Еднаквост Еднаквост Еднаквост !
Ако мислите на правна еднаквост се слагам, сите сме и треба да сме еднакви пред законот, без разлика на нацијата, религијата(ако ја има), идеологијата, расата, полот, возраста, семејното потекло, образованието, професијата... меѓутоа економската/материјална еднаквост е чиста утопија, никогаш немало ваков тип на еднаквост(економска/материјална) во историјата на човештвото, отсекогаш постоеле воглавном две класи(горе и доле) и нешто помеѓу(средина), така било во сите досегашни системи во историјата на човекот и така ќе биде се додека постои човекот како живо суштество на планетава, па дури ни кај животните нема еднаквост(ланец на исхрана) !
Како може да постои 100% материјална еднаквост кога сите луѓе се психо-физички различни, секој еден поединец претставува единствена и неповторлива креатура, некој е повеќе психички надарен, некој пак физички, некој пак и психички и физички, а некој па ни така, ни така, некој човек е домаќин/поштедлив, а некој е трошајлија, па дури и деца родени/направени од иста мајка/татко па во многу сегменти се разликуваат, брат со брат, сестра со сестра, брат со сестра. На пр. денеска на пазар одат да продаваат Трпе и Трајко, секој на своја тезга(значи посебно), Трпе направи три пати поголема заработувачка од Трајко, дали треба Трпе да му даде на Трајко дел од својата заработувачка, со цел да имаат еднакви заработувачки и двајцата. Или пак Славко има 3-4 соби вишок(цел спрат) во неговата куќа т.е. не ги користи, а да речеме комшијата Петко до него има поголема фамилија/повеќе деца и се стискаат во едно собиче/шупиче, дали Славко треба на комшијата Петко да му ги подари(гага) тие соби кои што не ги користи, секако за доброто на народот. Или пак Митко има две коли, ама едната ја користи(потребна му е), а другата кола не ја користи(нема потреба) и ја чува во гаража, арно ама брат му Јанко нема никаква кола, дали Митко треба да му ја подари(гага) колата што не ја користи на неговиот брат, само затоа што му е брат и секако за доброто на народот. Или пак во шума одат Станко и Панко за да берат некакви плодови, Станко се враќа дома со две торби полни, а Панко се враќа само со половина наполнета торба, дали Станко во името на добробитот на човештвото треба гага да му подари дел од својот плен(така да се изразам) ............... и други милион примери ......... луѓето(99,9%) се генерално себични суштества, нема врска тоа со Капитализам, отсекогаш луѓето биле себични и грабливи суштества, индивидуалисти(за себе), секој си гледа и се бори/работи најпрво и единствено за себеси, брат за брат, ама сирење за пари, милостина/гага може да ти даде само родител(ако има и ако сака да ти даде) друг нема шанса ништо гага да ти даде, ако некој нешто ти даде или подари, мора да му вратиш, услуга за услуга, а пријателства, вистински пријателства денеска тешко, а ’’пријателства‘‘ од ќар и интерес секако дека имало, има и ќе има, едноставно таква е природата на човекот, како што напиша еден член погоре, децата уште како најмали покажуваат знаци на себичност, криејќи ги своите играчки во својата детска соба, тепајќи се и кубејќи се со братчето/сестричето оти му ја гибнало количката или барбиката, тоа е тоа, лек за овие работи не постои, таква е природата на човековите суштества, така е и кај животните !