Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

Ова што го кажа Doom3 е добра дефиниција на достоинствен живот. Вака (односно троа полуксузно) живеат и во побогатите земји. Меѓутоа во мк едно семејство треба да има мин. 60 000 за да може да си го дозволи сето то. А тоа го има само одреден процент на населенито (можеби 10% до 20%).
Со 60000 плата си веке богаташ во Македонијава.
Тоа што го набројав погоре се остварува со 400 евра.
Ако БДП/капита рипне од 9000 на 30-40000 долари може и да биде просечен. Aма за тоа треба мозок и муда.
Абе го здрви со тој капитал. За тоа да се оствари не треба да рипне капиталот, само треба да се пренасочи онаму каде што треба ;)
 
Со 60000 плата си веке богаташ во Македонијава.
Тоа што го набројав погоре се остварува со 400 евра.
Со 2 плати од 400-500 евра може...
--- надополнето: 5 март 2012 во 12:40 ---
Абе го здрви со тој капитал. За тоа да се оствари не треба да рипне капиталот, само треба да се пренасочи онаму каде што треба ;)
Прераспределување на капитал само во Комунизам.
 
Со 60000 плата си веке богаташ во Македонијава.
Тоа што го набројав погоре се остварува со 400 евра.
Сумата се намалува ако имаш стан и ако си на периферија, но 400евра за 4члено семејство сепак изгледаат некако малку. Само сметките и сите трошоци за автомобил се околу 200 евра ако не и повеќе.
Сепак за еден човек 400евра претставуваат прилично пристојна сума.
 
Со 2 плати од 400-500 евра може...
400 евра за сам човек, од искуство, со брачен другар 2х400, нормално, и двајцата ке работат.

Со 2
Прераспределување на капитал само во Комунизам.
Прераспределување/насочување на капитал само во домакинските земји.
Како сакаш да рипне капиталот ако не оди таму каде што треба? Епа, абре македонче.
 
8050 ден. месечно и достоинствен живот едноставно не идат во иста реченица. Исто како да делиш со нула:P.
 
Прераспределување/насочување на капитал само во домакинските земји.
Како сакаш да рипне капиталот ако не оди таму каде што треба? Епа, абре македонче.
Треба да оди таму кај што најбрзо ќе порасне. Така расте БДП и плати.
 
Тие скапани 8000 се лански 6000, а со ова, власта го купи провладиниот народ со агендата „ете, видовте, еве ви“, а останатите со „ам, барем напрај нешто и за нас“.

8000 се само сметките , ами кај е јадењето, пиењето, облеката???

Ама според БЕСКИЧМЕЊАЦИТЕ (Блогерите) Виктор Трифуновски и Нено Богдан владата немала право да им се мешала на работодавците за тоа под кои услови ќе работеле нивните вработени...
 
А тоа сигурно не е во автомобилиот од 20-30 000 евра на некое 16 годишно богаташче кој газдата тато му го купил, пријателе мој.
 
Тој што стигнал до капитал има право да го раководи како сака. Тој си знеа како е најдобро и најпродуктивно сигурно не е државата добар менаџер на пари. Ако троши на глупости може и цел да го изгуби. Класни разлики мора да има не сме сите исти. Треба да поработиме на самите себе и да ја искорениме зависта и љубомората таа може само да не влече назад. На крај слушни ја Маргарет Тачер како убаво објаснува за класни разлики.
 
Друже, немој да мислиш дека Груевски ти прави услуга со тоа што ја качил минималната плата од 6 на 8. Тие пари треба работодавецот да ги даде од свој џеб. Нека има некој работодавец 10 вработени на минималец. По 2000 за 10 души се 20 000 месечно. Мислиш дека од профитот ке издвои 20 000 за да ги качи платите? Или ке ги качи цените и сите ке плаќаме повеќе, или некој ке лета од работа.
А тоа сигурно не е во автомобилиот од 20-30 000 евра на некое 16 годишно богаташче кој газдата тато му го купил, пријателе мој.

Немаш ти право да кажеш кој на што ке ги троши парите.

Убаво ви кажа Стефан, ваквите политики се деструктивни за економијата. Да беше така едноставно, еве ке ставиме минимална плата 500 евра и сите среќни.
Државата не ја водат економисти туку политичари на кои им е во интерес да придобијат што повеќе интересни групи. Друг класичен пример покрај минималните плати се субвенциите на земјоделците. Сите овие примери се подржани од историјата, не се само на хартија.

И нема потреба да се понашате како да сака некој овде на форумов да ве заебе. Парите ни се во спомениците, даноците, акцизите, не во колите, куќите и џиповите на газдите. И да, ги заборавив 140 000те непродуктивни административци.
 
Тој што стигнал до капитал има право да го раководи како сака. Тој си знеа како е најдобро и најпродуктивно сигурно не е државата добар менаџер на пари. Ако троши на глупости може и цел да го изгуби. Класни разлики мора да има не сме сите исти. Треба да поработиме на самите себе и да ја искорениме зависта и љубомората таа може само да не влече назад. На крај слушни ја Маргарет Тачер како убаво објаснува за класни разлики.
Маргарет Тачер исто како и онаа нашата "необична" граганка Благородна Дудлич може класните разлики да си ги напика во стариот гз.
Не велам јас да нема класни разлики, ненормално би било да ги нема. Али да се до толку изразени да некој нема пари да се излечи од најобична настинка и да умре поради тоа и да живее во шупичка од денес за утре немајки да им даде на децата да јадат, а притоа работи 8 дена во неделата од 6 до 6, а некој друг пак од друга страна да купува скапи автомобили и да фрла пари по луксузни ствари колку да се покаже, часовник од 5-6 000 евра, кавијари мавијари, коли секоја година нова (е ова е веке луксуз, а не интернетот и телефонот), па да ти се моч*м во толкавата разлика. Што е премногу, премногу е.
И не му наредувам јас на некој капиталот да го даде таму и таму, како прво немам право, а како второ кој ке ме слуша. Туку слободно кажувам каде би требало да оди.
Еве ти и конкретен реален, не-измислен пример:
Гледам на вести еден, да не го именувам, сопственик на текстилна фабрика како кука и го дрви дека немал доволно пари, државата да му помогне, ке отпушта работници дрв, дрв, дрв. А истиот тој газ-да пуштил оглас дека бара 50 работници, и истиот тој има купено тежок недвижен имот како овде, така и во странство, и истиот тој дома има х+2 нови коли директно од салон (кои патем ги менува на година-две), каде што х е бројот на членови на неговото семејство, оние 2 резерва му се изгледа, а работниците во неговата конфекција земаат минималец 9000 (немој сега да го здрвиш како се далеку повеке од минималецот), ако некој земе 10000 значи многу му се свига.
Ова ти е чист школски пример за тоа како капиталот оди каде што не треба, а на сметка на тоа трпи обичниот работник.
Сега ке речеш "негов си е капиталот, каде сака таму ке го троши", да негов си е, али и не си е баш негов бидејки е буквално легално краден од устите на работниците. А и негов да си е, што к*р има да ми кука по телевизиите дека "не можело да се издржи, ке затворел и многу луге ке останеле на улица", она "истегни ги нозете колку што ти е долга чергата" не важи за газдите?

Немаш ти право да кажеш кој на што ке ги троши парите.
Знам дека немам, али имам право да си кажам мислење, прочитај погоре.
 
Гледам на вести еден, да не го именувам, сопственик на текстилна фабрика како кука и го дрви дека немал доволно пари, државата да му помогне, ке отпушта работници дрв, дрв, дрв. А истиот тој газ-да пуштил оглас дека бара 50 работници, и истиот тој има купено тежок недвижен имот како овде, така и во странство, и истиот тој дома има х+2 нови коли директно од салон (кои патем ги менува на година-две), каде што х е бројот на членови на неговото семејство, оние 2 резерва му се изгледа, а работниците во неговата конфекција земаат минималец 9000 (немој сега да го здрвиш како се далеку повеке од минималецот), ако некој земе 10000 значи многу му се свига.
Греота е тој, а такви пун куп...башка што лапнале од општествениот куп за кој двоеле од уста нашите стари (и ја у меѓувреме у СФРЈ, хехе)...море да може работникот да му плаќа за да работи, арно ќе е. Зашто се држи толкава невработеност? За групен секс каде работникот (част на саглам фирми и башлуѓе газди) е оној што го лежи.

На крај слушни ја Маргарет Тачер како убаво објаснува за класни разлики.
Нејзината држава е подобра од нашата во тие разлики. Ако веќе споменувате разлики, од 140 земји ние сме на 45 место, Британија на 94-то (повисоко е подобро) по разлики. И тоа џидипи е исто превара ако капиталот лежи у раце кај 1000 души. За работникот подобро беше со 1000-1500 долари гдп неголи сега со 4-5000. Глеј ги ти реалните нето плати пондерирани према трошоците на живот, тоа е подобар показател, ако веќе не им верувате на луѓето со помали примања.
А доволно е само да се соберат месечните сметки и да му се додаде дневно за храна, веднаш ќе видиш дека е минималната плата буквално војничко преживување. Она што зборат небањат...епа не може работник небањат и небричен да оди на работа...а каде се последиците по здравје од јадење леб и маргарин и салама од 80 денари? Пари за чичко доктор, лекови? Утопија е да се нарече живеење, а камоли достоинствено. Всушност не ни знам што значи да живееш достоинствено, ако не си газда тоа скоро и да го нема у Македонија (пак част на некои регуларни фирми што не те дупат у достоинство).
 
Маргарет Тачер исто како и онаа нашата "необична" граганка Благородна Дудлич може класните разлики да си ги напика во стариот гз.
Не велам јас да нема класни разлики, ненормално би било да ги нема. Али да се до толку изразени да некој нема пари да се излечи од најобична настинка и да умре поради тоа и да живее во шупичка од денес за утре немајки да им даде на децата да јадат, а притоа работи 8 дена во неделата од 6 до 6, а некој друг пак од друга страна да купува скапи автомобили и да фрла пари по луксузни ствари колку да се покаже, часовник од 5-6 000 евра, кавијари мавијари, коли секоја година нова (е ова е веке луксуз, а не интернетот и телефонот), па да ти се моч*м во толкавата разлика. Што е премногу, премногу е.
И не му наредувам јас на некој капиталот да го даде таму и таму, како прво немам право, а како второ кој ке ме слуша. Туку слободно кажувам каде би требало да оди.
Еве ти и конкретен реален, не-измислен пример:
Гледам на вести еден, да не го именувам, сопственик на текстилна фабрика како кука и го дрви дека немал доволно пари, државата да му помогне, ке отпушта работници дрв, дрв, дрв. А истиот тој газ-да пуштил оглас дека бара 50 работници, и истиот тој има купено тежок недвижен имот како овде, така и во странство, и истиот тој дома има х+2 нови коли директно од салон (кои патем ги менува на година-две), каде што х е бројот на членови на неговото семејство, оние 2 резерва му се изгледа, а работниците во неговата конфекција земаат минималец 9000 (немој сега да го здрвиш како се далеку повеке од минималецот), ако некој земе 10000 значи многу му се свига.
Ова ти е чист школски пример за тоа како капиталот оди каде што не треба, а на сметка на тоа трпи обичниот работник.
Сега ке речеш "негов си е капиталот, каде сака таму ке го троши", да негов си е, али и не си е баш негов бидејки е буквално легално краден од устите на работниците. А и негов да си е, што к*р има да ми кука по телевизиите дека "не можело да се издржи, ке затворел и многу луге ке останеле на улица", она "истегни ги нозете колку што ти е долга чергата" не важи за газдите?
.
И на мене не ми се допаѓа тоа што има разлики големи меѓу богатите и сиромашните но, се водам според факти а не емоции. Социјалните разлики се неминовност и неопходност ако сакаме да се развие економијата. Економијата е наука и така треба да се третира. Се знае што води кон долгорочен развој и подобрување на општата економска состојба на секоја индивидуа. Мора да се научиме да не бидеме емотивни и емоциите да не водат туку разумот. Левичарските мерки се импулсивни и емотивни а не рационални. Може државата да опне даноци до небо и да им даде на сиромавите пари. И да општиот животен стандард ќе рипне но, за неколку години економијата ќе оди во ендек и ќе пропадне. Не сум ептен да се укинат сите социјални пакети ама да се сведат на минимум.
 
Па и јас не се водам според емоции, туку според реалноста, која е таква каква што е.
И напротив, мене не да не ми се допагаат разликите, туку не ми се допага што се како црно и бело.
 
Нејзината држава е подобра од нашата во тие разлики. Ако веќе споменувате разлики, од 140 земји ние сме на 45 место, Британија на 94-то (повисоко е подобро) по разлики. И тоа џидипи е исто превара ако капиталот лежи у раце кај 1000 души. За работникот подобро беше со 1000-1500 долари гдп неголи сега со 4-5000. Глеј ги ти реалните нето плати пондерирани према трошоците на живот, тоа е подобар показател, ако веќе не им верувате на луѓето со помали примања.
.
GDP%2Bvs%2BWages.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom