Фан клуб - РК Вардар

Член од
29 ноември 2011
Мислења
123
Поени од реакции
81
Нема на нет нешто? :oops:
Копилињава од кабловска пола програми ги немаат, само што се испокаравме изгледа ќе раскинам договор.
Како е можно во цело Скопје Спорт клуб да фаќаат, а само во Кисела Вода како општина да нема? :eek:

Не е само Кисела Вода ... И тука во А.К. е исто! :mad:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
Prije utakmice Nexe-Vardar, vec od 16 sati, biti ce otvorena navijacka zona (sator) na ulazu u sportsku dvoranu.
Pripremite se za utakmicu uz finu papicu i finu kapljicu te lake note. Navijacki koncert zapocinje u 17.30 sati na tribinama dvorane. Nastupaju svi navijaci rukometnoga kluba Nexe!!
Cilj: pobijediti Vardara!!
Vidimo se!!
Се припремаат јако овие, осеќам ќе биде многу јака утакмицава.
Ретко кој воопшто знае дека денеска во 17 и 30 ја играме можеби клучната утакмица во СЕХА лигата.
Ако избегнеме пораз скоро сигурно сме во фајнл-форот, ако изгубиме, ќе биде жестоко до крај и ќе мора да совладаме некој од Загреб или Металург...

Многу тежок испит, можеби и прва вистинска утакмица во која ќе се видат вистинските можности на тимов.
Не очекувам многу, дури мислам дека и матер ќе ни ебат.
Се надевам само дека ќе најдеме стрим навреме, пошто МТВ нема абер да пренесува, а имаше некои најави дека ќе има стримови.
--- надополнето: 3 март 2012 во 15:59 ---
nexe - vardar nedjelja 17.30 tv prijenos hrt2

Итре бил мечов да го ебам :place:
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Нека ја побара некој на балканспорт.инфо денес се бараат утакмиците за утре.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
bakigvg нека ја побара, он има контакти таму :D
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ракометарите на Вардар про уште вчера заминаа за Нашице, каде што в недела во рамките на СЕХА-лигата играат со Нексе, екипа што есеноска ја победија во Скопје и која успеа во двата меча со Металург да остане непоразена, забележувајќи по една победа и нерешен резултат. Иако мечот е в недела, вардарци порано заминаа на пат, ноќеска требаше да преспијат во Стара Пазова, каде што денеска ќе тренираат, а потоа ќе продолжат за Нашице.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B6EA6A1E06BA6B41964F69833C00B475
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ако Вардар загуби може да биде и петти пошто игра уште тешки утакмици со Татран на гости и дома со Загреб. Генерално битката за трето и четвро ќе биде помеѓу Вардар, Татран и Нексе со тоа што Вардар има блага предност со бодови.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
„Заминавме порано бидејќи не сакаме да ги оптоваруваме играчите со долг пат пред важниот меч со Нексе за пласман на фајналфорот“, објаснува тренерот Веселин Вујовиќ. „Според сите пресметки, за да бидеме меѓу четирите првопласирани екипи потребни ни се уште две победи од преостанатите пет средби. Нема да биде лесно да ги освоиме тие шест бода, со оглед на тоа дека имаме тешки противници. Играме со директните конкуренти Нексе, Кроација осигурање Загреб, Металург и Татран Прешов. По враќањето од Нашице, на 8 март во Скопје играме со главниот фаворит за титулата Загреб, а два дена подоцна со Извиѓач. До крајот на месецот треба уште да играме со Металург, најверојатно на 27 март, а пред тоа со Татран Прешов на гости. Две победи се неопходни за фајналфор, а со поволна разврска за нас можеби и една, но сега не размислуваме за тоа и ќе играме како да ни виси пласманот не некое од првите четири места, иако водиме на табелата“.

За Нашице од Вардар замина и новиот голман Страхиња Милиќ, кој дојде од Партизан. Популарниот Џамбо, кој ќе дебитира на голот во Нашице, треба да го замени репрезентативниот голман Борко Ристевски, кој замина во германски Гумерзбах. (М.М.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B6EA6A1E06BA6B41964F69833C00B475
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Се надевам Столе дека ќе игра, и дека новиов голман е бар приближно добар ко Борко....
И не е можно овака да ми се поклопат термините да не можам ни оваа со Нексе ни у четврток таа со Загреб да ги гледам... -.-
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
Се надевам Столе дека ќе игра, и дека новиов голман е бар приближно добар ко Борко....
И не е можно овака да ми се поклопат термините да не можам ни оваа со Нексе ни у четврток таа со Загреб да ги гледам... -.-
Четврток?
Мислам дека во сабота е мечот, на 10 Март.

Инаку да се позанимаваме малку со математиките.
На крај нерешениот резултат со Босна може скапо да не чини.

До крајот имаме уште 5 кола и ние и Нексе.

Дома играме 3 меча, со Извиѓач, Металург и Загреб, а на гости со Нексе и Татран.
Извиѓал сигурно паѓа, но реално овие други 4 меча ни се ептен гадни и можно е дури сда имаме 4 порази во овие мечеви.
Тоа би значело дека на крај би имале 44 бода.

Ако претпоставиме дека Нексе ќе не победи, тогаш во случај се друго да изгубиме, ќе треба да се молиме Нексе да загуби два од последните 4 дуели, или да изигхра нерешено и еднаш да загуби.

Освен со нас, Нексе игра уште со Борац на домашен, и на гости кај Ловќе, Сутјеска и Татран.
Според мене во Прешов имаат сигурен пораз, со Борац дома ќе биде занимлива утакмица, со Сутјеска лчесно ќе победат, па ќе ни остане во ваков случај да се молиме да кикснат во Ловќен. Ловќен игра одлично на домашен терен, така да може да очекуваме изненадување.

Многу важно ќе биде ако извадиме нерешено во Нашице или ако тепаме. Тогаш скоро 100% сме во фајнл-форот...

Татран на гости игра со Борац и со Црвена Ѕвезда. Со Ѕвезда сигурно победуваат, но мечот во Бања Лука не им е баш лесен и Борац може да победи.
Татран на домашен терен има само дерби утакмици, со нас, со Металург и со Нексе.

Да тепаа пешљациве со Нексе на гости, немаше да му ја мислиме сега. Сигурен сум дека и во Прешов ќе изгубат, пошто мислам дека тој меч ќе им биде во моментите кога ќе имаат згуснат распоред ради двомечот со Загреб во ЛШ.


Значи во моментов:

ВАРДАР 41
ТАТРАН 37
НЕКСЕ 33

Сите три екипи имаме по 17 меча!


До крајот: ДОМА ГОСТИ

ВАРДАР: Извиѓач Нексе
Загреб Татран
Металург

ТАТРАН: Вардар Борац
Металург Ц.Ѕвезда
Нексе


НЕКСЕ: Вардар Ловќен
Борац Сутјеска
Татран


Имаме голема преедност пред Нексе, не смееме да ја загубиме.
Аи битно ќе биде да завршиме пред Татран, за да не вкрстиме со Загреб во полуфинале.

Притоа Загрев сметам дека ќе бидат први, а Металург втори.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.055
^ http://www.facebook.com/events/360530590636511/
Дај боже во право да си и у сабота да се игра :)

Иначе ова математикава стварно ти иде :pos:
Ае да го ебам :D
И јас прво прочитав дека ќе се играло на 8-ми, ама после еден од Комбат рече дека мечот на 10-ти се поклопувал со меч на КК Вардар.
Па затоа претпоставив дека играме на 10-ти со Загреб.
А и мислам дека негде на друго место го прочитав истото.
Ќе видиме, мене повеќе ми одговара да е четврток :D
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес од 17:25 ќе имало пренос на ХРТ2.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.531
Поени од реакции
29.070
Сајбер се глеа дека си на математички, алал да ти е со математикиве :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom