Македонски урбани легенди

  • Креатор на темата Креатор на темата Commando
  • Време на започнување Време на започнување
Kukata na stravot vo Radishani...picku mater...i den denes mi doagaat mornici koa ke se potsetam na taa zapustena kuka kajsto ides ides i naednas od kaj kukata iskaca crno topce dopiraat zvuci na vrisoci do tebe, bebinja kako placat...uste mi doagaat mornici..eve i sea se naeziv...da da...i sea se naeziv koa ke mi tekne kako me plasea i lazea golemite od maalo..:)

Прати слика да видиме...
 
И јас исто имав слушнато за Црна Ружа, ама не ми текнува што беше фората, ко демек секоја година се фрлале двајца од негде за не знам што:toe: ... Глупости, иф ју еск ми.
 
До Јаја Паша џамијата има една градинка. Во дворот на таа градинка има остатоци од градба, мислам дека од старата џамија дека се. На времето кога ја граделе градинката, со багер сакале тие остатоци да ги исчистат, но багерот се превртел. Не се сеќавам точно дали некој погинал, но откако безуспешно неколку пати пробале да ги тргнат, на крај ги оставиле. И денес може да се видат во дворот на градинката, покрај улица.
 
Денес сестра ми ми кажа за некоја другарка што била пред некоја вечер нагоре накај Радишани не знам некое место Две реки што го викаат и дечко и им рекол на сите да си одат пред 12, зошо во периодот од 12-01 се појавувале некои бели ствари наводно духови и се што било во движење се превртувало, така имало двајца таксисти што им се појавиле два духа и одма им се превртела колата.....
Абе ајде......
 
Јас не сум од Скопје но знам нешто за некој си ЦРН камен што исполнува желби... незнам детали но е близу ПМФ и е остаток од нешто религиозно или пак гробишта. Само знам дека каменот е црн и дека се правеле некои чудни обреди...

бат ден аген, јас не сум од Скопје.


Првпат слушам. Дај кажи подетално, јас студирам на ПМФ :vozbud:
 
Црна ружа не е легенда. Црна ружа постои вистина. То е една сатанистичка секта која е појавена на балканот. Овие се стварно организирани. Стварно организирано работат. И се што сте слушнале за нив дека демек жртвувале луѓе или слично е погрешно. Тоа е фактички религија. И не е ништо слично како што луѓето и црквата го опишуваат тоа. Јас случајно добив покана да се приклучам на оваја секта. Не знам како испадна ама реков дека не сакам ниту една религија и дека сум атеист. Направив малце муабет со еден од највисоките свештеници од сектата. Човеков се представи како Волчко. После ми го кажа и вистинското име ама не кажувам кој е тој пошо ми рече да не кажувам. И тој мене и ми објасна се за Црната Ружа. Јас голем број од работите заборавив ама можам да кажам дека не е ни блиску како то што го опишува црквата христијанска и луѓето што не знаат што е тоа. Нивнaта филозофија е Fight fire with fire. На злото со зло. На доброто со добро. Или Не прави го на другиот тоа што не сакаш тебе да ти го прават.
 
Денес сестра ми ми кажа за некоја другарка што била пред некоја вечер нагоре накај Радишани не знам некое место Две реки што го викаат и дечко и им рекол на сите да си одат пред 12, зошо во периодот од 12-01 се појавувале некои бели ствари наводно духови и се што било во движење се превртувало, така имало двајца таксисти што им се појавиле два духа и одма им се превртела колата.....
Абе ајде......
леле бегај пред месец дена другар во 12 по полноќ ме однесе накај две реки по едно патче и ми вика тука искачале самовили и кога ми кажа тоа му дигнав рачната и викам врти назад. да видите само какво беше тоа патчето: тесно едвај спаркот поминува и од страна само високи дрва... и ништно да нема ќе се посереш
 
А го виде некој лани вампирот у парк?
Лани ова време одприлика, 10-11 саат навечер негде, паркот пун и од нигде излага еден тип во црно, косата залижана наназад и со црна наметка. Скока ли рипа типот мафта со наметката, па ќе седне на скали ќе ги гледа луѓето и има упаќа некои погледи...
Али сите буквално покажуваа со прст накај него и се газеа од смеење, а да им се појави ви стариот дел на пакот тоа време, и да нема никој друг, ќе се испосерат....
Незнам дели беше некој забеган или па некој што само се зезал...
 
Најголема Скопска урбана легенда е онаа за куќата во Црниче или Пржино заборавив точно. Не сум бил никогаш таму а баш сакам да видам што чудо е тоа и какви чудни случки, духови и вампири се случуваат таму, ама никој не ме дружи.
 
леле бегај пред месец дена другар во 12 по полноќ ме однесе накај две реки по едно патче и ми вика тука искачале самовили и кога ми кажа тоа му дигнав рачната и викам врти назад. да видите само какво беше тоа патчето: тесно едвај спаркот поминува и од страна само високи дрва... и ништно да нема ќе се посереш

каде е точно тоа место?
после радишани?
 
Леле 18 години живеам во ск и прв пат слушам за вакви некои приказни или "урбани легенди" ај кажете и некој други жими се ќе идам ќе ги испитам.
 
Вчера ми кажаа за некои разрушени куќи кај Нерези.
Имало некоја куќа и пред да влезеш се качуваш на скали и баш кога ќе си ја поминел првата скала мора да се сопнеш, после тоа влагаш внатре во куќата и има огледало пред тебе и се гледаш сам себеси и некако језиво било тоа. Вака нешто беше.
 
Да да после Радишани.
На две реки е милина да седиш тоа време. Нема шанси такво нешто да се појавува лол. Поекогаш и журки на отворено има.
 
Црна ружа - постои, не ми се збори за тоа.
Куќата во Црниче - сум влегол али беше денски, ништо чудно, само језиво беше( за навечер не се осмелувам да влезам).:baeh:
Незнам дали знаете местото каде што сега се наоѓа Ino Spektar во кисела вода, е изградена врз гробишта. Викаат се гледале духови навечер, али не сум доволно информиран, ај сеа кога ќе искочам, па вечер ќе дополнам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom