Неќам да ве замарам колку пари ми земал Јунајтед вечерва и колку сум бил нервозен.. Едноставо никој не ме со сила тераше да ставам пари и да мислам дека дуелот на ОТ беше само лоша вечер.
Али она што го видов и она што се случуваше до крај на живот нема да го разберам и до крај на живот ќе ја памтам оваа вечер.
Да имаш негатива од еден гол на домашен терен, да почнеш со само еден и тоа НЕкласичен шпиц во реваншот и да пуштиш втор шпиц дури во 70 мин., а претходно повторно да си во резултатска негатива, е тоа нема никогаш да го сфатам, освен ако не излезе САФ со изјава дека гостувањето во Билбао го искористил за прошетка и гледање на убавините на самиот град.