CopyOfDeath
Die Die My Darling!!!
- Член од
- 30 ноември 2005
- Мислења
- 4.186
- Поени од реакции
- 48
Дали верувате дека има Друга димензија паралелна на наШата?
Дали едноставно овде каде што живееме се разминуваме со некој но неможеме да го видеме а ни тој нас,едноставно неможеме да го уловиме вистинскиот агол
Дали не сме сами во моментов каде што седиме?
Едноставно никогаш не сме сами има и други луге суштества шо живеат на планетава блиску до нас но тие се на друг агол(Паралелната димензија) едноставно невидлив за нашето око.
Дополнето од модератор:
Дали едноставно овде каде што живееме се разминуваме со некој но неможеме да го видеме а ни тој нас,едноставно неможеме да го уловиме вистинскиот агол
Дали не сме сами во моментов каде што седиме?
Едноставно никогаш не сме сами има и други луге суштества шо живеат на планетава блиску до нас но тие се на друг агол(Паралелната димензија) едноставно невидлив за нашето око.
Дополнето од модератор:
Human напиша:Во теорија, физичарите ни ја донесоа идејата дека нашиот Универзум не е единствената „игра во градот“. Сателитските слики од сондата WMAP, заедно со теоријата на струни и нејзината 11 димензионална хипервселенска идеја, го создадоа концептот на повеќедимензионален Универзум, според кој Големиот Прасок (т.е. Биг Бенгот) можеби создал повеќе различни Универзуми, а не еден. Оваа идеја се појави неодамна и само прашање на време е кога некој ќе запраша колку верзии на Универзумот постојат.
Андреј Линде (Andrei Linde) и Виталиј Ванчурин (Vitaly Vanchurin), од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, направиле неколку пресметки, стартувајќи со идејата дека Големиот Прасок бил квантен процес, кој создал квантни флуктуации во раните фази на Универзумот. Подоцна, Универзумот влегол во период на силен раст, наречен инфлација, период во кој овие нарушувања биле „замрзнати“, и на тој начин се создале почетните класични услови во различни делови на вселената. Бидејќи секој од овие региони би имал различни нискоенергетски физички закони, тие би можеле да бидат сметани за различни Универзуми.
Можно е Големиот Прасок да создал не еден, туку многу повеќе Универзуми. За поголема резолуција, кликни на фотографијата
Линде и Ванчурин пресметале колку различни универзуми би можеле да се појават како резултат на овој ефект. Нивниот одговор е дека тој број мора да биде пропорционален со ефектот кој ги предизвикал нарушувањата, т.е. со процесот наречен „бавна инфлација“ (slow-roll inflation). Линде ја дефинирал бавната инфлација кога одговарал на проблемот на „меурчињата“ на Универзумот, кои се судираат во раната фаза на инфлацијата. Според овој модел, ширењето на Универзумот се појавува со скаларно свиткување надолу на потенцијално голема енергија. Кога ова поле се свиткува многу бавно, во споредба со ширењето на Универзумот, се јавува инфлацијата, а судирите речиси исчезнуваат.
Според Линде и Ванчурин, бројот на универзуми изнесува 10^10^10^7 - огромен број! Следното прашање е: „Колку универзуми би можеле да видиме?“ Во овој случај, тие се повикуваат на ограничувањето на Бекенштејн (Bekenstein Limit), според кое својствата на набљудувачот стануваат важен фактор, заради ограниченото количество на информации кои може да бидат содржени во даден волумен на Вселената и ограниченоста на човековиот мозок.
Вкупната количина на информации која може да биде апсорбирана од една личност во нејзиниот живот изнесува 10^16 бити. Значи, еден типичен човечки мозок може да има 10^10^16 конфигурациии, и нема да може да разликува поголем број на универзуми од овој број. Вкупниот број на прифатливи можности на било кој набљудувач е ограничен, не само од ентропијата на првобитните метрички нарушувања, создадени од инфлацијата и од големината на космичкиот хоризонт, туку и од бројот на степени на слобода на набљудувачот.![]()
Па живееме ли?