Би отишле ли да живеете на село?

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.428
Поени од реакции
16.734
Да не ја носиме темава во политики, ама и сдс има врски во врвот;)
Тоа више е друг муабет.
Само што сметам дека не можеш да бидеш одбиен иако ги исполнуваш сите услови за да бидеш субвенциониран.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
врти сучи се како оди само газди да бидеме и да имаме по некој аргат за да ни работи.Луѓе освестете се станете разбудете се одете да работите немојте да бидете скотови со по 50 денара в џеб и да ми изигравате газди.Стегнете ги забите и малку работа а не тате носи и мама меси.Колку има од вас паразити тука што чкртате само тууууф на село ќе се вратам нема диско нема кафичи нема ресторанти нема ово оно.Епа чорба браќа и сестри ако работите и ако имате превозно средство можете да шетате каде сакате ако работите а вие половината тука сте паразити.Диќ јас ке работам за 6-7000 ден плата.
ОООООООо колку има со по 20 денара в џеб и продаваат муда за бубрези.Не ве вреѓам дека немате пари или јас дека имам туку сакам да ви ставам во знаење дека ако не си плукнете на рацете деца нема пари.Срамота е тате и мама уште.Помогнете им нив ако можете и вие,и они имаат душа.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.319
Ораници, ниви, цели полиња низ земјава зјаат празни, обраснати со трње оти никој не ги обработува. Во минатото токму од богатиот род од нив се хранеле стотици илјади гладни македонски усти. Апсурдот е голем ако се знае дека и покрај илјадници хектари што стојат необработени, даваме стотици милиони евра за увоз на храна. Јасно е дека земјоделците треба да имаат план и програма. Треба да знаат кога и каде да сеат, кога да берат и да жнеат, загарантираниот пласман би осигурал светла иднина за многу македонски семејства.
Трагично е што македонската младина не ја гледа својата иднина тука во Македонија, иако имаме совршени услови, еден Израел со површина колку Македонија (и помала), на пустинска почва со ситемите капка по капка е еден од најголемите извозници на раноградинарски производи,, а ние имаме златна почва, ама за жал нема кој да ја обработува.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.428
Поени од реакции
16.734
Загарантираниот пласман би осигурал светла иднина за многу македонски семејства.
Ова е тоа што недозволува земјоделецот да просперира кај нас. Ќе го посееш ама не знаеш дали ќе го продадеш родот по реална цена или некој ќе те вреѓа со тоа што ќе ти нуди далеку пониска цена од реалната или ќе ги го фрлиш родот.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Даа би идел секоја година по 2 недели да избегам малце.
Да живеам ке ми здосади нема да можам тешко таа работа.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
врти сучи се како оди само газди да бидеме и да имаме по некој аргат за да ни работи.Луѓе освестете се станете разбудете се одете да работите немојте да бидете скотови со по 50 денара в џеб и да ми изигравате газди.Стегнете ги забите и малку работа а не тате носи и мама меси.Колку има од вас паразити тука што чкртате само тууууф на село ќе се вратам нема диско нема кафичи нема ресторанти нема ово оно.Епа чорба браќа и сестри ако работите и ако имате превозно средство можете да шетате каде сакате ако работите а вие половината тука сте паразити.Диќ јас ке работам за 6-7000 ден плата.
ОООООООо колку има со по 20 денара в џеб и продаваат муда за бубрези.Не ве вреѓам дека немате пари или јас дека имам туку сакам да ви ставам во знаење дека ако не си плукнете на рацете деца нема пари.Срамота е тате и мама уште.Помогнете им нив ако можете и вие,и они имаат душа.
Абе пријател ти многу агресивно влегуваш на муабетов :) полека малку. Знаеме дека нема леб без мотика, ако не знаевме ќе бевме на темите за кладилници и остали превари. Ние овде дискутираме и менуваме мислења, и те молам немој со групни квалификации. Ние тука сме повеќе млади-вистина- многу се џаболебари(некои по избор-некои не), еве јас денес правам 25 години, имам искуство повеќе области, имаме фамилијарен бизнис, сум пробал да работам и во приватна фирма(како вработен, а не како газда) еве сега од пред една година почнав производство на прехрамбени прозводи(од нула) и од оваа година како фамилијарна фирма стопанисуваме со 6 хектари земја.

Овде дискутираме општи теми и си ги разгледуваме опциите(кои за жал ни се намалуваат наместо да ни се прошируваат-шо е срамота за ова модерно време).

Затоа полека.

Според мене голем проблем со земјоделстовото и одма после и животот од земјоделство е расцепканоста на парцелите. Ние имам земено под концесија две парцели една 2 хектари другата 4 хектари-и не се толку големи. А имаме ниви во фамилијарна сопственост раштркани по полињата по еден декар по пола декар-тотално неупотребливо.

Ајде на оваа тема да разговараме...
 
Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
S

Супер да има некој да свати што се збори овде поздрав до тебе. Како што кажав планирам некоја инвестиција па собирам знаење со оглед на тоа дека не сум земјодлец па се ми е добродојдено дали по форуми од некои лични искуства дали у разговор со постарите не ми е битно. Најбитно е како до повеќе информации да се ипита пулсот на пазарот и како да се одпочне а не само дај лупни пари и чекај гледај во празно. На истиот проблем налетав и јас расцепканост на земјиштето на повеќе места и заглавеност по тоа катастари пренос правен од колено на колено усно заплеткани документи не може да ги исправи никој гледам државата дава земјиште под концесија ке мора изгеда директно до министерството да се појде да видам како што оди таа работа. Мене ете и ова ми е еден од поголемите проблеми расцепканоста не можам да вложам средства и ке идам со тракторот од една парцела на друга па сум изорал на некој друг меѓи ке делам по селото и ке исправам документи по катастар еднставно немам живци за тоа. Не исправиле пред мене сега јас ке се тегнам. Него како да се дојде до земја под концеција дали да се појде до министерство за земјоделие или треба да си регистстриран земјоделец фирма дооел тп не ми е јасно баш тоа??? И на кој начин ја даваат земјата под концесија дали излегува некој оглас што како читам по веснициве за Св Николе и Штипско се дава земја под концесија ама никако да начекам наваму за мојот крај а и тоа што имаше земја лапнаа тоа големците и тоа големи парцели. Јас конкретно ме интерсира земјиште под концесија едно 10 тина хектатри на поголеми парцели да речам на по 3 хектари. Значи ако вложувам вложувам ама кога ке се роди и да собирам храна и за стоката и за продавање дали пченица дали сончоглед јачмен не е битно. Епа не може бе луѓе увозното свинско или телешко јајца и што знам да бидат поевтини од тоа што сам ке си посееш ке ожнееш и ке го нахраниш добитокот. А веќе пишав како и да е за што и да немаш храна мораш да купиш. Ајде немаме авто индустрија или електроника увезуваме ама срамота е и храна да увезуваме. За пример купуваш мобилен телфон 300 евра не е битно кој за 3 год тој истиот телефон чини 10 евра го згазило времето дошле нови модели итн.... За споредба 1кг месо Свинско жива мера било 80 ден сега е 120 ден. Јагнешко било 130 ден сега пред велигден посебно нејке да чуе никој да продава под 200 ден. Па кога може да прават компании пари на И- фони или на автомобили Мерцедес и да не бројам уште зашто да не може од производство на храна.
--- надополнето: 29 март 2012 во 03:24 ---
Ова е тоа што недозволува земјоделецот да просперира кај нас. Ќе го посееш ама не знаеш дали ќе го продадеш родот по реална цена или некој ќе те вреѓа со тоа што ќе ти нуди далеку пониска цена од реалната или ќе ги го фрлиш родот.
Интерсно размислување една кракта реплика. Посеваш жнееш ама и направиш место силоси кај складираш конкретно мислам пченица. Е сега тие што се малку повеќе упатени знаат дека за време на жетва пченицата е со ниска цена а ни доаѓа и увозна пченица. Епа малку да си појак на живци и со пари и му викаш на тој што те уценува за житиото не бе брат не ти продавам ке го дадам на кокошките!!! Е сега доаѓа зимно време слушам тоа пекарите викаат немаме лебно брашно ке скокне цена на лебот де ова де она е тогаш влагаш ти отвараш тоа силосите и бираш на кој ке му продадеш и кој ке даде најдобра цена за житото.
 
М

Мартин`

Гостин
S
Него како да се дојде до земја под концеција дали да се појде до министерство за земјоделие или треба да си регистстриран земјоделец фирма дооел тп не ми е јасно баш тоа??? И на кој начин ја даваат земјата под концесија дали излегува некој оглас што како читам по веснициве за Св Николе и Штипско се дава земја под концесија ама никако да начекам наваму за мојот крај а и тоа што имаше земја лапнаа тоа големците и тоа големи парцели. Јас конкретно ме интерсира земјиште под концесија едно 10 тина хектатри на поголеми парцели да речам на по 3 хектари.
Секоја обработлива земја што не се користи или пак се користи од некој а не е негова туку државна ако ја пријавиш они распишуваат конкурс за заинтересирани луѓе што ќе ја земат под концесија. Секако за земјата може да конкурираат и по повеќе луѓе и оној што има највисока понуда цена за истата ја добива концесијата, но немора да значи затоа што бонус поени се добива ако си женско.. исто така бонус поени се добива и ако си регистриран како жител на местото каде што конкурираш за земјата. Пример Трајко е од Скопје и аплицира за земјиште во некое Скопско село во тој случај тие што се водат како жители на тоа Скопско село имаат предност пред Трајко 5 или 10 поени ако не се лажам.. сепак ако воопшто има заинтересирано таму.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.161
Поени од реакции
827
Најбогатите луѓе во Америка живеат на пространи ранчови или хациенди, што подалеку од бучавата на градот и миризот на бензинот.

Ние чуден народ сме сите се бутаме во Центар.
Ова ме потсети на еден мој братучед кој станот во Дебар-маало во Скопје го издава на странци а тој иако има плус куќа во елитна населба на 50 метри од градски парк и фонтаната,сепак од април до кај септември си седи во Дојран во вилата која ја наследи од дедо му.На моето прашање зошто прави така,тој ми рече дека во Скопје од гужва,смог и стресови повеќе не се живеело нормално и дека Скопје станал една голема урбана бетонирана џунгла(во потполност се согласувам и јас).
Е сега,сите немаат услови како мојот братучед,со наследена вила во Дојран со прекрасен поглед на езерото и која повеќе личи на куќа,со стан кој го издава и си заработува солидна плата од тоа без потреба да работи нешто друго итн.ама поентата е што се повеќе луѓе сфаќаат дека бетонските пренатрупани џунгли како Скопје најдобро служат само за бизнис и работа од понеделник до петок,за се др.селото е стопати подобра опција,па и ако не е претерано одалечено од градот,полн погодок.Кој има куќичка или викендичка на село знае за што зборувам.Таков мир,опуштеност,свеж воздух и идила има само на село.Само да не се занесуваат градскиве деца дека се е идеално,таму има и работа,а ако немаш проблем со неа,јас не гледам причина зошто некој не би се преселил да живее на село,поздрав ;)
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
S
Супер да има некој да свати што се збори овде поздрав до тебе. Како што кажав планирам некоја инвестиција па собирам знаење со оглед на тоа дека не сум земјодлец па се ми е добродојдено дали по форуми од некои лични искуства дали у разговор со постарите не ми е битно. Најбитно е како до повеќе информации да се ипита пулсот на пазарот и како да се одпочне а не само дај лупни пари и чекај гледај во празно. На истиот проблем налетав и јас расцепканост на земјиштето на повеќе места и заглавеност по тоа катастари пренос правен од колено на колено усно заплеткани документи не може да ги исправи никој гледам државата дава земјиште под концесија ке мора изгеда директно до министерството да се појде да видам како што оди таа работа. Мене ете и ова ми е еден од поголемите проблеми расцепканоста не можам да вложам средства и ке идам со тракторот од една парцела на друга па сум изорал на некој друг меѓи ке делам по селото и ке исправам документи по катастар еднставно немам живци за тоа. Не исправиле пред мене сега јас ке се тегнам. Него како да се дојде до земја под концеција дали да се појде до министерство за земјоделие или треба да си регистстриран земјоделец фирма дооел тп не ми е јасно баш тоа??? И на кој начин ја даваат земјата под концесија дали излегува некој оглас што како читам по веснициве за Св Николе и Штипско се дава земја под концесија ама никако да начекам наваму за мојот крај а и тоа што имаше земја лапнаа тоа големците и тоа големи парцели. Јас конкретно ме интерсира земјиште под концесија едно 10 тина хектатри на поголеми парцели да речам на по 3 хектари. Значи ако вложувам вложувам ама кога ке се роди и да собирам храна и за стоката и за продавање дали пченица дали сончоглед јачмен не е битно. Епа не може бе луѓе увозното свинско или телешко јајца и што знам да бидат поевтини од тоа што сам ке си посееш ке ожнееш и ке го нахраниш добитокот. А веќе пишав како и да е за што и да немаш храна мораш да купиш. Ајде немаме авто индустрија или електроника увезуваме ама срамота е и храна да увезуваме. За пример купуваш мобилен телфон 300 евра не е битно кој за 3 год тој истиот телефон чини 10 евра го згазило времето дошле нови модели итн.... За споредба 1кг месо Свинско жива мера било 80 ден сега е 120 ден. Јагнешко било 130 ден сега пред велигден посебно нејке да чуе никој да продава под 200 ден. Па кога може да прават компании пари на И- фони или на автомобили Мерцедес и да не бројам уште зашто да не може од производство на храна.
--- надополнето: 29 март 2012 во 03:24 ---

Интерсно размислување една кракта реплика. Посеваш жнееш ама и направиш место силоси кај складираш конкретно мислам пченица. Е сега тие што се малку повеќе упатени знаат дека за време на жетва пченицата е со ниска цена а ни доаѓа и увозна пченица. Епа малку да си појак на живци и со пари и му викаш на тој што те уценува за житиото не бе брат не ти продавам ке го дадам на кокошките!!! Е сега доаѓа зимно време слушам тоа пекарите викаат немаме лебно брашно ке скокне цена на лебот де ова де она е тогаш влагаш ти отвараш тоа силосите и бираш на кој ке му продадеш и кој ке даде најдобра цена за житото.
Пријател гледам дека се интересираш за овие работи, меѓутоа малку погрешно размислуваш. Ти одиш со девизата не може од странство да донесат поевтино од тоа сам шо ќе си го направиш. Сега одма тука те прекинувам и ти викам дека може, и тоа многу поевтино и можда и поквалитетно. Значи не треба да навлегуваш во такви анализи, уствари не треба да те интересира бидејќи не можеш тоа да го промениш. Еве ќе ти дадам пример, пченица во Македонија ако насееш со квалитетно семе и ѓубриво ќе имаш принос од 3-4 тони по хектар. Во Војводина која е на само 600 километри од овде на пример со полни агротехнички мерки вади 12 тони пченица :tapp:

Орањето е исто, ѓубрењето е исто ама раѓа земјата, и нивните крави јадат поевтина пченица, даваат поевтино млеко. А да не анализираме за крупниот карактер на нивните парцели од по 30 хектари можда :pos: и традицијата и знаењето што го употребуваат по последниве 50 години во земјоделието.

Меѓутоа да не забегуваме треба тебе да те интересира само твојот успех, немој да веруваш во догми дека не може да е поевтино. МОЖЕ!!!

Сега за другиот дел. За да земеш земја под концесија прво треба да аплицираш на конкурс во министерството за земјоделство. Треба да имаш фирма или да си регистриран како земјоделец-индивидуалец. На конкурсот има поени. Најмногу поени носи графата за близина на местото на живеење. На пример даваат 60 поени за близина на живеење и 40 поени за цена(пример давам). Значи ако живееш во Штип а сакаш да конкурираш за земја во некое село штипско или каде било, прво треба да смениш личната карта со адреса во тоа село и да се регистрираш како земјоделец. Ако имаш фирма ДООЕЛ тогаш можеш во централен регистар да регистрираш подружница во тоа село и така да аплицираш. Така татко ми направи. И нормално после треба да дадеш некоја пара на лицитацијата...

Инаку да знаеш дека максиум можеш да бараш 10 хектари. И по моето искуство прво научи ги каде се ако можеш. На пример во апликацијата на МЗ има катастарска скица со парцели и големини и категории на земјата. Ние аплициравме за 10 хектари и добивме, кога појдовме на терен видовме дека 4 од тие 10 се практично неупотребливи од разни причини. Значи убаво отварање очите. Поздрав
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Krivo mi e ja gradsko dete ali sea nasledstvo da mi dade moj del tatko mi odma bi zemal plac negde daleku bogu iza ledza so se vika, samo da ne bidam pod negativno vlijanie na zaBLUDite na gradot i gradskiot zivot!
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.428
Поени од реакции
16.734
Интерсно размислување една кракта реплика. Посеваш жнееш ама и направиш место силоси кај складираш конкретно мислам пченица. Е сега тие што се малку повеќе упатени знаат дека за време на жетва пченицата е со ниска цена а ни доаѓа и увозна пченица. Епа малку да си појак на живци и со пари и му викаш на тој што те уценува за житиото не бе брат не ти продавам ке го дадам на кокошките!!! Е сега доаѓа зимно време слушам тоа пекарите викаат немаме лебно брашно ке скокне цена на лебот де ова де она е тогаш влагаш ти отвараш тоа силосите и бираш на кој ке му продадеш и кој ке даде најдобра цена за житото.
Aко сакаш да чекаш океј е, ама треба да имаш предвид дека житото со тек на време ја намалува својата влажност и губи на тежина, притоа има опасност да ти биде разјадена од глувци исто така постои опасност да во оној момент коа ќе се решиш да ја дадеш пченицата да дојде до увоз на поевтина пченица каде што ти пак губиш. А да не збориме дека локалните производители на брашно си се договараат за цената со која ќе настапат на пазарот при што тие би имале повеќекратен профит.
Поради ова речиси сите индивидуални земјоделци одма после жнеење ја носат пченицата до некоја фабрика за сточна храна и ја менуваат за сточно или лебно брашно.

Ова е искуство кое се случува секоја година, речиси со сите култури, со јаболката, бостанот, гравот, градинарските култури итн.
 
Мислам дека може и да ја дадеш својата пченица на чување, или нема компании шо нудат такви услуги? Ако нема ете добра идеја за бизнис. Направи силоси за 1 000 тони. Купи пченица одма на берба-ја чуваш 6 месеци после ја продаваш кога е поскапа:) нормално за сите тие работи треба добра количина кеш

Има ли некој точни информации по која цена пченицата се купува на берба, а по која се продава по 6 месеци???
 
Дали ти би го дал твоите 2-3 тона пченица да ти ги чува некој за пари?
Ова никој нема да го направи од проста причина и со размислувањето "што да му го давам него да ми го чува и да му плаќам за тоа, коа може да си земам одма 50-60 вреќи сточно брашно" Зашто реално ситните земјоделци и сточари за тоа сеат пченица, не за да направат кој знае колкав профит туку за некој месец да не купуваат сточна храна.
А нема таква компанија која се занимава само со складирање и чување на пченица, силоси имаат само оние млинови кои се занимаваат со производство на брашно.
Доколку би било исплатливо тоа до сега верувај дека ќе му текнело на некого. За разлика од тоа далеку поисплатливо е мислам изградба на ладилници за складирање на јаболка, градинарски производи и сл.

Патем, цената на пченицата зависи од тоа колку реално има пченица на пазарот. Пред 2 години мислам дека у август цената на пченицата беше далеку поголема од претходните години. И таквите кои жнееа индивидуално со комбајни триеа раце од таквата цена.
 
Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
Благодарност до сите!! Добив доста добри информации посебно од тебе Igor Grujo изгледа дека навситина ја познаваш оваа тема посебно тоа со ДООЕЛ и подружница отварање држи повише вода отколку менување лични карти и адреса на живеење. Значи дали ДООЕЛ дали Земјоделец поединец исто ти следува максимум 10 хектари ок Капирам ке мора да поработам на оваа тематика и на терен не само он-лајн. Е сега листам овде по форумов малку и забегавме со темава офф топик зашто видов тема започнување на бизнис со 10-15 илјади евра!! Вината е моја зашто за да бидам сватен во претходните текстови ја морав да си реплицирам сам на себе! Да им објаснам дека јас не би живеел на село највеќе поради децата за на училиште и лошите услови ама поради блискоста на селото до градот би инвестирал во горе пишаното во приватна фарма и земјоделие а би патувал на релација село град.И така бидна off topic ама се надевам дека сите извековме нешто поучно од ова.Па кога може луѓе по запад да патуваат по 100 км за да отидат на работно место си викам зашто и ја не би можел а се работи само за 15 тина километри.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom