Фан клуб: МЗТ Скопје

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Jas iako sum navivac na Rabotnicki i po deffault treba da gi mrzam mzt sepak vo finalevo navivam da ja zemat mzt taa ebana titula samo zaradi mojot klub.Bolje ovaa godina neka ja zemat i site zadovolni i srekni i da se nadevame deka narednata godina ke se trgne politikata od sportot i ke gledame kosarka pred se realna bez podmetnuvanja i sopki na konkurentite.
Vo celava prikazna narecena MZT premnogu pari i politika se vrtat okolu klubot i naselbata aerodrom i mnogu raboti zavisat od taa mocana titula taka da smesen mi e Emil so negovite reakcii...ili Emil e totalno glup i ne znae so koj si ima rabota ili pa e krajno lud ako misli deka so negovite soopstenija po vesnici deka ke smeni nesto.Cim starci kaj mene vo maalo koj pojma nemaat za Rabotnicki,Feni ili Mzt posle natprevarot vo sredata vikaat deka sudiite se lopovi-sto ponatamu da se zbori.


За тебе имам само една фраза , затоа што се гледа дека граничникот ти е во минус... Магарето му рекло на зајакот имаш големи уши...
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
МЗТ го враќа ударот: Фрај имаше инструкција да направи инцидент за прекин

21
АПР 2012​
10:02​

Нецели 24 часа по соопштението на Фени индустри во врска со случувањата на првата средба од плејоф-финалето во средата во Скопје, со свој став и одговор на обвинувањата на кавадарчани се јави и Управниот одбор (УО) на МЗТ Скопје преку својот претседател Сашо Босилков, кој писанието на кавадарчани го оценуваа како полно со инсинуации, невистини, злонамерни конструкции, небулози и полно со алиби изјави и обвинувања без факти.


Во МЗТ се незадоволни од омаловажувањето на нивната победа во средата
„Барањето на Фени И. за одлагање на натпреварот во средата беше поткрепено со лажни објаснувања и оправдувања и што е најважно чекаа да почне најголемиот христијански празник за да го достават нивното барање. Јавноста треба да е свесна дека никакво одложување не беше од корист на Фени, туку само од калкулантски побуди – нивното барање за играње порано беше поради нашиот четврти натпревар со Торус додека делот за целосно одлагање ние не го прифативме заради тоа што ќе се нарушеше календарот за подготовки на репрезентацијата. А, малку е познато дека и ние побаравме одлагање на нашата средба од 4. коло на регуларниот дел во Кавадарци, поради труење со храна на четворица наши кошаркари, но тие тоа барање ни го одбија со образложение дека сите билети биле продадени. Тогаш ние не излеговме со соопштенија по медиуми, туку и покрај поразот, спортски им честитавме“, се вели во првиот дел од соопштението.
Челниците на тимот од „Јане Сандански“ во продолжение обрнуваат внимание на таканаречениете инциденти на играчите на Фени И. со навивачите на МЗТ.
„За наводниот инцидент Џарид Фрај со дел од навивачите, не би сакале да полемизираме, доволна е изјавата на комесарот Макревски, кој отворено праша што бараше нивниот играч на трибините. Сигурни сме дека дел од инструкциите биле да се предизвика намерен инцидент, за да дојде до прекин на средбата. Во врска со притисокот зад нивната клупа, што толку правеа навивачите, освен што навиваа? Згора, тоа место беше предвидено за нивните навивачи, ама нив од за нас непознати причини ги немаше. И во други сали им висат над глава, ама таму не им пречат, зошто победуваат. И ние ги имавме истите притисоци кога играме на гости, и кога ние реагиравме, Фени си молчеа, зошто се работеше за нас, и јавно одбија да се приклучат кон нашиот повик за еднаков третман на сите тимови. Ние сме единствен клуб на кој ја испразнија салата сезонава, игравме дерби без публика, бевме казнети за радување на навивачи после освоен Куп“, дополнувааљт „металците“.
Во сино-белиот табор имаат замерки на однесувањето на кавадаречките кошаркари по куп-финалето, како и однесувањето на актерите од нивниот табор.

„Фени ни ја омаловажи победата на финалето на Купот, но ја омаловажи и македонската кошаркарска федерацијата на која се повикуваат сега, вадејќи ги медалите веднаш по нивното доделување. МЗТ има добиено само три технички грешки сезонава, нашиот тренер не скока и навредува судии како некои други, нашите репрезентативци не тропаат по записничка маса како Марјан Ѓуров, нашите играчи не плачат по медиуми за односот на пртивничките навивачи кон нив, па дури и кога навредите доаѓаат од истите тие кои го славеа својот сограѓанин во септември 2011 година по четвртото место на репрезентацијата на Македонија а ЕП во Литванија“, коментираат во МЗТ.
УО на тимот од „Јане Сандански“ се сомнева дека соопштенијата што се потпишани од УО на Фени И. се своевидно алиби на поединци од нивните редови.
„Би прашале јавно дали со овие соопштенија одредени поединци од Фени си бараат алиби? Дали истиот тој УО на Фени, кој го потпишал соопштението, стои зад заканите на својот тренер, искажани во ходникот после натпреварот во присуство на многу сведоци, дека МЗТ ќе биде линчуван следиот пат кога ќе дојде во Кавадарци? Прашуваме дали е точно дека откако снимката од нашата победа во Кавадарци беше прегледана и не беа откриени судиски грешки на штета на Фени, дали членови од управата на овој клуб се јавиле на судиите на натпреварот со извинување за неспортските изјави на својот тренер?“, се праѓуваат предводниците на МЗТ.
Според луѓето од населбата Аеродром, специјалната војна на Фени И. против МЗТ почнала многу пред финалната серија.
„Фени започна специјална војна во медиумите против нашиот клуб и против судиите уште по губењето на комотната прва позиција на табелата во вториот дел на првенството, а ја интензивираше по нивниот пораз во Кавадарци во последното коло од Суперлигата, изгледа во немоќ на човекот кој треба на својата управа да објасни зошто загубил. До сега не сакавме да коментираме, но сега ја поминаа границата на толеранција. Треба ли тука да ги споменуваме поплаките за притисоците кои доаѓаат од Фени во врска со делегирањето на судии? Или физичкиот напад над бремена сопруга на противнички кошаркар, и тоа на мајсторка на финале на плеј-оф. Или телефонското малтретирање во доцни вечерни часови на противнички играчи, вечер пред финални натпревари? Или јавувањето пред неколку седмици и врбување на противнички кошаркар од нивниот противник на полуфиналето, со ветувања на договор доколку одигра слабо. Дали да го коментираме плаќањето на навивачи по 1.000 денари за да седат зад клупата на гостите и да го навредуваат поранешниот селектор Докузовски? Да говориме ли за организираните погреби на живи судии? Дали сега не ви е јасно од каде потекнува сета зла крв во мак-баскетот последните четири години? Да не е повторно МЗТ Скопје виновен и за тоа?“, велат во соопштението луѓето од МЗТ.
На крајот од УО на скопскиот тим имаат порака то тој што го пишувал соопштението на Фени И.
„Нели е на сите јасно дека Фени имаа одлични сезони кога немаа конкуренција. Сега, кога наидоа на некој подобар, сакаат да се откажуваат, па дури и ги повикуваат другите клубови да се откажат. А, почитуван неименуван автор на соопштението на Фени, сите знаеме дека блефирате, дека ниту ќе се откажете, ниту ќе играте со јуниори, затоа што за таква одлука треба човек со доблест и храброст, а вие таков немате, никој нема храброст дури ни да се потпише под сооппштението со име и презиме, а не пак да ја откаже екипата од играње на финалето. Паника, алиби, блеф, очајнички обид за притисок. Пријатели, МЗТ освојувал како аутсајдер, губел и како фаворит, но никогаш не помислил да се откаже од натпреварувањето. Тоа е разликата помеѓу големи и мали клубови. Но, она што нема да го дозволиме е да ви успеат овие провокации“, се вели на крајот од соопштението на МЗТ потпишано од претседателот на клубот, Босилков.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.983
Поени од реакции
1.264
Па што им пречи сега термонов на Аналниве и така натпреварите ги пренесуваат на 5+, не гледам никаква пречка освен дека се неспособни.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
И дефинитино натпреварот е во 20.30 часот задутре (чеврток). Едноставно екипата на Фени Индустри реши покрај војната со МЗТ Скопје, да оди и против обичниот гледач кој за прв пат по осамостојувањето на Македонија ќе биде ускратен од правото да гледа финале во кошарка од домашното првенство. Останува да се надеваме на победа која што ќе не одведе на само еден чекор до посакуваното. МЗТ Скопје има пет последователни победи против Фени...ОДИМЕ НА 3-0 !!!
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Ако изигра на ниво дечкото со број 15 ондак си тепаме :)
Од Гечевски, Мијајловиќ и Огнен очекувам одлична партија, а и играат без големи варијации ко Станко.Затоа ако Станко изигра добро под кош, 3-0 не ни бега :)
 

Cuore |nter

inter4life
Член од
14 јануари 2010
Мислења
504
Поени од реакции
140
Гледам basketball.org.mk најавиле стрим за вечер. Дали некој има искуство со стримовите од странава, добро се гледа, сецка ...?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Дали знае некој кога би се играла наредната во Аеродром. Само да не биде недела. Вечерва очекувам победа во Кавадарци. Ќе одат ли Family?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom