Уф уф ама се добри математиките шо ги прајте.
Ај и од мене 21 поен до крај нема да фати ни Јуве ама ни Милан. Борбата ќе биди кој помалку ќе киксни.
Убавата работа е шо Милан се во мала криза а калчото има згуснат распоред.
Премногу клучни ќе бидат малите екипи до крај. Мислам дека римските екипи нема да ни се некој голем проблем (и покрај то шо се во отворена борба за еу), колку oвие шо се за испаѓање. Рачунајте дека крв паѓа кога треба да спасваат сезона. Е сега како шо гледам Чезена и Новара се скоро заклани па можи да е полесно со нив. Ама гнасни противници ќе бидат Лече, Џенова, Аталанта и Болоња (овие не се премногу зацапани ама ... биче жустро)
Лече ни гостува во последните мечој и тогаш ќе биди мноооогу лошо ако му зависат поени, а Аталанта ни гостуваат последно коло и се надевам дека дотогаш нема да имаат криза и ќе бидат на безбедно и нема да имаат потреба да играат.
Од друга страна гледам Џенова не се во завидна позиција, а сега дури се кршат резултатите му гостуваат на Милан, па мислам дека немаат многу простор за шиткање туку мора да си ги обработат поените. Слично важи и за Болоња макар шо се малку побезбедни.
Ако слуууучајно Новара влезат во некоја јаааака форма до крај и се изват од калта можи последно коло да чекаме да се вадат со Милан (или претпоследно со нас) али ова е веќе сај фај, оти многу се кал влезени.