- Член од
- 18 јануари 2011
- Мислења
- 1.605
- Поени од реакции
- 748
Европа не смее да ја изгуби Грција
04.03.2012
Европа не смее да ја изгуби Грција, изјави во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) Вернер Хојер.
- Ако ја изгубиме Грција ќе ја вратиме европската интергација назад за неколку децении. Ние не можеме и не треба да ја изгубиме Грција, нагласува Хојер.
Во овие тешки денови за грчкиот народ сакам да верувам дека пакетот финансиска помош, одобрен оваа недела, бележи подобри денови за иднината, истакнува во интервјуто претседателот на ЕИБ.
Хојер нагласува дека експлоатацијата на природните ресурси може да придонесе за зголемување на економскиот раст и за создавање нови работни места.
Атина го финализира вториот пакет помош во вредност од 137 милијарди евра со Европската унија, Меѓународниот монетарен фонд, Европската централна банка и приватните кредитори.
Исплатата на средствата од земјите од еврозоната ги чека резултатите од преговорите со приватните кредитори за отпишување на дел од грчкиот долг, кој треба да биде постигнат идната недела.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DF42188A122CF34CA28F0A573540A0DC