Македонски урбани легенди

  • Креатор на темата Креатор на темата Commando
  • Време на започнување Време на започнување
- урбана легенда бр 2. ( за старо Скопје пред “63год. )

Долго време највисока зграда во Скопје беше „ Работнички Дом “
(по ново ССМ)па и сега доминира во центарот на градот а изградена е неколку години пред земјотресот.
за време на катастрофалниот земјотрес, остана не чепната-читава
ЗОШТО ?
одговорот го знаеше чика ЈОВО, но тој беше во тоа време во затворот
Идризово, на издржување на казна за злоупотреба на овластувањата
и сомнение за кражба. Но по земјотресот е ослободен од тие обвинувања и пуштен на слобода но морално скршен, и уште едно
ЗОШТО ?
чика Јово беше дипломиран градежен.инжињер завршил во Загреб.
(родум од источна Македонија, Фамилија немаше створено)
И беше главниот за изградба на таа зграда проектант или архитект.
Власта тогашна му нашла дека ставил многу бетон и железо за изградба
на истата зграда (сигурно им фалело некоја шипка арматура која била
вградена во темелите)
Времето покажа дека не се во право,а тој невин си одлежа неколку
години но психички неправдата го уништи и не можеше потоа да се
врати во живот. Помина долго време во болница Бардовци.
Остана така цел живот сам, осакатен и скршен. Одамна е починат.
 
Секта биле...ако ти текнува оној глумецот што глумеше во оние приказните..."кога заоѓа сонцето, денот што го позлатува, едно дете сонува...."....со долгата коса, се има џитнато од зграда у Капиштец ама порано.Демек се жртвувал.

Ја за тој дечкото имам слушнато дека за девојка рипнал, не ради секта..:confused:
 
Да има црн камен кога се качуваш на пмф нагоре по скалите од десна страна али не е за исполнување желби и не се прават одредби :pos2:
На каменот се положуваат свеќи за сите што настрадале во тој предел (порано ептен често се случувале насилства, најмногу силувања)
Јас имам слушано друга приказна...Тој црн камен е гроб на некоја жена која мнооогу одамна владеела ...но била болна од некоја не излечива болест...Имам видено со свои очи,како врз каменот ставаат бебе кое плаче,голо легнато на каменот и со запалени свеќи нешто мрмореше една жена...прв пат кога го видов тоа се стаписав.Секогаш покрај каменот има остатоци од облека...чорапи,веш нешто такво...викаат дека доаѓаат тука поради здравствени проблеми.
 
Арно Данило Коцевски собира и пишува хроники за Скопје, ама кој да ги чита?
Кога ќе дознаете за Гази Баба, кој бил, што бил и слично, само ќе ви се каже што е и тој каменот на патот покрај скалите кон ПМФ.
 
Многу арогантен одговор, не знам дали ќе ти се свиѓа кога во некоја од другите теми ќе прашаш нешто и ќе добиеш ист како твојот.

Еве за тие што ги интересира што вика Данило Коцевски, мислам дека некој ја имаше пишано неговата приказна тука ама кој да чита (од ново).
http://www.kralemarko.org.mk/default-mk.asp?ItemID=4997D0778A4A98428E3CD2B51E179FAB
--- надополнето: 28 мај 2012 во 01:57 ---
Јас имам слушано друга приказна...Тој црн камен е гроб на некоја жена која мнооогу одамна владеела ...но била болна од некоја не излечива болест...Имам видено со свои очи,како врз каменот ставаат бебе кое плаче,голо легнато на каменот и со запалени свеќи нешто мрмореше една жена...прв пат кога го видов тоа се стаписав.Секогаш покрај каменот има остатоци од облека...чорапи,веш нешто такво...викаат дека доаѓаат тука поради здравствени проблеми.

До сега немам видено такви работи ама имам видено жени обично таму во близина како седат и имам видено на клупата над „базенчето“ што е таму како се плескаат :)
 
Најголема Скопска урбана легенда е онаа за куќата во Црниче или Пржино заборавив точно. Не сум бил никогаш таму а баш сакам да видам што чудо е тоа и какви чудни случки, духови и вампири се случуваат таму, ама никој не ме дружи.
да да зелената куќа....уууу...језиво...порано знаевме цело друштво да отидеме и да се глупираме у ниедно време!
 
Wtf? o.0 Ja sum od nl,gi znam kulite,znam deka mnogu luge se dzitkaa od edna od 3te kuli,ali,interesno,neznaev deka crkvata e radi toa napravena...inace,kaj i da e,ke se dzitne nekoj pak :) Surush ko ke izleze od zatvor.. :helou:
Kaј се тие три кули... Јбг, се мислам дека живеам во едната :S
 
Многу арогантен одговор, не знам дали ќе ти се свиѓа кога во некоја од другите теми ќе прашаш нешто и ќе добиеш ист како твојот.

Во право си, се извинувам.
Сакав да дадам шеговит коментар, ама денес не ми изгледа на шеговит.
 
Во право си, се извинувам.
Сакав да дадам шеговит коментар, ама денес не ми изгледа на шеговит.

Јбг и јас може грубо изреагирав, стави бар смајлиња кога се заебаваш :)
 
Хак, геју низаеден! Поздрав од ШТИПЈАНЕЦО

П.С купи си нови ролери
 
vila-kristina.jpg

Дали има некој влезено овде?
И доколку има, дали би можеле да ми кажете нешто повеќе за тоа
каде точно се наоѓа куќава и нешто повеќе за неа..
Фала однапред
 
Глупо е направено видеово и репортериве се лоши актери, така да подобро ви е да го исклучите звукот и да разгледате какво е местото
 
Дали има некој влезено овде?
И доколку има, дали би можеле да ми кажете нешто повеќе за тоа
каде точно се наоѓа куќава и нешто повеќе за неа..
Фала однапред
Да користеше малку Search ке увидеше дека има повеќе теми отворени за "замокот" еве ти повеќе информации КЛИК
 
vila-kristina.jpg

Дали има некој влезено овде?
И доколку има, дали би можеле да ми кажете нешто повеќе за тоа
каде точно се наоѓа куќава и нешто повеќе за неа..
Фала однапред

Запази го моментот на 17:15 кога се појавува нешто spooky...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom