Како и да е, реално гледано за 10тина година во Македонија ќе има нешто повеќе од милион и некој 100 000 илјади. Никој бре не сака да живее во вукојебинава, колку и да се трудиш, колку и да се бориш за татковината, системот ти возвраќа со минус 2 удари. Од моја генерација(гледано на факултетско ниво) 50 проценти му ја викнаа странство и не се вратија. И така и треба. Ако системот не може да прифати 2 милиони жители на толкава мала територија и да им обезбеди минимални услови за живот на сите, нека ја киднат па после нека се чудат кај им замина младината. Државава стана за едни мајка а за други маќеа. Колку и да викаат дека се против предрасудите, тие ги ствараат. Еден пример на НЕРАМНОПРАВНОСТ во македонското општество. Како може при уписите на факултет(државен) да се вреднува националноста а потоа успехот!? Јас додека студирав, како македонец со висок просек од државна квота бев префрлен во приватна квота(ме известија после неколку месеци дека сум префрлен во приватна квота) поради тоа што на мое место морало да влезат личности од друга националност со под-просечен просек кои не се ни обидеа да завршат прва година. Па да му се плукнам и на државата и на системот, без разлика на која националност припаѓаме не може бре јас да иам 90 поени а некој да има 40 поени и да е пред мене на список само поради тоа што е друга националност. Ова никаде го нема во Европа. Прочитајте ја статијава од Венко Андоновски! Реална!
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2112844369&id=13&prilog=0&setIzdanie=22494
Незнам што е толку чудно во тоа што од година во година се намалува бројот на првачињата во државава !
Како прво и прво самиот модерен начин на живот и размислувања си го направија своето, потоа еманципацијата исто така игра голема улога во тоа, но исто така и социо-економските НЕуслови играат есенцијална улога !
Половина од младите луѓе во државата иднината ја гледаат надвор од нашиве државни граници, а половината која ќе остане тука да живее, ќе прпелка и ќе животари некако до крајот на животот !
Се помалку првачиња, епа тие кои седат во собраниските и во владините фотељи нека прават тие деца, јас лично како млад човек не планирам во блиска, па и во подалечна иднина да се женам и да чувам дете/деца и не планирам да чепкам по контејнери за да ги прехранам моите жена и дете/деца !
Подобро да живеам и да си умрам сам, отколку да гледам како другите околу мене(семејството) се измачува и трпи за леб !
Накратко кажано на сите им е преку*чено од оваа вукојебина, половината млади веќе бегаат и ќе избегаат во странство, а другата половина која тука ќе остане да живее, ќе прпелка и ќе животари некако до крајот на животот !