Да. Еве сега и зошто да.
Јас сум од таму од кај што сум.Од каде се и мојте предци.Не сум донесен,населен,
одселен или доселен,од тука сум и ми е срам што тоа и се гледа и не можам да го сокријам. А би сакал да не сум од тука,но јас не сум бирал и сум немал можност.
А на прва пружена можност ќе гледам позитивно да го и исполнам ветувањето на поставеното прашање,и да станам тамошен господин - граѓанин во некое село. Јас и да не познавам некој случај ваков,освен брат ми,во моето опкружување,а тоа е на работа или на улица. Сите се од некаде и блазе си им,тие се господини-граѓани од некое село.
Сите си работат исто како мене и земаат исто како мене за таа завршена работа. Сега може да зборувам повеќе за овие господини-граѓани,од скопскиве села,повеќе но сличен е случајот и за другите господини-граѓани од другите села.Сите живеат подобро од мене. Еве утрово бев до пазар и прв пат купив салати-марули,можеби и сега немаше да купам,но тоа мојот колега од работа од Смилковци,си продаваше некој свој производи надвор пред пазарот.Му купив и две шишиња домашен домат-салце во шишиња од по литар и неколку суви пиперки -едно снопче.Продаваше уште нешто,лук во долги низи, чварки (доста скапи),млеко неколку шишиња и урда со пиперки. Малку си поприкажавме,јас му дадов нешто пари за купеното од заработената моја плата во фабрика,а која и тој ја има истата.
Па сега кој е во подобра ситуација,тој господин-граѓанин од Смилковци или јас градски . Јас си признавам јас сум сељакот. Еве уште зошто.
Секој си има некоја прослава,свадба,слава или пак сабота и недела.Е сега на овој господин-граѓанин,или на некој друг таков од Трубарево или Зелениково,кога ќе му се тревне таков ден и си носи на работа да почасти. Цела трпеза се разбира,домашно,
ич не ја есапи колку тежи или колку чини,туку наполнил тоа торбите и билнаците.
Е ам кога ќе дојде ред на градскиот сељак,се знае пола вино-пола вода и наполитанке 2+1, од кој тие 2 ги оставил дома за деци или внуци.
Ама и има и друго. Овој господин-граѓанин од Смилковци или Трубарево.море и од Зелениково има еден,работат на полесни и подобри работни места од мене.
Е зошто ?
Тој или тие,не му ја есапат многу кога носат,а носат повеќе на шефот: де домашно пченкарно брашно,де суви пиперки и благи и лути, де тазе шира па потоа винце, и се друго, не мерено онака ѓутуре на гајби или вреќи.
А јас градски сељак, за да го исполнам овој услов треба да земам-купам од наведениот мој голега или од пазар од некој ист таков господин -работник.
Ама тоа не е се.
На овие граѓани од Смилковци или Трубарево,а има еден и од Зелениково сите деца им работат исто тука и тоа од клупа право на работа,а потоа во фолија пред куќа.
Е баш поради таа фолија и младо кромитче и лукче за шевот а богами и менаџерот и тие се со време и на време запослиле додека некои градски ќе си чекаат.
Е и ова не е се.
Овие,добре де некој од ове покрај што со се граѓани од таму си се и ловџии по тоа полињата и ридовите.Па првиот утепан зец,и ставен во ранец оди кај шефот,и се знае потоа:Шефе утре имам за орање,да не иду два дна на работа,море и не прашуваат,тоа е прашано и одговорено со содржината во ранецот. А ако се погоди пак некоја бишка (дива) и предна половина оди кај шевот,ама и пола одмор+.
Абе има и уште за овие граѓани и за суредувањето на тревникот кај шефот,или за дигање на поткровје кај шевот,ама ај нека си тераат така кој ни е крив.
Сакам на село....... за да ме сака шефот. Ама и да живеам до сто и една и назад.