист црвен картон). Е сега Меси во последниве утакмици не е тоа што беше, едноставно незнам што се случува со него, ама дефинитивно не е на арно. Знам дека сега него му е најтешко, ама мораше да се погоди пеналот, едноставно МОРАШЕ. На 3-1 со играч плус ќе беше научна фантастика да дадат гол Челзи.
Е сега одбранва ни е трагична, ама она баш трагична ни е. Ако едно нешто грешава Пеп тоа е упорното тупење со сите играчи од младава школа. Ни требаат играчи во одбрана, го зборувам тоа веќе година и пол, неможеме со Бартра и Фонтас да играме ние кога ќе се повредат другиве.
И да не ја тупам уште ме мрзи да пишувам, ама имам уште милион работи во глава да ги кажам нека остане така засега.
И да поради сликава верувам дека Меси наредната година (ако не испоцркаме сите во декември
) ќе се врати посилен од кога и да било и ќе растура......