кога заврши утакмицата, гери невил на скај рече - некои работи во дубалот немаат баш многу врска со фудбал - тоа за мене е еден можеби најдобар опис на се ова што се случи во ова полуфинале. челзи 4 удири кон гол на две утакмици, 3 гола. не знам.. едноставно мене тоа не ме нервира, би рекол ме фасцинира.
падна на многу тестови пеп во клучни моменти. збориме за даденава ситуација, не сакам да слушнам муабети што се напраил тој човек за барселона. да е до мене, би му понудил доживотен договор со барселона. затоа, заебете ги тие муабети.
со реал, даваме гол, психолошка предност на наша страна, цела сезона можеме да ја завртимe со уште еден, примаме гол за 2 мин.
со челзи, водиме два нула, скоро крај на прво полувреме, наместо мирно привршување, сакавме крв, примивме гол. во судиско продложение, да биде гревот дупли исто како првата утакмица. меси неупотреблив 180 минути. кога можевме сите фудбалери да ги видиме на сите позиции, зошто 1 минута барем, една минута да не го префрли меси на крило? немаше иниеста достојно да го замени на центар? моравме да гледаме како кол се иживљава со куенка? битка - куче и маче.
тељо, што му е советувано, да центрира наместо во шеснаестник, на 40 метри?
друга грешка на пеп. се повреди виља, се повреди афелај, педро вон употреба скроз, решава да се потрпе на куекна и тељо. грешка по сите основи. јавно изјави дека не сака засилување.
почнуваш сезона со двајца класични штопери, од кои едниот пола ја изигра само, другиот повеќе изигра бек него штопер. голови лесно примени, се изнагледавме.
прекомандуваш играч како маскерано од природна позиција, го играш штопер. ок кога нема кој, ама зошто цела созена? мора баш сите во средината да бидат виртуози со топка?
пред последниот гол на торес, и онака остана минута-две на очај, како беше можно да се остави торес сам, од 40 метри на своја половина. во ситуација и пиштол да имаше бускетс како до него најблизок, немаше да го погоди. тоа е гејм план? таков пропуст?
од 60та, до некаде 90та минута, на челзи не им требаше гејм план, не им требаше да задржуваат топка, не им требаа прекини, они беа среќни ние сами да си ја задржуваме, уживаа кога ние ја пимплавме околу шеснаесет, без да сватиме дека шутот на маскерано и на меси од ван 16 метри беа единствената вистинска опасност. тука пак, кој требаше да реагира? како што цела сезона бевме стрпливи, од таа стрпливост ни пропадна цела сезона на самиот крај.
ќе повторам пак, несериозниот старт на подоготовки. голем грев на пеп
коцкањето на последното класико, пеп дури призна дека греши...
цела сезона се сумира на крај, незадоволен сум бидејќи верувам во потенцијалот на екипата, а резултатот изостанува. никој немаше да им замери на челзи дури и ако изгубеа 4-0. во тоа е разликата.
за позитивните ефекти, посебно за сите оние кои од разно разни причини не ја сакаат барселона, кој трауматизиран, кој исфрустриан
прв пример, изгубивме од реал, на крај нормална спортска атмосфера, немаше мајагери, немаше брцкање во око, имаше поздрав, алауз.
исто и сега, дури нашиве ги чекаа челзи на средина на терен да се поздрават со нив. мислам, каква лекција е таа? како да не ги сакаш овие деца?
утакмицата, сама по себе, целиот двобој, иако не видовме многу од игра што се тиче челзи, ама се на се, посебно овој реванш, можеби топ 3 утакмици кој ги имам гледано во живот. сета убавина што ја нуди фудбалот беше тука. дури и со пораз.
15 титули во 3 сезони? главите горе, идеме даље. барселона останува најдобра екипа и репер за оној што сака да биде најдобар. скалпот на барселона деновиве вреди повеќе од самиот трофеј. меси останува најдобар играч што некогаш се родил. пеп ги има сите состојки да биде ненадминлив. барселона останува повеќе од клуб
на крај, факторот среќа? немам коментар. не знам што тука би можел било што разумно да кажам.