Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
МЗТ е најсериозен кандидат за титула оваа година.На почетокот не делуваа баш најдобро т.е беа како раштиман оркестар ама сега од утакмица во утакмица играта ја подобруваат за едно ниво.Еден од најправилните потези им е што се засилија со Гече и според мене тука се направи разликтата помеѓу МЗТ и Фени иако и другите играчи за нашава лига се измислени во споредба со другите.Во Јане тешко дека некој може да ги победи па според мене ако оваа година не освојат тогаш никогаш нема трофејот да отиде во Аеродром.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.255
Поени од реакции
46.649
Ќе видиме како ќе се однесуваат со Фени гости, Фени ако тепаат ќе бидат први и ќе ја имаат предноста на домашен терен, ја 50-50 им давам шанси на двете екипи, пак ќе кажам, од големо значење ќе е меѓусебниот нивни дуел во Кавадарци, ако тепаат тука МЗТ тогаш шансите за титула рапидно ќе им пораснат.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.990
Поени од реакции
16.430
На МЗТ целта им е да освојат титула во првенството или да не се избрукаат наредната година во АБА лигата т.е склопување за квалитетен тим кој би бил барем близу на тимовите како Раднички Крагуевац? ..бидејќи со Партизан, Макаби, Цедевита, тешко дека би направиле нешто повеќе..
Реално имаат тим за титула во нашето првенство, ама со овој состав во една таква силна АБА лига незнам како ќе се одвиваат работите.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
На МЗТ целта им е да освојат титула во првенството или да не се избрукаат наредната година во АБА лигата т.е склопување за квалитетен тим кој би бил барем близу на тимовите како Раднички Крагуевац? ..бидејќи со Партизан, Макаби, Цедевита, тешко дека би направиле нешто повеќе..
Реално имаат тим за титула во нашето првенство, ама со овој состав во една таква силна АБА лига незнам како ќе се одвиваат работите.
Тешко е и да направат тим барем приближно силен на Раднички Крагуевац...Ја имаат најдобрата бековска линија во Србија и една од подобрите во АБА лигата. Според мене,очекувам да имаат екипа од рангот на Златорог,Крка,Хелиос,Хемофарм(одкога си замина пола тим)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Скор 2-8 :facepalm:
А како почнаа сезонава и на крај ќе си останат тоа што се... банана...
 
Член од
13 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
13
Во првиот дел додека на клупа беше Боби (кого големите"ѕвезди" во тимот не го почитуваа, поради што си замина), Торус загуби само од Фени во Кавадарци (скор 7-1), ама откако Боби си отиде, ги засили големиот стручњак Марче (појма немам со кој памет го држат и во репрезентација???) стигнаа до скор 4-4 во првиот дел и 3-4 во супер лига.
Затоа јас би рекол дека не е толку тимот банана, туку тренерот е дрво неделкано.
Да го пуштат Цевка да ги води ќе играат трипати подобро отколку со овој што знае само да прета како врзана кокошка.
П.С. Да знаеше тој нешто од кошарка немаше лани ЦПБ да го молат Марин од дома да доаѓа за да го победат МЗТ.
Затоа ако сака Војо-Торус (мислам дека така се викаше) да има резултати, бид. има одлични играчи за наша лига, уште утре нека го шутне Марче.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Како бе Торус изгуби од Работнички? :eek: Иначе другите резултати очекувани-ние победивме со Лирија,Мзт со Куманово...продолжува трката
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Дуелот меѓу Фени и Мзт ќе го даде првопласираниот на табелата....нема промени понатаму ;)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.076
Поени од реакции
74.810
Одлична последфна четвртина на ФЕНИ во Скопје, и победа од 13 разлика над Торус. Посебно добар момент беше тројката од пола на Лилов, кој според мене беше играч на натпреварот.
Како и што очекував Лирија беше само лесен залак за МЗТ.

Сега во последно коло ќе се решат многу работи.
Ако тепа МЗТ ќе има 1-0 против ФЕНИ во евенутално финале и предност на домашен терен.
Ако тепа ФЕНИ ќе биде 0-0, но ФЕНИ ќе има предност на домашен терен.

Одличен меч ќе биде тоа. Ако убаво се сеќавам, МЗТ никогаш нема победено во Кавадарци :eek:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Преносов беше најјак, Крсте стандард volume 0, од публиката се слуша: Ајде... дај ја... на Перо сеа... кружи топка... браво, ајде шут... аеее аиииаааа.... ееее да ти и*ам мајката... дај му ја на црнецот...

:pos:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Со Србиновски на клупа толку им е.Имаат добри поединци Торус ама во моментите кога тренерот треба да ја постави победничката тактика они ги губат утакмиците.Имаа 9 поени предност али се стопија за многу кратко време.Кога требаше они да го диктираат темпото и да ја решат утакмицата немаа никаква идеа и шутираа од пола терен.Ако на местото на Србиновски денес беше некој што стварно ја разбира кошарката тогаш Торус ќе беше тимот што ќе славеше победа денес.
Како што стојат моментално работите изгледа само МЗТ-Фени ќе биде неизвесна утакмица.Мала предност им давам на МЗТ но ништо нема да се знае дур не се судрат на крај овие 2 екипи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom