Тој што стигнал до капитал има право да го раководи како сака. Тој си знеа како е најдобро и најпродуктивно сигурно не е државата добар менаџер на пари. Ако троши на глупости може и цел да го изгуби. Класни разлики мора да има не сме сите исти. Треба да поработиме на самите себе и да ја искорениме зависта и љубомората таа може само да не влече назад. На крај слушни ја Маргарет Тачер како убаво објаснува за класни разлики.
Маргарет Тачер исто како и онаа нашата "необична" граганка Благородна Дудлич може класните разлики да си ги напика во стариот гз.
Не велам јас да нема класни разлики, ненормално би било да ги нема. Али да се
до толку изразени да некој нема пари да се излечи од најобична настинка и да умре поради тоа и да живее во шупичка од денес за утре немајки да им даде на децата да јадат, а притоа работи 8 дена во неделата од 6 до 6, а некој друг пак од друга страна да купува скапи автомобили и да фрла пари по луксузни ствари колку да се покаже, часовник од 5-6 000 евра, кавијари мавијари, коли секоја година нова (е ова е веке луксуз, а не интернетот и телефонот), па да ти се моч*м во толкавата разлика. Што е премногу, премногу е.
И не му наредувам јас на некој капиталот да го даде таму и таму, како прво немам право, а како второ кој ке ме слуша. Туку слободно кажувам каде би требало да оди.
Еве ти и конкретен реален, не-измислен пример:
Гледам на вести еден, да не го именувам, сопственик на текстилна фабрика како кука и го дрви дека немал доволно пари, државата да му помогне, ке отпушта работници дрв, дрв, дрв. А истиот тој газ-да пуштил оглас дека бара 50 работници, и истиот тој има купено
тежок недвижен имот како овде, така и во странство, и истиот тој дома има х+2 нови коли директно од салон (кои патем ги менува на година-две), каде што х е бројот на членови на неговото семејство, оние 2 резерва му се изгледа, а работниците во неговата конфекција земаат минималец 9000 (немој сега да го здрвиш како се далеку повеке од минималецот), ако некој земе 10000 значи многу му се свига.
Ова ти е чист школски пример за тоа како капиталот оди каде што не треба, а на сметка на тоа трпи обичниот работник.
Сега ке речеш "негов си е капиталот, каде сака таму ке го троши", да негов си е, али и не си е баш негов бидејки е буквално легално краден од устите на работниците. А и негов да си е, што к*р има да ми кука по телевизиите дека "не можело да се издржи, ке затворел и многу луге ке останеле на улица", она "истегни ги нозете колку што ти е долга чергата" не важи за газдите?
Немаш ти право да кажеш кој на што ке ги троши парите.
Знам дека немам, али имам право да си кажам мислење, прочитај погоре.