Eх, интересна серија беше "Sliders", паралелни светови, џиџи миџи... сето тоа држи до негде вода, меѓутоа кога ќе се чукнеме малку по глава и да подразмислиме малку подлабоко...
Како мислите дека е можно да постои ваш дупликат? Кој го создал? Вашиот "паралелен татко"? А кој го создал него....враќајте се така наназад хронолошки до создавањето на светот, кој е крајниот резултат? Господ создал паралелни светови или бактериите кои еволуирале во организми, кои пак потоа еволуирале во мајмуни, а кои пак еволуирале во луѓе според втората теорија за настанокот на светот, нели - толку идеално паралелно се развивале што до ден денес сите останале идеално паралелни?
Дали тоа значи дека во паралелниот свет никој ваш предок не погинал пред време за да не се роди некој друг ваш предок, односно да се родите и вие? Тоа би значело дека сите живеат идентични животи и сите работи ги прават паралелно со вас. Во серијата и филмовите, нашите "паралелни" пријателчиња не беа баш паралелни, нели? Световите беа сосема разлини.
Што мислите сега?