Што се случува доколку испиеш Кока-Кола?

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.157
Поени од реакции
2.756
Само Фанта преферирам ништо друго..
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
И од цигарите немаш проблеми во старт но со тек на време губиш кондиција, немаш апетит а со пушењето ти се уништуваат белите дробови и кога ќе поостариш ќе имаш проблеми. Инаку баталете вакви газирани срања (па и негазирани) составени од голем број на шеќери, боја и обична вода а ствараат зависност а ништо корисно нема во нив, ем си фрлате пари. Еве веќе месец дена немам пробано ич сок и ем подобро се осеќам, ем симнав од тоа малце вишокот сало што го имав ем не давам пари.

Со парите за кока кола купете си лимони, измешајте со обична вода и напрајте си лимонада. Ем корисно е (y)
Целата приказна во врска со Кока Кола е преувеличена, факт! Еве после 13-14 години немам никакви проблеми. Инаку се сложувам дека се што е претерано не чини. После трчање секогаш си правам сок од јаболко, портокал и лимон и убаво е, ама и без Кока Кола не можам.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Grammar nazi, прекумерно заедно се пишува.
Инаку, штетно е и 200 аспирина одеднаш да испиеш, од еден ништо нема да ти биде.
Кока колата сигурно не го подобрува здравјето, но во умерени количини не е докажано дека предизвикува некакви штети. Пак ќе кажам, во умерени количини.
Стручниот кадар на токсикологија не мисли како тебе. ;)
 
Член од
14 април 2012
Мислења
130
Поени од реакции
140
Приказни за плашење деца. Никогаш нема да дознаеме дали е вистина ова, а и да е вистина можеби не е толку трагична колку што звучи. Ако е така тоагаш пола свет до сега требаше да биде разболен и распаднат. Баталете здравствени организации и истражувања, нив само пари ги интересираат на сметка на стравот од смртта. Лажат и ич к*р не ги боли.
очаен обид со анти реклама.
Паметмо кажано :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Некој екстракт да, ама штетен е 100% не за џабе имаат таков знак ставено.
Прекумерно, не прекумерно, пак штетно така да... :D :D
А знаеш ли колку е овој воздух кој го дишеме штетен? Знаеш ли колку издувните гасови од автомобилите се штетни? А тоа се директно го дишеме... Кока-колата е најмал од нашите проблеми во денешницата.
 
М

Мартин`

Гостин

Затоа се трудиме колку што можеме да ги избегнуваме штетните работи, и воздухот да можеме некој би го избегнувал :) Инаку проверете ги на интернет некој од состојкиве E210,E212,E213, E215,E216,E247,E142,E131 кои ги содржи кока колата и се штетни за луѓето а посебно се препорачува да ги избегнуваат колку што е можно малите деца ..

Или ѕирнете го видеово колку шеќер содржи кока колата ..

И да последен пост мој тука .. сепак ваш избор е што ќе пиете, јадете, правите итн.

Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
А знаеш ли колку е овој воздух кој го дишеме штетен? Знаеш ли колку издувните гасови од автомобилите се штетни? А тоа се директно го дишеме... Кока-колата е најмал од нашите проблеми во денешницата.
Поготово за мамурлук...:sick:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Затоа се трудиме колку што можеме да ги избегнуваме штетните работи, и воздухот да можеме некој би го избегнувал :) Инаку проверете ги на интернет некој од состојкиве E210,E212,E213, E215,E216,E247,E142,E131 кои ги содржи кока колата и се штетни за луѓето а посебно се препорачува да ги избегнуваат колку што е можно малите деца ..
Не се разбираме очигледно.
Јас не велам дека Кока-Колата е здрава и дека е исто ко овошје да јадеш, само ме нервира кога ќе почнат да зборат ова е штетно, она е штетно. Магус погоре кажа, 80 посто од заболувањата се директно поврзани и со стресот, пребрзиот начин на живеење. Да, ако пиеш по 5 литри на ден Кока-Кола Е штетно, фала Богу, ама една чаша на ден нема да те убие.

Сите знаеме дека морковите се здрави, посебно за очи, така?
Не знам дали знаеш за случајот од премногу јадење моркови, деца (не ми текнува каде беше) добиле портокалова боја на кожата. Значи, се треба умерено да правиш. Тоа е клучот.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Затоа се трудиме колку што можеме да ги избегнуваме штетните работи, и воздухот да можеме некој би го избегнувал :) Инаку проверете ги на интернет некој од состојкиве E210,E212,E213, E215,E216,E247,E142,E131 кои ги содржи кока колата и се штетни за луѓето а посебно се препорачува да ги избегнуваат колку што е можно малите деца ..

Или ѕирнете го видеово колку шеќер содржи кока колата ..

И да последен пост мој тука .. сепак ваш избор е што ќе пиете, јадете, правите итн.

Непријателска пропаганда. :mad:
 
С

Само Човек

Гостин
Стручниот кадар на токсикологија не мисли како тебе. ;)
--- надополнето: 23 април 2012 во 22:15 ---
Не се разбираме очигледно.
Јас не велам дека Кока-Колата е здрава и дека е исто ко овошје да јадеш, само ме нервира кога ќе почнат да зборат ова е штетно, она е штетно. Магус погоре кажа, 80 посто од заболувањата се директно поврзани и со стресот, пребрзиот начин на живеење. Да, ако пиеш по 5 литри на ден Кока-Кола Е штетно, фала Богу, ама една чаша на ден нема да те убие.

Сите знаеме дека морковите се здрави, посебно за очи, така?
Не знам дали знаеш за случајот од премногу јадење моркови, деца (не ми текнува каде беше) добиле портокалова боја на кожата. Значи, се треба умерено да правиш. Тоа е клучот.
детето имало прблем друг, какви моркови, хаха Од Британија беше
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Абе деца, за некои кои имаат проблеми со шеќерот како мене, задолжително е, значи да повторам, ЗАДОЛЖИТЕЛНО е да си носат лименка кока кола или чоколадо во ранец, ташна, било каде. Кога ќе се случи да ти опадне шеќерот наеднаш, само кока колата од напитоците и чоколадото од јадењата може да ти го врати шеќерот на нормала наеднаш и да не се тресеш ко наркоман или да се струполиш негде, Боже сачувај.
Не може некој да ми каже да престанам да пијам кока кола само заради вакви текстови (а пренапумпан е, факт). Ќе пиеш кога ќе сакаш, не секој ден фала Богу. Што и да јадеш/пиеш секој ден ко зависник е штетно, не само кока кола.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
--- надополнето: 23 април 2012 во 22:15 ---

детето имало прблем друг, какви моркови, хаха Од Британија беше
Не, не беше во Британија. 100 посто сум сигурна дека беше нешто со премногу јадење моркови.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
365
Поени од реакции
112
Не се разбираме очигледно.
Јас не велам дека Кока-Колата е здрава и дека е исто ко овошје да јадеш, само ме нервира кога ќе почнат да зборат ова е штетно, она е штетно. Магус погоре кажа, 80 посто од заболувањата се директно поврзани и со стресот, пребрзиот начин на живеење. Да, ако пиеш по 5 литри на ден Кока-Кола Е штетно, фала Богу, ама една чаша на ден нема да те убие.

Сите знаеме дека морковите се здрави, посебно за очи, така?
Не знам дали знаеш за случајот од премногу јадење моркови, деца (не ми текнува каде беше) добиле портокалова боја на кожата. Значи, се треба умерено да правиш. Тоа е клучот.
Магус не е во право. Процентуално причината е генот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom