Последниве неколку години каде Интер беше далеку поквалитетен тим од Јуве и имаше подобра и поубедлива игра во лигата, успевавме да извадиме добри резултати во мечевите со нив.Еве и Милан годинава има поквалитетна екипа од Јуве, па во меѓусебните дуели извадивме ептен добри резултати и имавме супер игра.Јас верувам дека Интер има шанси и за победа во мечов, и не би ги отпишал пред време.Јуве сега колку и да игра "добро", или подобро од интер барем, тоа нема да биде пресудно за мечов никако.Од тие мечеви што ни останаа годинава, Интер и Наполи се тимовите кои имаат најголеми шанси да ни нанесат пораз во лигата.Мислам дека Интер и ке појдат по таа победа во недела.Не верувам дека ова ке биде досаден меч, не верувам ни дека реми ке биде.Напротив, мислам дека ќе биде меч со доста трчање и борба и искрено се надевам дека ќе има и фер судење за да нема завршеток како на Милан мечот.За Интер победа на мечов ке биде голем стимул да ја доиграат сезонава подобро и да качат некоја место погоре, а ако успее Јуве да ги тепа и Интер, без разлика како ке заврши сезонава ќе покаже дека е на прав пат и дека конечно после крш 5 години, ке може едно лето мирно да чекаме да заврши и да нема рекострукции и глупости туку ке си чекаме само 1-2 засилувања за да бидеме уште по конкурентни следната година.Дискас ин пис...