- Член од
- 23 декември 2010
- Мислења
- 578
- Поени од реакции
- 365
ИНИЦИЈАТИВА ЗА РЕПУБЛИКА ВОЈВОДИНА
Неколку невладини организации, политички партии и познати јавни личности во северната српска автономна област Војводина побараа поддршка за реорганизација на Србија, како федерална држава, која ќе се состои од Република Србија и Република Војводина.
Идејата беше претставена вчера на прес-конференција во Суботица од Живан Берисавлевиќ и Џорџе Суботиќ.
Иницијативата беше поддржана од клубот Војводина, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Независната асоцијација на новинарите од Војводина, партијата Војводина, Сојузот на Унгарците од Војводина,Партијата на Црногорците,Партијата на Хрватите во Војводина како и други групации.
Оваа иницијатива ги разлути десничарските екстремисти, кои во знак на протест во Зрењанин го изгореа знамето на Војводина.