6-те најморничави места во светот

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ау јако, треба да се посетат некој. Иначе за Скопје ме мрзи да вртам наназад да видам дали има за оваа куќа.
Куќава ви е добро позната се наоѓа во населбата Црниче.
Скопјаништа ако сакате можеме да ја посетиме. :D




Никој не се осмелува да го разбива проклетството на куќата на стравот во Црниче

Легендата за зелената куќа-замок на улица Востаничка во населбата Црниче, која датира од пред Втората светска војна, вели дека ја бие проклетство и секој кој ќе се всели во неа ќе заврши трагично. Според локалното население, повеќе браќа кои живееле во неа делеле заедничка несреќна судбина, која се верува дека била поврзана со лошата карма на нивната куќа.

До денес, никој, освен зависниците од дрога, не се осмелува да влезе во куќата.

- Меѓу нас е позната како куќа на стравот. Прикаската за ужасната судбина што ја носи оваа куќа се пренесува од генерација на генерација. Херојско дело беше порано меѓу децата ако некој влезе макар и во дворот на замокот, но, сега е претворена во дувло на зависници од дрога - вели жител на Црниче.

Управата за заштита на културното наследство отвори инцијатива за заштита со закон на зелениот замок, кој со својата градба се издвојува од скопската архитектура и го привлекува вниманието на секој минувач.

- Сé уште немаме добиено решение за заштита. Ја разгледуваме секоја можност, но, во зависност од тоа што ќе одлучат стручните екипи, ние ќе дејствуваме - изјавија од НУ Конзерваторски центар- Скопје.

Куќата е препродавана повеќе пати, но, никој од новите сопственици не се осмелува да преземе какви било активности за нејзина реконструкција.

Во Црниче се шпекулира дека сепак се работи многу повеќе за нерасчистени имотно-правни односи отколку за страв од духовите кои ја прогонуваат.

Сепак, кој и да биде последен сопственик што ќе реши да ја реконструира, Конзерваторскиот центар ќе се обиде да издејствува да се имплементираат делови од постојната градба за куќата да го задржи уникатниот стил.

- Имаме комплетна техничка документација за постојната состојба, која ќе послужи во реконструирањето на новиот објект. Ние ќе наложиме во новата градба да се имплементираат делови од старата - велат од Конзерваторскиот центар.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Ау јако, треба да се посетат некој. Иначе за Скопје ме мрзи да вртам наназад да видам дали има за оваа куќа.
Куќава ви е добро позната се наоѓа во населбата Црниче.
Скопјаништа ако сакате можеме да ја посетиме. :D





.
На времето со друштво идевме овде навечер да видиме шо се дешава :D
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
И ние отидовме, ама не влеговме.:pos:
Јас не се сеќавам баш најдобро, беше пред 10 години негде, некој мислам дека влегоа, а останатите не зш едвај беше проодно, имаше многу дрвја и грмушки израснато, за да влезеш требаше лом да се направиш и испоќинеш:D
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас не се сеќавам баш најдобро, беше пред 10 години негде, некој мислам дека влегоа, а останатите не зш едвај беше проодно, имаше многу дрвја и грмушки израснато, за да влезеш требаше лом да се направиш и испоќинеш:D
Сеедно ако сака некој од форумов да се организираме и да посетуваме вакви места во Скопје. :D
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Сеедно ако сака некој од форумов да се организираме и да посетуваме вакви места во Скопје. :D
Не се многу интересни овие во Скопје, во странство појако е. На пример таа шумата во Јапонија (не ми текнува како се викаше).
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не се многу интересни овие во Скопје, во странство појако е. На пример таа шумата во Јапонија (не ми текнува како се викаше).

Изгледа се плашат мамините мази. Не им се иде. :pos:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Јас сум повеќе за шумава. :pos::pos::pos:
Шо ќе ми е Јапонија бе, чекај да видиш кога ќе пораснат дрвата што ги садиме последниве години. ;)
Иначе еве од Романија еден замок, делува морничаво​
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Јас сум за сериозно да одиме на вакво нешто. Но не секој има гз да оди. :pos::pos::pos:
 
S

Sagan

Гостин


Куќава ја има таа несреќа да биде грда комбинација меѓу неколку архитектонски стила, пред се беј-ен-гејбл и џорџијански, кои сме ги гледале во филмовите со духови, чудовишта, убиства и самоубиства... Едноставно грда е, одбивна, зрачи со негативна енергија.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Што толку отекувате со куќата у Црниче, какви духови, вампири, сенки. Се што ќе начекате таму е неред, ѓубре и шприцови од наркомани.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Аман луѓе, ништо нема во таа куќа, само таква е чудна градбата и одма муабети почнуваат да се вадат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom