Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Епа јас мислев на сегашнава структура на државата. Сегашната е паразит врз грбот на работникот.
Значи ако ме разбра што сакав да кажам, државата исто како и човештвото треба да еволуира во некоја подобра (или можеби полоша, скраја да е). И низ историјата државата (империјата, или која и да е форма на владеење) еволуирала. Не гледам зошто би застанала на некое ниво, но целосно исчезнување е неможно. А паразити имало и ќе има.
 
Кога Маркс сонуваше за идеалното, комунистичко општество, тој барем успеа својот сон да го маскира во квази научна терминологија. Се разбира дека неговиот историцизам, и неговите сфаќања беа без проблем дебанкирани, посебно од Попер и од Колаковски.

Кај анархизмот ја немаме ни таа илузија на нужност, дека општеството неминовно се движи кон анархистичко уредување. Се што имаме еден детски сон. Сите би сакале општество базирано на солидарност, но сето тоа е бескрајно далеку од некаква реалност. 99% од човечкиот род се добиток, неспособен да погледне два метра подалеку од сопствениот моментен интерес. Себичноста на луѓето не е измислица на капитализмот, себичноста можете да ја најдете во детската соба, кога детето посега по играчките...
 
Не, ќе оди кај приватен доктор и ќе му дила мара за лек. Пума бе, прашањава...
Не викнале полиција, ретко кој анархист ќе викне полиција, баш поради тоа и пропадна градот. Немаше кој да ги тепа барабите како Пумата, тепачите дојдоа доцна.

Oд каде сега јас бараба :(
Јак е коментарот со највисок рејтинг на видеово :) Ме изнасмеа.
 
Значи ако ме разбра што сакав да кажам, државата исто како и човештвото треба да еволуира во некоја подобра (или можеби полоша, скраја да е). И низ историјата државата (империјата, или која и да е форма на владеење) еволуирала. Не гледам зошто би застанала на некое ниво, но целосно исчезнување е неможно. А паразити имало и ќе има.

Ок де, нека еволуира државата до степен на еднаквост.:P

Битно е да биде за добробит на човештвото, а во моментов не е така.

И кога некој е против апаратот-државата е пред се против денешниов концепт на истата, и уште појќе против избраниците од народот кои ја водат.:P

Бар ја мислев дека во тој правец дискутираме.
 
Oд каде сега јас бараба :(
Јак е коментарот со највисок рејтинг на видеово :) Ме изнасмеа.

Бараба затоа што сакаш да крадеш и да манипулираш. А некои на барабите, во име на слободата, им го пукнуваат носот :) Онака, хипички, розовко и со цветчиња <3

Уште една комуна во Данска како доказ?

:)

Град!
 
Бараба затоа што сакаш да крадеш и да манипулираш. А некои на барабите, во име на слободата, им го пукнуваат носот :) Онака, хипички, розовко и со цветчиња <3



Град!


Вие сте насилни. И предлагате насилство.
Ако на некој му се сака мое нешто, ќе ми го украдел.
Ако се одбранам, ќе ме сределе.
Жити добриот свет кој го предлагате.
 
Цел град? Wow !!!

Се разбира под заштита на ДРЖАВАТА Данска.

Аргументот ти е not valid...

;)

Местото не беше заштитено од страна на државата. Баш напротив, државата го направи небезбедно за присутните таму.


Вие сте насилни. И предлагате насилство.
Ако на некој му се сака мое нешто, ќе ми го украдел.
Ако се одбранам, ќе ме сределе.
Жити добриот свет кој го предлагате.

Клинот со клин се вади.
 
Ок де, нека еволуира државата до степен на еднаквост.:P

Битно е да биде за добробит на човештвото, а во моментов не е така.

И кога некој е против апаратот-државата е пред се против денешниов концепт на истата, и уште појќе против избраниците од народот кои ја водат.:P

Бар ја мислев дека во тој правец дискутираме.
А кој да ги избере бе Мики? Та нели секоја власт е од бога дадена :P , ќе си ги прифатиш како такви.
Шега на страна, подобро народот да ги избере отколку сами да се изберат.
 
Епа јас мислев на сегашнава структура на државата. Сегашната е паразит врз грбот на работникот.

Дефинирај го поимот работник друже ?!
Според мене работник е секој оној кој работи за плата, без разлика дали работи во државно или приватно претпријатие/фирма/служба и без разлика на степенот на образование(средно, високо...), условите за работа, висината на приходите(платата) и.т.н. или пак можеби сум грешка, работник е само оној кој работи во рудник, мете булевари, продава зелки, асфалтира улици, виси на скеле, копа канал ??? Зарем докторот, хирургот, наставникот, професорот, економистот, инженерот, архитектот, полицаецот, војникот, пилотот и.т.н. не се работници, па и тие работат за плата, не работат за профит како бизнисмените, или работници се само оние кои работат во полошите гранки/професии, а сите останати се ’’големци‘‘ ?!
 
Местото не беше заштитено од страна на државата. Баш напротив, државата го направи небезбедно за присутните таму.




Клинот со клин се вади.


Извини молимте, ама на кој начин јас сум насилна што не сакам да дадам кокоси кои се мои, кои јас ги најдов и јас ги набрав?
--- надополнето: 24 април 2012 во 20:19 ---
Ок де, нека еволуира државата до степен на еднаквост.:P

Битно е да биде за добробит на човештвото, а во моментов не е така.

И кога некој е против апаратот-државата е пред се против денешниов концепт на истата, и уште појќе против избраниците од народот кои ја водат.:P

Бар ја мислев дека во тој правец дискутираме.

Еднаквост во права, и денес тоа го има. Секој е еднаков пред законот.
Еднаквост по имот, моќ - не, не може и не смее тоа да го има.
 
Кога Маркс сонуваше за идеалното, комунистичко општество, тој барем успеа својот сон да го маскира во квази научна терминологија. Се разбира дека неговиот историцизам, и неговите сфаќања беа без проблем дебанкирани, посебно од Попер и од Колаковски.

Кај анархизмот ја немаме ни таа илузија на нужност, дека општеството неминовно се движи кон анархистичко уредување. Се што имаме еден детски сон. Сите би сакале општество базирано на солидарност, но сето тоа е бескрајно далеку од некаква реалност. 99% од човечкиот род се добиток, неспособен да погледне два метра подалеку од сопствениот моментен интерес. Себичноста на луѓето не е измислица на капитализмот, себичноста можете да ја најдете во детската соба, кога детето посега по играчките...



Токму болдот е сегашноста Ставрогин.

И токму тоа треба да го надмине човештвото.

Јас сум оптимист во тој поглед.
И мислам дека клучот е во развојот на науката и технологијата.
--- надополнето: 24 април 2012 во 20:20 ---
А кој да ги избере бе Мики? Та нели секоја власт е од бога дадена :P , ќе си ги прифатиш како такви.
Шега на страна, подобро народот да ги избере отколку сами да се изберат.

Не се разбравме:) Народните пратеници се у наводници.
--- надополнето: 24 април 2012 во 20:21 ---
Дефинирај го поимот работник друже ?!
Според мене работник е секој оној кој работи за плата, без разлика дали работи во државно или приватно претпријатие/фирма/служба и без разлика на степенот на образование(средно, високо...), условите за работа, висината на приходите(платата) и.т.н. или пак можеби сум грешка, работник е само оној кој работи во рудник, мете булевари, продава зелки, асфалтира улици, виси на скеле, копа канал ??? Зарем докторот, хирургот, наставникот, професорот, економистот, инженерот, архитектот, полицаецот, војникот, пилотот и.т.н. не се работници, па и тие работат за плата, не работат за профит како бизнисмените, или работници се само оние кои работат во полошите гранки/професии, а сите останати се ’’големци‘‘ ?!


Тоа е работник пријателе. Погоре Тојкатер објасни како државата собира од сите нас во текот на животот. Прочитај.
--- надополнето: 24 април 2012 во 20:23 ---
Еднаквост во права, и денес тоа го има. Секој е еднаков пред законот.
Еднаквост по имот, моќ - не, не може и не смее тоа да го има.

Мислиш ли дека навистина е секој еднаков пред законот?

Зошто не смее да има еднаквост по имот???. И што е моќ според тебе?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom