Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?


  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.928
Поени од реакции
45.010
Абе не е до коефициентите, никаков утешителен податок не е тоа, титулите тука се бројат, не децималите, косинусите, синусите ...
Инаку сум кажал и пак ќе кажам, Италија во ЛШ увек правела поголема разлика од германците, Лига Европа, порано Куп Уефа, се местата каде германците правеле стандардно поголеми успеси а со тоа и поголема разлика у тие коефициенти и тоа пресуди.

Ајде, наредна година Интер најверојатно ќе играат таму, може и Наполи, Удинезе ... Јуве :pos:, па ќе ја биде ваљда.
--- надополнето: 16 март 2012 во 01:10 ---
За Удинезе и Интер сигурен бев дека ќе пројдат уште коа ги извлекоа претивниците, а за Наполи после првиот дуел... и глава ќе остаев, ама ете... ептен разочараа, лошо е што остана уште Милан барем уште некоа италијанска да имаше, ама тоа е секоа година скоро иста песна.
Ја после промашувањето на Маџо убеден бев дека ќе го шмркнат у Лондон, знаев дека таа дефанзивна тројка у Лондон ќе им се отвори ко булка у Пролет. Мацари е једина причина што го јадеа бедот, кога ќе видиш дека жабарска екипа, земја позната по одличните дефанзивни тактики, на таков начин продава водство од 3-1, знаеш каде лежи проблемот. И неискуството имаше удел, Пандев им беше најискусен за ЛШ :pos:, једини со такво искуство, ама тоа не пресуди тука, преголем дел од вината е стациониран кај драмаквинот што им седи на клупа.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Абе не е до коефициентите, никаков утешителен податок не е тоа, титулите тука се бројат, не децималите, косинусите, синусите ...
Инаку сум кажал и пак ќе кажам, Италија во ЛШ увек правела поголема разлика од германците, Лига Европа, порано Куп Уефа, се местата каде германците правеле стандардно поголеми успеси а со тоа и поголема разлика у тие коефициенти и тоа пресуди.

Ајде, наредна година Интер најверојатно ќе играат таму, може и Наполи, Удинезе ... Јуве :pos:, па ќе ја биде ваљда.
Па и во Уефа куп во 90 тите италијаните лом правеа со титули, само во новиов век паднаа таму и делуваат ко да се без нозе. Ама и покрај тоа, иако на германците им е битно ова натпреварување, неможат да се пофалат со титула.
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
zborev od ponoviot sistem sto go vovede Platini,izleguva deka i sinusite i kosinusite se brojat...ma jbg koga i portugalija i germanija 2 godini po red ke imat povise prestavnici vo evropa (Mart-April) ..propast :(
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.928
Поени од реакции
45.010
Па и во Уефа куп во 90 тите италијаните лом правеа со титули, само во новиов век паднаа таму и делуваат ко да се без нозе. Ама и покрај тоа, иако на германците им е битно ова натпреварување, неможат да се пофалат со титула.
Имаат некои леви математики од УЕФА и тоа е тоа, глупо е што Италија изгуби место во ЛШ ради Лига Европа али тоа ти е, сакале да признаеме ние или не италијанското првенство си има дигресија у последно време, германциве па обратно, им се подобри квалитетот али сеуште не можат у ЛШ да напнат другиве екипи освен Баерн, ко на времето тоа што беа Леверкузен и Дортмунд, и ред други. Со пари слабо стојат генерално гледано, освен 2-3 екипи другите не се у состојба да трошат многу и со тек на време квалитетот си добиваше голема дигресија, а и овие што се способни да трошат не се у состојба да фрлаат пари ко најдобрите екипи од Англија и Шпанија, се ценкаат со рати, позајмици, Ибра беше уникатна прилика за Милан, еднаш у 20 години таков пенал ти доаѓа и го искористија, иначе и они ќе се задоволуваа со послаби играчи ( од него ), Робињо стајл.

Дојдоа нови времиња у фудбалот и што попрво жабариве се адаптираат толку подобро ќе е тоа за италијанскиот фудбал, Галијани не се шалеше кога кажа дека кат-тад и французиве ќе ги поминат. Ќе организираат они ЕП за 4 години, ќе ги реновираат стадионите, некои тимови и нови ќе изградат ако не се лажам, ќе бидат магнет нивните тимови за странски инвестиции слична на онаа која сеа е во ПСЖ a денес на играчиве не им е многу битно дали клубот у кој одат има богата историја или не, ене го Ето, во Анжи од Махннманчафгала е.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.922
Поени од реакции
8.798
Па и во Уефа куп во 90 тите италијаните лом правеа со титули, само во новиов век паднаа таму и делуваат ко да се без нозе. Ама и покрај тоа, иако на германците им е битно ова натпреварување, неможат да се пофалат со титула.
па баш 90-та мислам Интер-Рома играле финале УЕФА Куп и Интер го освоил :D
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
па баш 90-та мислам Интер-Рома играле финале УЕФА Куп и Интер го освоил :D
Да беше само тоа:)
Гледај ги финалињава во Уефа купот. (екипите кои се први напишани го освоиле натпреварувањето)
1989 Наполи-Штутгарт
1990 Јуве-Фиорентина
1991 Интер-Рома
1992 Ајакс-Торино
1993 Јуве-Б.Дортмунд
1994 Интер-Салцбург
1995 Парма-Јуве
1996 Баерн-Бордо
1997 Шалке-Интер
1998 Интер-Лацио
1999 Парма-Марсеј
Еве во 11 години само 96' немало Италијански претставник во финале. Ова се години кога доминираат италијаните во сите три натпреварувања под капата на Уефа. После ова нагло им паѓа квалитетот. Јес да во ЛШ покажаа заби благодарение на Милан и Интер ама не е тоа тоа.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.868
Поени од реакции
6.380
Каква ТрагиКомедија се телма , Ноле-Иснер ,полуфинале на "мегапопуларниот" ИНДИЈАН ВЕЛС турнир доби предност пред Фиорентина-Јуве . Лакрдија... Жалост....Патетичност....Ужас.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.442
Поени од реакции
87.156

Навивачите на Фиорентина пред почетокот на натпреварот се пошегуваа со Конте на начин што се појавија со шарени перики на трибините:
"Тоа им беше интересна забава, но мора да се однесувате смирено. Јас дури зедов една виолетова перика и ќе си ја однесам дома кога ќе ми треба за замена на мојата коса. Ги поздравувам навивачите на Фиорентина за идејата."
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.008
Поени од реакции
2.043
Ајде Рома вечер да искористи ситуација : )))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom