- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.076
- Поени од реакции
- 74.810
http://www.mkd.mk/19534/sport/kup-na-makedonija-cetiri-dena-sedum-sredbi-25-evra-za-bileti/
Организаторот на куп-спектаклот, тимот на Торус, вечерва објави одредени детали околу завршницата на некогаш најмасовното, а сега натпреварувањето на прволигашите со повремени вмешување на не повеќе од две пониско рангирани екипи.
Билетите за четврт-финалните средби ќе бидат 150 денари за горните и 200 денари за долните трибини додека односот на цените за полуфиналните дуели и за финалето ќе бидат 200 односно 250 денари. Тоа значи дека следењето на сите седум средби за полошите места во „Борис Трајковски“ кошаркарските вљубеници ќе ги чини 1.200 денари додека за подобар поглед кон актерите на паркетот ќе треба да се одвојат вкупно 1.550 денари. Организаторот засега не предвидува блок-билети за сите средби, кои би требало да бидат со пониска цена, а новитет е што влезниците за куп-возбудувањата ќе се продаваат во повеќе градови од каде што има учесници на фајнаејт-турнирот и тоа во Скопје (седум продажни места), Куманово (едно) и во Гевгелија (едно). Останува нејасно зошто во моментов нема продажно место во Кавадарци од каде што доаѓа актуелниот шампион Фени И.
Фактот што МЗТ Скопје и Работнички, екипите со најмногу навивачи, играат во ист ден го натера организаторот да ги закаже средбите во пооддалечени термини него вообичаено за да има време салата да се испразни по првиот и да се наполни за вториот дуел. Првиот дневен дуел ќе почне во 17 часот додека вечерната и најчесто поатрактивна пресметка ќе почне во 20.30 часот.
На денешниот состанок на техничката комисија задолжена за регуларноста на куп-средбите е пофалено коректното и фер навивање од страна на навивачките групи во последниот период, кои ги оставија кошаркарските терени чисти од тензиите. Клубовите-учесници на завршниот турнир се надеваат дека тие ќе продолжат во ист стил и дека ќе го помогнат развојот на македонската кошарка.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
22 март (четврток)
(1) Торус – Работнички 17 ч.
(2) Вардар – МЗТ Скопје 20.30 ч.
23 март (петок)
(3) Кожув – Фени И. 17 ч.
(4) Лирија – Куманово 20.30 ч.
ПОЛУФИНАЛЕ
24 март (сабота)
(5) Победник 1 – Победник 2 17 ч.
(6) Победник 3 – Победник 4 20.30 ч.
25 март (недела)
ФИНАЛЕ (младинци)
Вардар – Фени Индустри 16 ч.
ФИНАЛЕ (сениори)
Победник 5 – Победник 6 19 ч.
Дишат ли овие бе?