Смирете се малку. Сите сме гневни, полни со омраза и негативно наелектризирани. Случкава не е лесна. Читајте ги изјавите на сите и од овде и од надвор меѓу редови, сите повикуваат на внимателност и ги смируваат страстите. Овде големи работи се вмешани, мене ми мириса на група организирана да ги запали меѓуетничките односи кои изминативе неколку месеци не се баш добри. Како ќе го запалиш мирниот Македонец, освен ако не го удриш таму каде највеќе го боли. Настанов е добро планиран, 5 Македонци, брутално убиени, мирни луѓе без криминално досие, во пресрет на важен христијански празник, каде мнозинство од народот се верници. А тоа е директен атак и сценарио за влошување на кревките односи во општеството, се со цел да се дојде до граѓанска војна која ќе се префрли на одредени места. Ако тоа се случи ќе се појават некои паметни глави кои ќе вадат теории дека оваа држава е кревка и нема да опстане, ако од некои работи не се откажеме. Само нека ви текне на изјавата на Мирка (знам сеа дека некој ќе ме цитира зашто се повикувам на неа) како доаѓа самитот на НАТО, толку притисокот ќе биде поголем и со поголеми последици. Престанете со тие повикувања на војни. Се запрашавте дали таа војна е најдоброто можно решение во ситуацијава. Само нека ви текне дека на протест неможе 500 луѓе да се соберат, кој очекувате да војува ако дојде до тоа.