На пример коа вежбаш гради и трицепс, ги правиш прво вежбите за гради и во исто време го активираш трицепсот, го загреваш, се полни со крв и потоа преминуваш на вежби за трицепс. Значи вежбите за гради и трицепс се поврзани т.е и двата типа на мускули служат за буткање и се вежбаат взаемно.
Исто и за грб и бицепс, и двата типа на мускули се за влечење, правиш прво вежби за грб кај кои секундарна акција има бицепсот, и после продолжуваш со вежби за бицепс.
Додека ако вежбаш грб и трицепс не правиш ништо, прво правиш вежби за грб, се загрева бицепсот, и после продолжуваш со трицепс, кој не добил никаква акција кај вежбите за грб, а бицепсот го оставаш да спласне.
Ова е мојата логика и јас вака вежбав.