Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Мое мислење е дека екипи како Аустрија се во нашиот домен односно и ние сме во нивниот, со една постава на паркет играат цела утакмица значи ротација 0, тактика на минимално ниво, ние покажавме дека во одбрана можеме да бидеме и сирење и челичен ѕид таа одбрана со Данска беше како од книгите на Лино кога ја водеше Хрватска до финалиња ама да се прашаме со колкава клупа ние одигравме тоа што одигравме. Значи нешто не штима тука, бидејќи почнавме пак да си ја пееме старата песна прво на терен па потоа и на прес и зад сцена, караници препукувања, лажења. Кој прати од времето се овие препукувања.

ПС. Иако Шундовски не сакаше да именува кој потфрлил во Шведска, средниот бек, Наум Мојсоски го стори тоа. Телетабис :facepalm:
тука се сложувам со тебе, но да се потсетиме и дека сме исто што и бразил и тоа они играа без нивниот најдобар играч од бундес лигата, а јас ќе си ја додадам и мојата филозофија за австриците дека се германци кои го имаат позитивниот биланс кога играат против нас. така да ако не се смени во играчки кадар и да ги изненадиме со неко јнов играч како стоел на евроспкото не верувам дека ќе ги поминеме.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Австрија ќе не елиминира ви гарантирам. Овие нашиве од РФМ нема да можат ништо со судии да смучкаат пошо во Австрија е седиштето на ЕХФ, ке летаат глави. Затоа очекувајте пораз ако не се смени ништо во екипата. Австрија може да се добие само ако заслужиме никако поинаку, а со овој тренер и екипа и тактика губат сигурно.
И тактика сме имале ? :P Инаку за Австрија на сите би требало да ни е фрка, а најмногу на тие во раководството и играчите, а мислам дека се во филм 5 место на ЕП им е алиби и мислат дека само ќе излезат на терен и се ќе е готово 10 гола разлика за нас.Поради тој филм и квалификациите за ОИ завршија вака неславно.
Резултатите на Австрија од квалификациите за ЕП се предупредувачки, особено ако видиме дека добро играле со фаворитите.А од друга страна се помачиле со непознатата Латвија на гости, нешто слично на нас.А со Германија во гости нерешено, 6-14 на полувреме :eek:. Само за 1 бод не се пласираа.Двајца играчи им се во Бундес (Силаги и Вебер/Фленсбург и Магдебург), еден поранешен играч на Адемар, еден во Слован и другите се скоро сите домашни и Швајцарија.Макар шо појма немам за нив и освен за Силаги првпат слушам за другиве и не знам дали се на клупа или со минутажа.
Ако играме како во Гетеборг, го јадовме.Нека му ја мислат уште од сега за анализи и гледање видеа, нека не ја повторат истата грешка.И да видиме некаква тактика.
aus.jpg
 
M

Mario Gómez

Гостин
АУстрија се фаворити, сигурно и нашите така ќе ја викаат како што Маџарска неможат од уста да ја извадат.:icon_lol:
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Зошто не се пласиравме на ОИ? Едно прашање, илјада одговори...
Два дена по поразот од Бразил и комплетирањето на фијаското наречено „Гетеборг 2012“, забележливи се обидите овој неуспех да се прикрие со добро познатиот рецепт на луѓето во РФМ – ќе минат два-три дена, бурата ќе пројде, луѓето ќе заборават, па ќе си тераме по старо. ЕКИПА ќе настојува пропуштената историска шанса така лесно да биде заборавена и уште еднаш ќе потсети на тоталното фијаско во Шведска, посочувајќи на дел од причините зошто ракометната репрезентација не се пласираше на ОИ во Лондон:
- Затоа што Шундовски уште еднаш покажа дека нема никаков авторитет врз играчите, а во професионалниот спорт дисциплината е еден од основните предуслови за успех.
- Затоа што играчите се однесуваат како локални шерифи, па и кога Шундовски конечно ќе собереше храброст да каже како да се одигра конкретна акција (последната против Бразил), тие го сторија токму спротивното
- Затоа што селекторот со својот помошник Андон Бошковски беа горди на тактиката од Србија и воопшто не помислија дека ако не променат нешто, ќе бидат прочитани како „селски буквар“
- Затоа што Бошковски се истрча по медиумите со „одличната анализа на противниците“ (а на теренот се покажа колку е само тоа далеку од вистината), па сега вината ја бара секаде, само не кај себе
- Затоа што националниот тим ни е така затворена група што ако еднаш излезеш, никогаш повеќе нема да ти дозволат да се вратиш (Раде Стојановиќ), а доколку не си бил дел од неа, никогаш нема ни добиеш шанса да докажеш дека вредиш (Горан Кузманоски)
- Затоа што ракометот ни е поделен на „михајловисти“ и „минчовисти“, па мора да си или од едните, или од другите
- Затоа што поради тие каприци на големите газди (или на луѓето околу нив), натпреварот е дали Металург или Вардар ќе даде повеќе репрезентативци, а не дали тие се доволно добри да настапуваат за националниот тим (токму затоа Гоце Георгиевски не отпатува за Гетеборг)
- Затоа што никој до ден денешен не кажа јасно и гласно, зошто Филип Лазаров е еден од најстандардните член во националниот тим, па како против-услуга мора да се повика и Златко Мојсоски, без оглед на фактот дека тој одлично си ја искористи шансата во Гетеборг
- Затоа што на некого му беше смешно, некому и трагично, но сите играа во ист ритам по нотите на Марјан Начевски, па додека противниците полнеа батерии во карантин, македонските ракометари беа „на сликање“ со печалбарите
- Затоа што само Стевче Алушовски е вистински голем, излезе во јавноста и ги кажа работите токму онакви какви што реално се: „Срамота е, не треба да летаме во облаци“. Тоа е големината на вистинските спортисти, а сите останати со главата надолу вината ја бараат кај секој друг, на некоја сосема погрешна адреса.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Абе ако не викнат асален лев бек џабе дробиме, Австријците не се од вчера ќе набават снимки ќе видат дека треба Киро и Мојсо да ги отсечат и крај на приказната.На Киро ке му закачат двајца, на Мојсо еден да го пресретнува во влегувањето и да го лупа одземја повремено....Ејјј не ми се верува дека ниеден аналитичар нити новинар не кажа ни за Србија ни за претходните изгубени квалификации ни за сега во Гетеборг која ни е најслаба алка во репрезентација.....Ние сме единствена репрезентација у Европа па и во свет изгледа која игра 50/55минути без лев бек во игра :facepalm:
 
Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
Џабе зборите.... Кире е најдобар и сигурен сум дека ке не одведе на светско.....Ако тоа за вас не е успех тогаш нека ви биде успех 5-то место у квалификации у фудбал!!!!
И потобро Македонија со Кире и Шундо него со Червар и без Кире тоа го тврдам!!!
 
Како што не однесе на ЛОИ, сигурно така ќе не однесе и на СП. Па да добиеме уште еден дебакл од Австрија.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Џабе зборите.... Кире е најдобар и сигурен сум дека ке не одведе на светско.....Ако тоа за вас не е успех тогаш нека ви биде успех 5-то место у квалификации у фудбал!!!!
И потобро Македонија со Кире и Шундо него со Червар и без Кире тоа го тврдам!!!

Видовме колку е најбољи од 40 удари 12 голови :facepalm: Не само Олимпијада ќе го сонува и Светско. За Шундо неам коментар, и он е "најбољи"

Не е така најбоље, најбоље е Киро,Мојсо,Раде!
 
Член од
27 март 2011
Мислења
85
Поени од реакции
31
Џабе зборите.... Кире е најдобар и сигурен сум дека ке не одведе на светско.....Ако тоа за вас не е успех тогаш нека ви биде успех 5-то место у квалификации у фудбал!!!!
И потобро Македонија со Кире и Шундо него со Червар и без Кире тоа го тврдам!!!
Ti sigurno si sin ili menagjer na Sundo :vozbud:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Џабе зборите.... Кире е најдобар и сигурен сум дека ке не одведе на светско.....Ако тоа за вас не е успех тогаш нека ви биде успех 5-то место у квалификации у фудбал!!!!
И потобро Македонија со Кире и Шундо него со Червар и без Кире тоа го тврдам!!!
Еве да речеме си во право. Кажи ми ти што ќе бие ако не го поминеме баражот со австрија? Кој ќе сноси тогаш одговорност?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И тактика сме имале ? :P Инаку за Австрија на сите би требало да ни е фрка, а најмногу на тие во раководството и играчите, а мислам дека се во филм 5 место на ЕП им е алиби и мислат дека само ќе излезат на терен и се ќе е готово 10 гола разлика за нас.Поради тој филм и квалификациите за ОИ завршија вака неславно.
Резултатите на Австрија од квалификациите за ЕП се предупредувачки, особено ако видиме дека добро играле со фаворитите.А од друга страна се помачиле со непознатата Латвија на гости, нешто слично на нас.А со Германија во гости нерешено, 6-14 на полувреме :eek:. Само за 1 бод не се пласираа.Двајца играчи им се во Бундес (Силаги и Вебер/Фленсбург и Магдебург), еден поранешен играч на Адемар, еден во Слован и другите се скоро сите домашни и Швајцарија.Макар шо појма немам за нив и освен за Силаги првпат слушам за другиве и не знам дали се на клупа или со минутажа.
Ако играме како во Гетеборг, го јадовме.Нека му ја мислат уште од сега за анализи и гледање видеа, нека не ја повторат истата грешка.И да видиме некаква тактика.
Прегледај го приврзокот 41979
Ете така како што се чудеа сите од каде бе Бразил има екипа во ракомет, нека ја погледнат табелава пред да коментираат. Оваа истата ја поставив откако нив ни ги извлекоа во баражот на крајот на ЕП. Еден ќе не изненади тоа е сигурно ако не Шилаги тоа ќе биде Вебер или Шлингер, пошто ние не се спремаме за вакви анонимус екипи и сами си покажавме кое е нашето реално скалило. Кога очекуваш Шундо да ти каже не се спремавме многу МИСЛЕВМЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОВТОРИМЕ ИГРАТА ОД ЕП, се е јасно.
 
Така е се согласувам комплетно со тебе сите репрезентативци се подеднакво важни, нит Киро е незаменлив нит Мојсо нит некој трет! Сите ми се исти и така треба да се третираат.

А тоа се потврди во мечот со Унгарија сите до сега го третиравме ко Козла-престап( не дека нетреба да работи на престапот), но дечкото успеа за 10 минути да постигне 5 гола.....

Абе дури сега сфакам дека Козла постигна повеќе голови од игра за 10минути од нашиот капитен за цел натпревар :facepalm::pos:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Далеку од тоа дека се наивен противник, ама ако ја гледаме сликата треба да се потцртаат уште два резултати... Пораз на гости од Исланд со 15 разлика и пораз дома од Германија со 8 разлика. Ама сепак не се многу слаби, сигурно се на ниво од Бразил. Мора да се преземат сериозни мерки ако сакаме да не бидеме „изненадени“ повторно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom