Очигледно не ми го сфати постот. Чек малце, Лацио и Наполи ги сметаш за конкурентни во Италија? Лацио кој губи 1-3 од Болоња дома? Не ме зезај брат. Наполи се океј тим, за у топ 4 плачат али ги јаде ЛШ нив, ради тоа паднаа во италијанско на почеток на сезона, еве сега фатија каков таков ритам.
Друга работа, играчите се корисни и те како, секако не сите али дел од нив комотно може да играат, ама УЗ ДОБАР ТРЕНЕР. Камби може да игра уште една сезона комотно, Лусио исто, Самуел исто, па и капитенот нема да смета, едино Станкович би го изрогал од тимов уште сеа, нормално Кордоба не го спомнувам пошо тој не ни игра, заборавивме дека постои.
Трето, не ги споредив јас Милито и Бензема конкретно него ти дадов пример што значи Мурињо. Милито кој беше обичен просек од играч стана незаменлив дел од историјата на Интер, а Интер е голем клуб, и во Европа и во Италија. Исто и со Бензема, тој беше ѕвер во Лион не викам не, ама кога дојде скапаница беше таа сезона, а види го што прави оваа сезона, значи тренерот има и те каква улога во тимот. И тоа што викаш дека му се погодило на Милито една сезона, не би рекол баш, еве ти го и оваа сезона, и покрај тоа што Интер е очаен и слаб тој е најдобар стрелец на тимот со 13/14 гола во Серија А, не знам точно колку се.
И да, у право си за реконструкцијата, старите играчи да се селат на клупата, а дел и да се продадат, носење на двајца големи играчи од кои еден мора да биде во средниот ред, а еден во нападот, и пред се добар тренер и лека полека ќе се средат работите. Не верувам дека уште од следна сезона ќе се бориме за титула иако ништо не се знае али ипак за да се создаде јак и конкурентен тим потребно е време, не може се преку ноќ.