А кој рече отцепување ?
Првин широка автономија , потоа Република а тек потоа отцепување.
Ако 99% од војвоѓанските срби се лојални, тогаш како ја коментираш оваа изјава на премиерот на Војводина:
.
Чекај малце,а знаеш од која партија е избран тој премиер и какви овласти има ? Човек на ДС е,на Тадиќ партијата......тие никогаш не би му дале нешто повеќе од ова.Неговата функција е мртво слово на папиру...
Втора најпопуларна партија во Војводина се радикалите,во 2004 ја имаа и власта во нивниот парламент........замисли ти тоа.
Војводина според уставот е неделив дел од Србија.......дури и да им дадат се можно сами да се раководат,мислиш дека би го смениле тоа делче од уставот кое вика дека
не можат да се отцепат?
Башка што и изјавата ја вадиш целосно од контекст. Човекот убаво вика, Војводина е реалност (да има таква автономна покраина) и дека барањата на некои поединци за нејзино укинување може да повлечат други екстремни барања - тие за нејзино отцепувње......
Значи човекот само вика дека тие што бараат целосно укинување на Војводина може да предизвикаат реакција кај некои кои би барале целосно отцепување......
Таму 99% од србите се лојални на Србија.....останатите тешки регионалисти се претежно мешанци....
Дури и во Истра регионализмот е пораширен од Војводина,па никој ни на сон не помислува дека Истра би можела да се отцепи.Во Истра дури и ИДС (истарска демократска странка) е на власт,а таа отворено бара широка автономија,па никому ништо....Во Истра дури и истријаните по националност декралирани се 12 % !! од населението,па никакви сценарија за постепено отцепување не се ни земаат во обзир како сериозни.
Во Војводина на власт е српска партија која во никој случај не би дала автономија,а втора најпопуларна е радикалната.....
Каде се илјадници луѓе на протести,маршови,потписи за референдуми ? Каде е сето тоа во Војводина ?
Во 2003 година во до сега најголемата анкета спроведена 75 % од испитаниците рекле дека сакаат поголема автономија,но во рамките на Србија.Тие што биле за независност биле дури и помалку од тие кои сакале целосно укинување на автономијата.
Признавам дека е интересно вака да се пецкаат србите,но реалноста е дека Војводина им е сигурна...
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 01:17 ---
1991: 33.000
2002: 88.000
2011: 125.000
Регионално декларираните заедно со недекларираните не се 125 000,туку 109 000.
Поголемиот дел од нив се недекларирани,односно 81 000.........што е дури и зачудувачки ниско за толку етнички мешан регион.Не се таму луѓето како македонците и албанците на пример......мешаните бракови се многу многу чести.....во Суботица на пример скоро и да нема чисти бракови.
Често доста од тие луѓе од такви бракови не декларираат ниту една националност.....