Каков мерак ќе биде како што кажа Трупер, да им собереме титула на автокомандосине вака ко што се нафурани 200% по игрите во ЛШ
Назад на тема, ВАРДАР парче направи на натпреваров. Конечно проработи бековската линија Додер ги пробуши,само една утна 9 гола даде. Сајбер пиша, за пикери нема збор,кој сака може да ни се фати,ваква пикерска линија, со тројца ТОП зверки немаат и некои сериозни европски екипи. Нексе не знаеа каде да се свртат,шибавме од сите страни. Голманчето 21 година а колкав вол е бато, добар трансфер на Михо и Вујо, мислам пиша Skopje Rossonera дека нема да си оди како што се пишуваше за 3 месеци,него дека потпишал договор на 2 години. Супер ќе биде да остане,се гледа дека е потенцијал огромен,доста добро ги читаше.
Мое мислење е,а и верувам дека Вујо е свесен, дека треба со автокомандосите да играме главно преку пикер и крила. Тие можеби знаат да го чуваат Столе,но се гледа дека мајстор си е мајстор па очекувам екстра мотивиран да ги буши. И најубавото е што кога правиме ротација не се симнуваме од коњ на магаре како нив (ракчевиќ-димовски
) туку ќе се вртат Ратко и Никола,кој се екстра пикери. Сите знаеме дека нивните бекови се посилни од нашите па треба да бушиме по пикер и крила.
Одбраната денеска беше страшно добра,Мики е терминатор прав и е голем криминал што беше не беше земен за ЕП. За митков,кој прави искучувања ко луд,е измислен.
Се надевам на полна сала со Загреб,Combat во солиден број и јако навивање, и да гледаме како Мики,Столе и Абутовиќ го фрустрираат нападот на загрепчани.
после долго време важи : Игра магичноооо!