Би отишле ли да живеете на село?

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Аман бе луѓе не знам што е работава зарем треба да бидам буквалист. Па ја викам да се вратам да инвестирам на село ај сега у кратки црти, Да купам трактор и нешто стока за почеток да видам како ке иде работата. Второ имам земја од татко ми што ја наследил од тако му едно 3 хектари а никој не ја работи можам да земам под закуп уште толку како што кажав луѓето што се таму се стари и многу малку па ке ти ја дадат и без пари да работиш да не се травосува. Исто и селските ливади од кои во наша соптвеност имаме ливада од 0.5 хектари. Тоа значи јас да купам своја механизација за почеток трактор плугови косачка тоа ке ми биде првата инвестиција. Следна инвестиција сточарство е сега вика органско производство абе батка па по органско од тие пасишта таму природни и незагадени здравје.Епа читам погоре ме реплицираат едно прасе ке изедело 1 тон жито ја не се разбирам толку ама ај некој по стручен да даде помош 1 тон жито претера бе батка и да го произведам ја ке ме чинело 22000 ден па поевтино ке било да го купам на пазар истото прасе жива мера за 16000 или ни лук јал ни на лук мирисал. Значи ја не сум земјоделец ама ајде ви се молам за пример ке земам вака за почеток конкретно за прасето. Па значи ја да посеам моиве 3ха земја да ги изорам со свој трактор и да платам жетва да добијам некаде идам на мимимум 3ха Х 3 тон = 9тон жито и со оваа жито јас ке чувам само 9 свињи кои пред тоа сум ги купил како прасиња од по 15 тина кила. Па оваа е аспурдно.... или ти не знаеш бетер од мене како се чуваат свињи или ја пасам трева за појадок. Дај ке ве молам некој со конкретно познавање ова нема смисла ке изедат они 9 тони сопствени жито и ке ти ги донесе селанецот тебе на сточен пазар ке ти ги продава по 120 ден за килограм жива мера :ROFLMAO:. За твоја информацја собирам податоци анализирам калкулирам ама дај некој искусен дали може да ја потврди тезата на дедо ми од пред 2 год или ме лаже. Засеал парцела со јчмен одприла 0.6 ха на пролет купи 2 прасињ по 15 кг го собрал житото и за тоа жито платил орање жетва 2 прасиња биднале за зимото по 160 до 180 кг едното го продал за пари на пазар другото му останало џабе фрај фира и + на сето тоа со иситот јачмен ранел наприквечер 15тина домашни кокошки. Ај да ве видам сега земјоделци Мит е ова или Вистина??? А со парите од продаденото прасе си ги вратил вложените пари за орање и жетва е сега маката вика никој не ти ја плаќа ама тоа било математиката . И ако со 9тони жито се гојат 9 свињи ке немаше ние градски голубари никад да купиме 2 кг месо за дома...... свашта
10,000 eвра ти требаат за да си купиш механизација и добиток и спремен си да започнеш веднаш. Три крави по 1,200 евра = 3,600 евра, 10 прасиња по 50 евра = 500 евра, трактор плугови, косачка, сеновртач, гребалка и приколка сите половни околу 6 000 евра.

