Абе пријател ти многу агресивно влегуваш на муабетов
полека малку. Знаеме дека нема леб без мотика, ако не знаевме ќе бевме на темите за кладилници и остали превари. Ние овде дискутираме и менуваме мислења, и те молам немој со групни квалификации. Ние тука сме повеќе млади-вистина- многу се џаболебари(некои по избор-некои не), еве јас денес правам 25 години, имам искуство повеќе области, имаме фамилијарен бизнис, сум пробал да работам и во приватна фирма(како вработен, а не како газда) еве сега од пред една година почнав производство на прехрамбени прозводи(од нула) и од оваа година како фамилијарна фирма стопанисуваме со 6 хектари земја.
Овде дискутираме општи теми и си ги разгледуваме опциите(кои за жал ни се намалуваат наместо да ни се прошируваат-шо е срамота за ова модерно време).
Затоа полека.
Според мене голем проблем со земјоделстовото и одма после и животот од земјоделство е расцепканоста на парцелите. Ние имам земено под концесија две парцели една 2 хектари другата 4 хектари-и не се толку големи. А имаме ниви во фамилијарна сопственост раштркани по полињата по еден декар по пола декар-тотално неупотребливо.
Ајде на оваа тема да разговараме...