тие науки Стефус се во ред ако се однесуваат на држава со долга традиција на почитување на закони, регуларни закони, синдикати, здруженија, правосуден функционален систем, отвореност за стоки и раб. сила и слично. Но во ваква држава тешко има логика во економијата. Пример да дозволиш некому да затвори еден од најголемите ланци аптеки, просторот среде центар да му скапува за да има бесплатна работна сила во своите аптеки ...такви апсурди поврзани со партии и заграбување на општествените добра се познати и бројни.
А ако наместо реални бројки со цени и трошоци збориме за гдп, како е можно со гдп 1200-1600 долари (пред една, еднаипол деценија), нивото на сиромаштија да е пониско него сега со 4-5000...1997-1998 нивото на сиромаштија беше околу 20%, сега е 31%. Диспаритетот, неправилната распределба на богатството (wealth inequality) оди во нагорна линија од 0.3 во 1994 на 0.4 во 2005...и владата наместо да преземе мерки за воедначување на овие социјални недостатоци (како што преземаат мерки европските влади), таа ништо. Зошто? Ваљда бизнисите ...
Ако веќе размислуваш дека едина предност е тоа џидипито, види како е распоредено богатството... Башка, ако се споредуваме со европските земји, каде се тука социјалните пакети, за дете, за невработен, за разни болести.
The three richest people possess more financial assets than the lowest 48 nations combined,
Ова се случува кај нас.
Не треба да гледаш џидипи (пошто е вон тема) за да пресметаш дека за струја дури и летно време ти одат 2-3000, зимно 6-7000 доколку користиш дрва (нешто над 50 евра кубик), дека за основните минимални хигиенски услови ти требаат пари, за доктор, за образување на децата, за да купиш нови кинески чевли или турски развлечен џемпер, кошули кои заради квалитетот на материјалот за сезона-две замирисуваат и се кинат, најефтини чорапи кои држат 2-3 месеци...кога на сето ова ќе ставиш дека за децата кои растат им треба сета облека нова минимум два-3 пати годишно, ...ќе видиш дека и 30000 за семејство се испод достоинствен минимум.