Имаше недоумици претходните страни за тоа дали постои доживотен затвор во Македонија. Не само што постои во Кривичниот законик, туку опфаќа широк опсег на дела:
Член 123 од Кривичен законик на РМ
(1) Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет
години .
(2) Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни
тој што :
1)друг ќе лиши од живот на свиреп или подмолен начин,
2)друг ќе лиши од живот при вршење на семејно насилство.
3)друг ќе лиши од живот и притоа со умисла ќе го доведе во опасност
животот на уште некое лице,
4)друг ќе лиши од живот од користољубие, заради извршување или
прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други
ниски побуди ,
5)друг ќе лиши од живот по порачка,
6)ќе лиши од живот женско лице за кое знае дека е бремено или
малолетно лице и
7)ќе лиши од живот судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на
неговата функција , односно дејност или службено или воено лице при
вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на
должноста чување на јавниот ред , фаќање на сторител на кривично дело
или чување на лице лишено од слобода.
(3) Со затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор тој кој со
умисла ќе лиши од живот две или повеќе лица, за кои претходно не му
било судено , освен ако не се работи за кривични дела од член 9 став (3),
член 10 став (3) и членовите 124, 125 и 127.