Зошто Војводина бара отцепување од Србија иако мнозинството таму се срби?
За време на војните во Босна, Хрватска и Косово имаше многу случаи во места од Војводина да видат голем недостаток на леб и нафта, истовремено Белград немаше гајле.Инаку рафинериите се во Нови Сад и Панчево (Војводина), единствените наоѓалишта на нафта и земјен гас во околината меѓу Вршац и Зрењанин итн.
Само Вршац со 40.000 жители е меѓу економски најсилните места, поради неколку огромни економски капацитети (и образовни) : - Хемофарм ( огромна фабрика за фармација, изградена е и посебна населба за нејзините вработени),
- Свислион (Банат) фабрики,
- пилотската академија на ЈАТ е на аеродромот, огромен број цивилни пилоти (и нашите) се таму обучувани во екс-Ју, а сега е единствена таму
- најпозната и најголема винарија кај северниот сосед Вршачки виногради и најмногу лозје.
-исто и огромни површини со пченица
Во Зрењанин е една од најголемите фабрики за масло за јадење, Дијамант.Заедно со Витал - Врбас (Сунце), исто Војводина и нашата Благој Ѓорев (Кристал) најголеми во екс-ју и едни од најголемите на Балканот.Другите преработувачи на сончоглед се скоро сите во Војводина, Нови Сад, Нова Црња, Шид.
Суботица - дом на Фиделинка (мелничка индустрија, обиди за префрлање во Белград), Пионир (кондиторски производи, префрлена во Белград), фабрика на Сименс за ветерници, Суботичка млекара (трет најголем регионален рмлекопреработувач после ИМБ и Имлек), Форнети...
Најголемите банки уште од времето на Австроунгарија се останати во Нови Сад (Војвоџанска, Панонска, Меридијан Банка, НЛБ Србија, Ерсте банк, ОТП Банка).Сега дел најверојатно се префрлени во Белград, поради (де)централизација.
Бројот на студенти (~45.000) е сличен колку на едно 2 и пол пати поголемо Скопје.
Нови Сад е исто и седиште на НИС - Нафтена Индустрија Србије и еден од најбогатите региони со 2 пати поголем национален доход од просечното ниво на земјата.
Исто и седиште на најголемата фабрика за преработка на месо - Неопланта.
At the end of 2005, Statistical office of Serbia published a list of most developed municipalities in Serbia, placing City of Novi Sad at No.7 by national income, behind some Belgrade municipalities andBečej, with 201.1% above Serbia's average.[23]Надоврзи ги на ова и етничките апетити (најмногу на Унгарците - во Суботица се 40%) и раздели па владеј принципот, па така полесно превземање на економските капацитети...