Ама мора да размислиш добро дали ќе сакаш да чуваш толку добиток и истиот да го одржуваш. Инаку моиве чуваат по 2 прасиња и неколку кокошки секоја година. 20% од сточната храна што се произведува на нива оди за добитокот а останатите 80% се продаваат и одлично се заработува. Крави за чување се преспецифични и треба голема грижа!
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Кога би имал добра работа и убава плата не би заминал од градот...ама кога би дошол до ситуација да немам за јадење е тогаш се знае што е решението. На село нема да направиш голема фирма, нема меѓународен успех, нема шетање, нема дискотеки ама нема па и гладни. Кога би останал без ништо нивите ќе родат нешто, а асфалтот ништо...
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Добро исчитав многу на темава и сакам нешто да ми објасните.
Јас имам многу имот во Слатино, село кое е 25 километри од Охрид, а во селото живеат само пензионери околу 200 жители, а земјата е многу плодна има убава природа, многу извори на вода и вештачко езеро за наводнување.
И кажете ми вие како јас со моите 23 години да отидам таму у планина, да живеам како планинец некој, без друштво, и по цел ден да копам на нивите, а сум роден и живеам во Скопје, и цел живот сум го поминал во градско подрачје, каде има младалачки живот, друштво, работа и најдобри услови за интелектуален развој?
Секоја чест на оние кои живеат во планински села, ама јас на овие години нема шанси да отидам во тоа село и таму да ја барам својата иднина. Можеби после 40та година откако ке израснаснам свои деца па да се преселам тамуинаку сега не ни помислувам.
Секој треба да си остане во своите родни места бидејки најприлагоден е на таа околина.
Ако беше добро на село да се живее немаше ни селаните да се селат од своите домови, кон градовите.
Во последно време поради овие субвенции кои ги дава државата можеби малку се смири таа миграција село-град ама сепак не е тоа доволно за да почне да се мигрира од град кон село.
Не може тоа секој да го работи. Како прво поаѓам од себе, јас не знам кој зеленчук или овошје кога се сади, во кој временски период, па посла како се сади, како се наводнува, кога се бере, какви заштитни средства се користат, механизација ехееее има уште триста работи кои еден граѓанин не знае како да ги обави.
Јас сум навикнат да работам некои градски работи, учев школо кое ме насочило кон индустријализација развој на технологија иновативност, како јас би можел својата перспектива да ја барам на село со земјоделие?
Значи не праите некои глупи математики, не може секој да живее во село а богами не ни сака.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Прав си...ама затоа ако се друго не ти успее :) со селото нема промаршување ;) барем така мислам
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.319
1. Додека жените од градот постојано лелекаме и се жалиме дека со нашата просечна плата од 20.000 денари не можеме да си дозволиме да си ги купиме штиклите од 6.000 денари и кремите "виши", жените од село прават работи што таканаречените градски моми не можеме ни да си замислиме дека некогаш би ги правеле: молзење крави, пасење овци, садење компири, ткаење и фелцување на волна и безброј други активности кои се секојдневие на секоја жена што живее во село.
2. Денес од домашно производство се задоволуваат само половина од потребите за храна. Срамота е за Македонија да увезува храна и да има 200.000 хектари напуштена земја. Порано нивите се обработуваа со коњи и со плугови и немало педа што не била посадена. Сега има секаква механизација, а земјата стои необработена
3. Одгледувачите на добиток велат дека бизнисот е рентабилен, само како пример 1 кгр јагнешко месо за велигден ќе достигне 500 денари, крг козјо сирење достигнува цена и над 300 денари 1 јајце 10 денари и некој ќе каже дека земјоделство, сточарство не се исплати,
Некој погоре спомена ‘‘јас незнам ни кога, ни како се сади‘‘, кога ќе прифатиш да се занимаваш со тоа ќе научиш, нели никој учен не се родил.
Сите сакаме да бидеме шефови, директори, ИТ сектор, јавна администрација, а животот на село секако дека е поисплатлив, посмирен, се на се поубав.
 
Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
10,000 eвра ти требаат за да си купиш механизација и добиток и спремен си да започнеш веднаш. Три крави по 1,200 евра = 3,600 евра, 10 прасиња по 50 евра = 500 евра, трактор плугови, косачка, сеновртач, гребалка и приколка сите половни околу 6 000 евра.

Ама мора да размислиш добро дали ќе сакаш да чуваш толку добиток и истиот да го одржуваш. Инаку моиве чуваат по 2 прасиња и неколку кокошки секоја година. 20% од сточната храна што се произведува на нива оди за добитокот а останатите 80% се продаваат и одлично се заработува. Крави за чување се преспецифични и треба голема грижа!
Исправно го пиша ова ми се доапѓа! Убаво од тебе што ме читаше до крај може некој ке помисли по текстовите дека колумни пишувам. Е баш тоа и ја го размислував една инвестиција од 10 000 до 15 000 евра со своја земја и земја под наем да започнам приватна фарма а и да ти кажам во разговор со постарите нивен совет исто е да не вложувам многу во крави викаат они сакаат се на готово подобро ми сугерираат да земам 50 тина овци за почеток отколку крави а место кравите викаат повеќе се исплателе ги земаш млади телиња од 150 тина до 200 кг ги товиш до 500 кг и на есен ги продаваш ги вртиш парите . За овците и јас сум малку скептик од помислата дека треба да ги носиш на испаша и такви раб ама по муабетот зборам за старите селани што уште живеат на село дека доколку обезбедам откуп за јагнињата и од мелкото произведувам сирење овците ке се исплателе самите за 1.5 год со тоа што викаат дека ако се добро чувани се јагнеле дури 2 пати во 1 год. Па ми треба мислење доколку некој е запознаен со оваа проблематика конкретно земјоделие и сточарство колку држи вода оваа нивна теза ??? А што се оденсува до живеење таму и ја не сакам да живеам таму сега за сега а кажав селото е одалечено 15тина км па размислувам за идење од сабајле и за враќање вечер. Значи ова го замислувам како семеен бизнис сега кој како ке ме сфати. Е гарант ке праша некој како стоката ке ја оставиш таму сама. Сега работам на тој проблем преговарам со тако ми доколку сака да учествува во оваа моја идеја а инаку он е скептик за сето оваа највеќе што он не сака да се врати на село а во град остана Технолошки па сакал нејкел ке мора да прифати има уште до пензија. Сега и ја му викам дека нема да биде нон стоп таму врзан како пес чувар се разбира и јас ке идам ке го сменам нкогаш да отиде човекот до град да прошета да одмори 2, 3дена.
 
Ако веќе започнуваш фати добри врски во партија за субвенциите, оди на сајтот на минстерството за земјоделие и прочитај што се се нуди. Можеш да земеш механизација а истата да ја платиш само 50% а останатото ќе го исплати влдата. Плус за секое грло што ќе го пријавиш имаш субвенции. Кога ќе ја регистрираш фармата пиши ја во сопственост на женско лице, така субвенциите се двојно поголеми!
Ако веќе влезеш во бизнисот со овци ќе ти требаат најмалку двајца работници, сепак треба некој да ги носи на пасење и враќа во трлото.

Незнам како оди бизнисот со овци бидејќи во Тетовско ретко кај ги има(би требало во планинските села да има).
Најсилно е кравјото сточарство. Литар млеко е 19 денари плус 5 денари државна субвенција.
Има субвеции за посеви на пченка, ливади, јачмен, пченица...

Има еден фармер што го познавам од неодамна се откажа од млеко производство и се префрли на одгледување телиња, колку што ми кажуваше поисплатливо му било, ги купува телињата по 150-200 евра а ги продава како бикови над 2000 евра по грло. Мислам дека за 16 месеци достигнуваат тежина до 400 кг. А се барани многу!

Како и да е, мора да имаш барем еден човек по 2-3 часа дневно на фармата. Ако успееш да го убедиш татко ти ти е најубава опција.

Незнам дали имаш објект во селото но треба да го модернизираш, да направиш довод на вода и поилки како и одвод за канализација. Не би требало да те чини многу.

Поздрав, и премери пет пати пред да пресечеш! (y)
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
За ова со овциве, јас имам роднини на село, полусестра на мојата баба и нејзиниот маж живеат таму и имаат стадо од 60-70 овци. Прават сирење, продаваат јагниња и така натаму. Имаат добри примања, заработуваат, куќа си направија во Охрид, немој сега да помислиш дека се збогатиле. Чесно работат-пристојно заработуваат. Им одеше солидно, сега со субвенциите од владата им оди екстра одлично. Стадото им порасна благодарение на субвенциите за сочувано женско јагне и така натаму. Е сега ова беше убавиот дел. Сега ќе ти го кажам лошиот :)

Луѓето се отепани од работа, посебно лоша е работата за тој што ќе ги напасува тие овци, цел ден на сонце, дожд, ветар, студ и тн. да не кажувам дека овците нема да ти дадат слободен ден, мораш секој ден да ги пасиш и да се грижиш за нив, која се повредила која се разболела и тн. Друго-кога се молзат се молзат два пати на ден, наутро и навечер :confused:

Е сега проблемот е и друг. Животот на село со 14 сати на работа не е баш некој живот и треба да си психички јак да го издржиш тоа-односно да имаш вистинска мотивација. И друга работа-сам не можеш мора да се двајца или уште подобро тројца луѓе- еден да е на одмор. На пример моите роднини имаат два сина и тие ротираат таму еднаш едниот две недели па другиот две недели. Не е лесна работа да знаеш.

Ако имаш имот на село, имаш куќа и доста ниви(треба да обезбедиш храна за овците) ако купиш едно стадо од 50 овци, незнам колку беше цена за една овца мислам дека беше околу 100 евра ќе те чини околу 5-6 илјади евра и јас верувам дека ако се работи домаќински за 3-4 години ќе стигнеш до 150 овци. Значи како што го зголемуваш стадото си го зголемуваш основниот капитал во случај да се одлучиш да ги продадеш, а се додека не ги продадеш ќе ти носат пари.
--- надополнето: 28 март 2012 во 23:25 ---
Абе работава е пет пати Мери еднаш сестра и :tapp:
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.428
Поени од реакции
16.734
Ако веќе започнуваш фати добри врски во партија за субвенциите, оди на сајтот на минстерството за земјоделие и прочитај што се се нуди.
Колку нема само ова врска еј.
Конкретно јас знам двајца кои користат субвенции а биле најзакоравени СДС-овци.
Ако се испунуа сите критериуми и е комплетирана сета документација нема шанса да не се добие тоа што се побарува и следува.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.667
Поени од реакции
35.319
. Им одеше солидно, сега со субвенциите од владата им оди екстра одлично. Стадото им порасна благодарение на субвенциите за сочувано женско јагне и така натаму. Е сега ова беше убавиот дел. Сега ќе ти го кажам лошиот :)

Луѓето се отепани од работа, посебно лоша е работата за тој што ќе ги напасува тие овци, цел ден на сонце, дожд, ветар, студ и тн. да не кажувам дека овците нема да ти дадат слободен ден, мораш секој ден да ги пасиш и да се грижиш за нив, која се повредила која се разболела и тн. Друго-кога се молзат се молзат два пати на ден, наутро и навечер :confused:

Е сега проблемот е и друг. Животот на село со 14 сати на работа не е баш некој живот и треба да си психички јак да го издржиш тоа-односно да имаш вистинска мотивација. И друга работа-сам не можеш мора да се двајца или уште подобро тројца луѓе- еден да е на одмор. На пример моите роднини имаат два сина и тие ротираат таму еднаш едниот две недели па другиот две недели. Не е лесна работа да знаеш.
.
Им одело солидно, сега им оди екстра солидно. Значи дека од 10 овци својот капитал го зголемиле на 100 овци, Секоја работа си има своја тежина,, значи далеку од тоа дека животот на село е лесен, но што прави оној што живее во град и што зема плата од 10,000 како продавач/ка или во некоја текстилна фабрика, кој работи 8 часа фиксно време, ама како по навика секој втор ден останува на прекувремена работа која не се плаќа екстра, сабота, недела не ретко се работни денови, мислиш дека на тој човек му е полесно?, Знае ли тој за кино, театар, ресторант или гледа како само да го помине месецот и да го прехрани семејството,

Животот на село е тежок, но доколку обезбедиш пласман за млекото, јагниња, кози, овци било што можеш да си вработиш 2-3 вработени на кои ќе им плаќаш месечен надоместок, па ќе работат за тебе:icon_mrgr:
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Колку нема само ова врска еј.
Конкретно јас знам двајца кои користат субвенции а биле најзакоравени СДС-овци.
Ако се испунуа сите критериуми и е комплетирана сета документација нема шанса да не се добие тоа што се побарува и следува.
За обичните сувенции како посеви и грла да, тоа оди лесно и обично веднаш ти исплаќаат средства. Но за добивање механизација по принципот 50% фармерот 50% владата и те како треба врски. Па комшијава има фарма се изнамачи додека зеде Јон Дир, а има над 40 грла мозилки!
 
Член од
24 март 2012
Мислења
54
Поени од реакции
25
Им одело солидно, сега им оди екстра солидно. Значи дека од 10 овци својот капитал го зголемиле на 100 овци, Секоја работа си има своја тежина,, значи далеку од тоа дека животот на село е лесен, но што прави оној што живее во град и што зема плата од 10,000 како продавач/ка или во некоја текстилна фабрика, кој работи 8 часа фиксно време, ама како по навика секој втор ден останува на прекувремена работа која не се плаќа екстра, сабота, недела не ретко се работни денови, мислиш дека на тој човек му е полесно?, Знае ли тој за кино, театар, ресторант или гледа како само да го помине месецот и да го прехрани семејството,

Животот на село е тежок, но доколку обезбедиш пласман за млекото, јагниња, кози, овци било што можеш да си вработиш 2-3 вработени на кои ќе им плаќаш месечен надоместок, па ќе работат за тебе:icon_mrgr:
Скроз си во право за малите плати во градовите, имам една тетка живее во прилеп, работеше во конфекција и земаше под 6000 денари плата :mad: ќе повторам пак 6000 денари плата :mad: секогаш велев да земам дрва да крадам од шума, со ранец(не со возило) можам да заработам повеќе од 6000 денари. Проклет да сум ако не донесам два кубици за еден месец :pos:

Значи кога човек ќе се најде во таква лоша ситуација тогаш се знае, животот на село е поевтин, и таму имаш шанса вистинска да покажеш колку вредиш и колку си креативен. И што е најбитно од се имаш шанса за нов почеток.
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.428
Поени од реакции
16.734
За обичните сувенции како посеви и грла да, тоа оди лесно и обично веднаш ти исплаќаат средства. Но за добивање механизација по принципот 50% фармерот 50% владата и те како треба врски. Па комшијава има фарма се изнамачи додека зеде Јон Дир, а има над 40 грла мозилки!
Секоаш каснат и не у предиведните рокови ги испраќаат машините, знам зашто едниот од тие што ги знам се изначека додека му дојде комбајнот, а после тоа и тракторот и остала механизација.
Другиот е тесно поврзан со мошне висок функционер на СДС и субвенционирано ќе гради штала за кози. Да беше СДС на власт можда ќе држеше муабетов, али ова се дешава сосема спротивно.
Факт е дека каснат, некоаш и огромен временски период али ги исполнуваат тоа што следува, независно дали воопшто е член или не е член на некоја партија апликантот.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Секоаш каснат и не у предиведните рокови ги испраќаат машините, знам зашто едниот од тие што ги знам се изначека додека му дојде комбајнот, а после тоа и тракторот и остала механизација.
Другиот е тесно поврзан со мошне висок функционер на СДС и субвенционирано ќе гради штала за кози. Да беше СДС на власт можда ќе држеше муабетов, али ова се дешава сосема спротивно.
Факт е дека каснат, некоаш и огромен временски период али ги исполнуваат тоа што следува, независно дали воопшто е член или не е член на некоја партија апликантот.
Да не ја носиме темава во политики, ама и сдс има врски во врвот;)
 
М

Мартин`

Гостин
Види да те убедувам можам до утре ама треба да пробаш за да знаеш, да се биде земјоделец е се само лесно не. Па и овие субвенции што ги "истураат" треба да имаш врски за да ги добиеш. Подобро ќе стојам на ладно отколку на +40 да жнееш жито со комбајн, кое патем ова лето ќе биде над 20 евра жнеење по декар и ретко кој посеал есеноска жито!
Само не е се во храната и пиењето, секој сака малку и да прошета. Плус не се сите земјоделци осигурани, пензија нема да видат никогаш. Знаеш кога одат во град? -Кога треба да земе пари од млеко, да плати сметки и да испазари основни продукти за живот. Сето ова со едно идење!
Инаку и по селава 50% не работаат земјоделие, си живеат од плата. Ама секој втор си чува по некое прасе за исхрана.
Поздрав!
Нема врска ова со врските на сите ги исплаќаат е сега дали порано или подоцна битно ги исплаќаат и тоа на сите а не по партиска линија, и да ајде спореди колку часови работни има еден земјоделец кој има насеано пченица а види колку има еден обичен Македонски граѓанин вработен во некоја фирма. Првиот има не повеќе од 30 дена работни во годината а другиот работи по 8 часа на ден 300 дена минимум во годината, едниот зима просек плата 10.000 денари другиот сигурно ќе му испадне повеќе. Пример јас лично знам човек (млад 25-26 години) отиде да живее на село и зема огромни површини (државни по концесија) и сега истиот за 30 дена работни во годината прави 20.000 илјади евра годишно а се е со механизација, и орање на земјиштето и сеење и прскање и жнеење кое ти го кажа на 40+ степени.. ко божем ти ќе жнееш а не друг да ти жнее :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom